Лигата може да стартува и крајот на Април. Поголема вода, помалку трева, рибата пред мрест покрупна и сл. Купот што го одржавме може да биде првото коло???
Се е можно ако се сака. Инсистирав на сектори токму од тие причини, а воопшто не е проблем да се направат. Му доаѓа како да е некоја висока математика ова со секториве. Не би требало никој да се плаши да лови на различни позиции и за подобри резултати, повеќе да се потпира на среќата. Му доаѓа како некој концензус во 4 кола два пати рај, два пати пекол. Веројатно ќе се согласиме со тоа се надзира и сознанието дека и во рајот има пекол но и во пеколот има рај т.е. и на едната и на другата страна има и подобри и полоши позиции. Но и за тоа постојат решенија.
После искуството од оваа година и запознавањето на езерото, можни се повеќе решенија кои би требало да го подобрат квалитетот и поголемата релевантност на резултатите. Тоа воопшто не значи дека и овие, од оваа година не се релевантни или нереални. Напротив.
Целта е јасна на сите, но не ми е јасно зошто толку голем отпор кон секторските поделби.
Edno e tocno a toa e sto Predrag go kaza 4 kolo povlekuva trosoci a so samoto toa i povisoka kotizacija pa ke nemase masovnost
Има логика но ајде да размислиме. 16 екипи х 100 евра се 1600 евра Јанко. Има повеќе од доволно за трошоци околу организацијата на лигата. Не е проблем ниту учеството на уште еден натпревар (викенд) т.е коло. Да имаше уште еден куп после меморијалниот мислам дека и повеќе од 16 екипи ќе се пријавеа.
Тоа е само мое лично мислење и став. Но сепак, натпреварувачка и МРФ решаваат.
Но за тоа, потоа, сега Шекспир го пишува третиот чин, а почнува со зборовите, "да се биде или да не се биде". Има некоја предност и спокојството кога не си во комбинација, но за жал, тортата ќе биде поделена веројатно меѓу 5, 6 екипи.