Поздрав и од мене до сите учесници, а пред се до луѓето кои се откажаа од комодитетот и беа и во улога на организатори, се акаа по езерото да мерат и сл...Мишо-Кременадла, Крсте, Диме и Гоце....Поздрав до сите учесници...Дружба како дружба релаксирано....убаво време да се очеша крастата како некој што пиша, да се проба нешто ново, да се усоврши техника на ловење, готвење, дружење и спиење
Езерото е прекрасно, позициите генерално ОК, ние бевме на 2-ка, и во наша околина ги следевме 1, 3 и 4-ка....од 1-3 немаше улов, а со оглед на тоа што и од другата страна од страна на браната повеке екипи немаа улов јасно укажува дека рибата не беше кон браната и од она што беше малку од скокови беа пред се во средина езеро...фактори за тоа се куп...
Од мене исто голем минус до концесионерот...но во една друга насока, а тоа е што не видов интерес од нив за ваквата дружба, за крапџиите како клиенти, да дојдат да пооздрават на отварањето, да поминат по боксовите, да ги прашаат луѓето да не им треба нешто, да чујат од луѓето забелешки и пофалби, да купат некоја идеја или совет за подобро концесионирање, конечно да дојдат на крај во ресторанот да ги поздрават учесниците и победниците. Од финансиски аспект инкасираа скоро 400 евра за еден куп неделни дозволи што беше уште еден голем аргумент зошто треба да бидат присутни меѓу клиентите. Тоа што им се шуњаа по некој кинез и локалец на тапа и тоа што од време на време им зимаат крапови за мене не е најстрашно, ако се има во предвид дека нема езеро и концесионер во МК кај кој не постојат вакви проблемчиња. Но гостопримството и интересот за дружбата и крапџиите од мене голем минус,
можат да одат кај Тасим на неколкудневен семинар на таа тема. Се надевам дека ќе стигнат до нив овие критики и ќе се подобруваат во иднина, а во исто време не мислам дека е во ред одма некои радикални изјави да се даваат, сепак луѓето држат убаво езеро и треба да им се помага за да станат подобри.
Za ova pocrvenetovo..debatiravme so zajakot vcera.Da imaa barem 10% entuzijazam i gostoprimlivost kako pogore navedeniot....ezerovo ke bese br.! na balkanov.
Vaka ostanuva samo da kazeme: Prekrasna druzba,so prekrasni luge okolu i gospod da ni e napomos vo liga 2016.(ke umreme od dosada)