Ова Ицо што го организира на Паљурци е за поздравување. Нема муабет за тоа и ќе добие поддршка за истото!
Добро е да има купови што повеќе.
Се регрутираат нови деца што утре ќе почнат да размислуваат поинаку.
Јас и Тафта сме ти пример за тоа. Почнавме на Глобочица со натпревари и Ицо е еден кој ни пружи поддршка тогашната 2011/2012.
Тоа треба и ќе го направи и со овој куп на Паљурци за помладите.
Само напред!
Но зајко, за на светско треба повеќе. Треба пари пред се!!
Лигата е квалификација за едно од најголемите крапски случки на планатева. И треба да се пристапува поинаку.
Мора да си даде шанса и на оние кој се спремни да инвестираат време, знаење, енергија и најбитно ПАРИ!
За да одиме напред, ОВА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИГНОРИРА!
Ниедна вода, па ни Суки нема да не научи да фаќаме како што треба..НО, ќе ги натера екипите да вложат СЕ погоре.
3 кола 150кг храна.
1-во место ќе биде со 200 кг улов. Тоа е колку 3 кола кај нас.
Притосок од екипи, улов, бркање, 300 ракети дневно.....
Па имаш...Болка, издржливост, работа на мин 80-90 и млатење со голем спомб, фрлање на зиг, префрлање, барање длабочина, оса, топче, флуоро, прашок, чорба, каша, пелети...на 20 мин по 20-30 ракети...
Се спие по 2-3 саата ноќе.
Тоа е риболов кој треба да даде квалитет и пред се ОДЛУЧНОСТ на една екипа за да е компетентна да биде на еден голем шампионат!
Не мрдаме од дното бе зајак!
Суки секако беше во игра. 3-то коло секако беше договорено да влезе у календар.
Поентата е што вака со услов над 10+ се дава шанса на масовноста и натпреварувачите да одлучат!
Просто е - Останува се на натпреврувачите...или пецаш или не пецаш. Нема трето!
Така да овде сме сите за истото, само да научиме да се разбираме и поддржуваме. Никој нема интерес од ова.
Сите си ги трошиме паричките, никој не заработува ништо!
Здравје од догодина, ќе мора да се одвои лигава некако. Имаме голем проблем.
Тонеме, тонеме и само тонеме...