Jas kazav, tuka sum da pomognam vo sekoj smisol, ne barajte od mene magija, nemam magicno stapce, ama mozam da pomognam na dolgorocen plan vo pogled na unapreduvanje na na krpaskior ribolov, i da pomognam vo ramkite na moite moznosti !
Пак ќе го папаш. Гледам јас.
Дечки, Сергеј е еден од пионерите на овој спорт. За оние кои не знаат, а тепаат, во тоа време во МК немаше натпреварувачки крапски риболов. Знаејќи го, не му треба потпарол, но вообичаено е за нас да не си ги почитуваме вредностите. Иако лично никој никого не навредува (освен Емил кој еве повторно е изнервиран), не ни користат докажувањата на сите вистини за крапскиот риболов. Ни требаат сите, малку сме. Камо да се разбудат и Кокан и Мечо и Зоки и Тото, да се вратат во јатото и Даце и Јупи и Дени и сите од Виница, Охрид, Скопје .......
Кон темата
Не треба да се изгубат (најважно од се) Мишо, Крки, Диме, Тафта, Оливер, Дарко. Но, сепак е сопствена одлуката на секој да се натпреварува. Никој не живее и егзистира од крапското натпреварување. Но време е да се свати дека ако сакаме промени, треба МНОГУ ПОГОЛЕМА ПОСВЕТЕНОСТ на целото ангажирање.
Стасавме на добар степен кога доживеавме се да биде материјално покриено. Ете и полетавме.
Само за сите Вас информација дека една година молевме ангажманот на Мишо Христовски и МРФ да биде удирање печат (буквално), на давање паст на идењето на СП во Белгија. Се' друго сами си обезбедивме. Не го добивме ни тоа. Напротив, некој се јави во ФИПС да укаже дека ние сме дива лига. Во таа лига учествуваа сите македонски крапски вредности (Сергеј, Тони, Зоки С., Тото, Мечо, Кокан, Свето, Пепи, Ицо, Васил Сарамандов, Клисарот, Јонче, Јове ......)
Пак ќе има Лига и во 2016-та. Целата работа е дека мора да се прифати дека во однос на настапите на СП има промени. Дојде zig-rig, почна (уште од Белград) да се рани ненормално и круна во промените е да се лови на 140-150 м. Јасно е дека некои работи не ни се достапни, но по мене НАЈВАЖНО е промени во самата Лига т.е. колку е можно да се адаптира домашната приказна со онаа за на СП. Сергеј во тоа може најмногу да придонесе.