Само како додаток.
Претходните сознанија за ревирот се од големо значење и имаат пресудни влијанија. Тињата беше едno од тие сознанија кои наведоа на избор на чод или хелихоптер системи иако мноштвото репрезентации ловеа со стандардни safety системи. Не видов некој да лови со inline систем. Проблемот е во целта да се подтигне далечина на ловење, а тињата е противник на таа цел бидејки се користат longcast олова. Нашите пробаа со некои плочкасти олова но имаа проблем со далечината, па се вратија на чодот или хелихоптерот.
Карактеристики на ловењето на Деседа на ова СП:
Стекнавме информации и видовме многу репрезентации како ловат. Најуспешните (Украина) воопшто и не сондираа, туку веднаш ги зафрлија мамците и прихраната. Добивме инфо дека лигата ја одржале токму на Деседа (не знам колку е точно). Истото го направија и Французите, а само некои од Романците.
Србите сондираа, но не длабочина, туку само дно.
Тимот на Србија кој беше во А2 сектор (Милорад и Добрица) победија во овој подсектор. Од она што го видовме и од разговорот со Мики дознавме дека тињата е различна по дебелина и густина. На некои 125 м. далечина имаше прелаз на потенок слоj во подебел, погуст слој тиња ("Запело нам олово за сондажу дна на 125м., заклипали и почели хранити на даљини 125-130 м., а рибу смо добијали на 135 м.). Колку е за верување не знам но Милорад се истрча и кажа дека ловеа на М1 бојла (во основа зачинска). Ова е само еден пример. Деседа немаше екстремни длабочини и сите го знаеа тоа.
Кај овој тим (остави посебен впечаток) приметивме како клипаа на 160-170 и на 135 м. Зафрлаа на 170м, отклипуваа и повлекуваа на 135 м. И имаа убави риби и голем број повлекувања. Ова како пример за комшиите да се фатат на мамката да забегаат на 170 (таму немаа удари).
Во Ц секторот Србите се обидоа и со zig-rig, но немаа некој резултат.
Предраг одлично забележа дека сите скокови на риби на почетокот не дадоа резултат. Најдобар пример беа Грузија во нивниот потсектор на топ позиција А26. Имаа ред високи трски по должина на десен брег и риби им се искршија од рипање на почетокот. Завршија со една риба од 1.930 гр. Иако третиот ден кај Васко и Предраг повторно зарипаа риби на 15 м. од брегот, немаа ниту еден удар иако Васко хранеше континуирано 3 дена на тоа место. Рибата не земаше блиску. Според сознанијата и информациите од сите сектори 90% ударите беа далеку. Кој подалеку повеќе успех.
Има толку многу да се пишува, но основното е дека овој спорт влезе во атлетски води. Се бара далечина, сила, издржливост, топ опрема и по мене најважно прав избор на мамци и прихрана. Сите веќе ловат далеку. Хрватите можеби најдалеку иако веќе се сомневам во тоа. Романците оставија најсилен впечаток. На почетокот некоја ракетка и толку. Продолжија само со кобри и бојли. Квалитетна топлива бојла од 24-26 мм (очигледно) која ја собра рибата и квалитетен мамец (A сектор 10 риби=40 кгр; B сектор 16 риби=81 кгр; Ц сектор топ 37 риби = 184 кгр.)
Ада Циганлија е поблиску, а е многу слична на Деседа (иако нема толку многу тиња). Моментално е празна и нема риби, освен некој редок примерок. Како ќе биде динамиката на порибување, никој не знае. Но ако не се искористи близината и не се посети доволно за целосна слика, пак ќе имаме проблеми. Да потсетам дека Украина лигата ја правеше на Деседа и станаа светски прваци. Затоа, оние кои планираат и организираат, по мое мислење, треба да го имаат ова во предвид. Најдобронамерно.