Со полн респект кон Ицо (ако крапот е водена лисица, нашиов зајак е мечка, ама на Аљаска) ние еднаш бевме дуо (2007 или 2006 год.) на Ада Циганлија и фативме 4 цверглани. Подобар и поуспешен партнер амин. Но, сега сме во други времиња и секој си оди по патот. Ицо си има долгогодишен партнер за респект со кој завршија околу врвот од листата на СП во Франција и се најзаслужни за одличниот пласман на Македонската крапска репрезентација во 2009 година.
За лигата има време цела зима, ЗДРАВЈЕ до пролет. Убава е климата и атмосферата, тоа е најбитно.
Околу храброста да се учествува. Колегата Васил сигурно не заборавил дека ми беше запретено дека со колегата Раде ќе ги исчистат пантолоните кај коленото и во 2009 год. во лигата на езерото Треска, ама ...
Знам што правиш Василе ама доволно ми жежи на газот и без таков предизвик да заглавам повторно. ЗДРАВЈЕ.
А дозволено ли е само со сподови да се учествува на натпреварите?