Ајде уште малку муабет. Може да бидат и корисни информациите, особено за оние кои уште не го запознале езерото (Пепи, Мики, Милчо, Самир, Тасим).
Да земеме во обзир дека мамецот игра голема улога во земањето или не земањето на истиот од страна на лисецот. Да оставиме кој колку удари имал на меморијалниот куп. Да видиме, од она што го запознавме, каков е теренот,
На меморијалниот куп се ловеше на цела лева страна (9 позиции) и една од другата страна. По ред.
Позиција 1 (кај крувчето) до сега ловеа Битолчаните и Крсте и Сале. Според исказите и она што и самите видовме, тоа е добра позиција со можност за ловење на различни далечини. Лесно се откриваат тревите и тука се вртат крупни риби. Се лови од многу блиску (20-30 тина м.) па и до 70-80 м. Лево кон патот подобро е да се заборави тој дел.
Позиција 2, 3 и 4 се слични со многу трева која е доста блиску до брегот (15-20 м.) со напомена дека кога се оди накај 4-ка тој простор малку се зголемува. Можат лесно да се префрлат тревите но на овие позиции гооолем проблем е ако удри да се извади.
Лично би ја ифрлил позиција 3 и заради комоција на ловење и заради терен. На сите позиции има два реда треви. Првиот ред се оние, гладано на сликите од ланската лига кои почнуваа од самиот брег, а сега, на овој водостој, се на 20-30 м. од брегот и се малку поретки. Па има празен шлиц од 5-6 метри (и тука на дното има закачки) и тој е на прв поглед таргетот за пласирање на мамците (покрај пласирањето на мамците пред првите треви). После тоа е џунглата од густи треви. Како паѓа водостојот ова растојание од брегот ќе се намалува.
Позиција 5 и 6 се слични со тоа што полека се зголемува растојанието на тревите од брегот (тревите се со исти слоеви=прв ред 30-40 м, па "чисто" едно 5-6 м., па џунгла). Овие позиции се исклучително лоши за поставување камп заради тоа што се на патот и се проаѓа директно низ боксовите. Лично би ја исклучил позицијата 6 (како за купот) заради ...
Позиција 7, 8, 9 и 10 (голден крап, Бабуна, Бест крап и Преспа крап хантерси ) се одлични позиции со истите карактеристики но со малку зголемено растојание на тревите од брегот. Се лови пред првиот слој (40-50 м.) и во мечутревниот простор до самата "џунгла" (големите треви). Позициите на брегот се супер за кампирање и боксови.
Позицијата 11 (од купот) кај мајстор Кајстор, а и Јане и Сале ловеа на оваа позиција, важи за една од најдобрите позиции на езерото (за сега), како за кампирање, така и за ловење. Проблем ќе биде отварањето на следните позиции од кај шумата, па може слободно да се заборави на ловењето надесно (кон шумата). Теренот е многу почист и овој дел е подлабокичок.
Според она што го видовме при бележењето позиции за чистење (со Предраг и Стојче) позициите во шумата се со многу подобри ловни површини во однос на другиот брег. Има помалку трева и за нијанса е подлабоко. Проблем се некои грмушки во самата вода блиску до брегот кои можат многу да сметаат за зафрлување и вадење риба. Веројатно ќе им се најде крајот со чистењето. Сепак препорака е секој да си земе секирче и доколку се извлече позиција со такви пречки на почетокот да се потсреди барем во водата. Скоро сите позиции кои сега се чистат се со слични карактеристики погоре опишани.
Последната позиција (кај рекичката) каде што ловевме со Стојче на тренинг, наоко е идеална, но искрено не би ја посакувал да ми падне. Има големи подводни пречки токму каде што се движи рибата. Рекичката со големите води донела се и сешто и тука во овој дел имате големи шанси да доживеете нервен слом од 20-тина удари а една две реализирани. Се губи и многу олово и јадици, а и препорака е после секое закачување и успешно откачување да се смени подвезот.
Како заклучок може да се генерализира дека на секоја позиција има две опции за ловење = пред првите треви и во просторот помеѓу "малите" (првите) треви и џунглата. Од изборот на мамци според "искрените" кажувања на што се ловеше не можеме да издвоиме фаворитни видови на бојли или пченка. Сите удари на меморијалниот куп беа на различни мамци и нема препораки од типот повеќе зема бојли на месна отколку на овошна или кремаста основа. Мене ми се наметнува заклучокот дека во ваква ситуација комбинациите би биле со предност пред клод бојлите. Некои форсираа и пченка.
Секој со своето. Некој можеби ќе лови и над големмите треви.
Би било коректно да се објави информација доколку се пориби со каков крап и колку. Тој нов крап не ист како стариот од езерото и би влијаел на подготовките и самото ловење.
Мислев дека овие информации можат да помогнат.
Ајде зајци и други шумски ѕверки. _________________ CARPE DIEM
|