Не навлегувам повеќе во оваа патетика што се крена. Пишав таму поназад и стојам зад тоа.
Јас сум првиот што ќе критикува нешто што не чини.
Суки е вода која сум ја фаќал и се согласив за тоа со колегиве зошто знам дека после 3 кола таму, учесниците ќе зборуваат поинаку. Ќе гледаат на се поинаку...
А веќе зборуваат.
Лично се видов со неколку луѓе и ДА, веќе зборуваат.
Јас лани за 72 часа доживеав таму натпревар што не го менувам за 3 години лига што сум ги фаќаќл во МК.
Ова најсеризоно колку и смешно да ви звучи!
Па лани стигнавме со Крсте екипа која ни бегаше цели 100кг!!
Па ако тоа не натпревар, што е...? -1 тон риба се извади за 72 часа.
Како сакате мислете си вие....На крајот ќе си кажат сите учесници каква била лигата, а не Јане да кажуе ОБАЧЕ ЊАМА РИБА!
Па добро бре, па што ви кажува тоа?? - Треба да ЊАМАШ мозок да пишуеш секаде по фејсбук дека нема риба на Суки!!!
Али нејсе, еве финално - вака беше на состанок...
Присутни беа над 20 крапџии...Мечо, Васил, Сашо, Сергеј, Јане, Ицо, Даниел, Предраг, Јас, Тафта, Велијан, Марјан, Дуле, Мартин, Пепи, Кирца, Аце Вардар, брат му на Аце, Раде, Миха, Кире Брада, итн...
Добри 90% крапџии. Единствено Сашо и Кире брада не се натпреварувале во крапски риболов!
На ливче беа ставени луѓе кој беа предложени од присутните. Дел од нив веднаш се оградија.
Мечо прв се огради и рече дека тоа е работа за помлади и за луѓе со амбиции.
Предраг рече дека не сака повеќе да учествува во организација на лига натпревари.
За Јане искрено јас лично не се сеќавам дали сакал или одбил.
И да сакал, требаше да го изгласаат луѓето кој ги пишав погоре! - Така да....
Сите присутни имаа право да гласаат. Се гласаше за 4-ца, односно по 1 глас за 4-ца.
4-ца од причина што во комисијата влезе судијата Мартин (на предлог на Даниел) од Велес директно како 5-ти човек од судиската фела.
Исходот или редоследот кој добија највеќе гласови беше следен...
1. Сергеј
2. Тафта
3. Спаива (јас)
4. Мартин
Така да сите пресумции дека некој не наместил, дека некој се договорил или сл. се тотална измошљотина и глупоштина.
Кога падна дискусија за патека, Ицо го предложи Паљурци.
Јас лично го поддржав предлогот за Паљурци и дадов предлог да 2 кола се ловат на Паљурци, 1 на Суки.
Се беше во ред, но на првиот состанок на крапската секција дојдовме и до првите проблеми.
Доколку се одеше 2 кола на Паљурци, 1 коло на Суки ќе дојдевме до момент да се пријават над 10 екипи каде ќе треба да се организира 3-то коло мин 2 пати.
Капацитето на Суки е макс 12 екипи - ЗБИЕНО или 10 екипи - АКСИЈАЛНО!
Да претпоставиме дека ќе се пријавеа 20 екипи. Значи еден викенд да ловат 10, па друг викенд да ловат 10!
Е сеа како предлог (од сигурни извори) немаше да ни помине поради тоа што тогаш трошоците на федерација ќе беа каде каде ПОГОЛЕМИ!
Впрочем суштината е следнава:
2 кола на Паљурци (тоа оди со порибување) и ќе чинеше само порибување колку 3 кола на Суки.
3-то коло на Суки (на 2- пати), ќе кошташе/чинеше дополнително 600€.
А каде се трошковите за судии и делегат за 2-те колa плус.
Во игра беа и повеќе од 21 екипа...и тоа веќе беше неизводливо за добра организација!
Но, ПРОСТО Е - наместо 3 кола, ќе требаше да се организираат автоматски минимум 5 кола или малтене 2 лиги.
Ова немаше да ни помине на УО. За ова ќе требаше дополнително пари и беше премногу комплицирано.
Се зборуваше и за качување на котизација, но тоа исто така беше тешко изводливо!
Затоа крапска секција излезе со опција до 10 екипи - СУКИ, над 10 екипи - Паљурци.
Па нека одлучат натпреварувачите!
Ова пробавме да им објасниме на погоре споменатите кој ова го критикуваа веднаш, но немаше разбирање.
Просто нема конструкитивна дискусија. Просто нема разбирачка.
Наместо да седнеме и да разглобиме, сите почнаа со толку неиздржани критики да ми се смачи.
Што се не се изначитав и не слушнав. Па на СУки ми треба 50кг по коло храна, не пецам.
На суки ми е далеку и ќе ме кошта...Тамба Ламба!
А пазете, предлогот за Суки е официјален од натпреварувачите на здружението Вардар!
Се што требаше е да се пријават 11 екипи и лигата ќе беше на Пауљурци.
Но победи суетата, себепромоцијата, инаетот, егото и се останато од лоша човечка особина.
Се, освен разумот!
Нека ни е алал!
И тоа е, еве ви нешто повеќе од пластично ви пренесов.
Стојам зад ова 100% дека сето ова погоре е ВИСТИНА!
Како сакате сватете го, како сакате разберете...
Мене ова што исчитав како критики ми е страшно патетично!!
На крајот учесниците во лигата 2018-та ќе се изјаснат. Спремен сум да понесам одговорност ВЕДНАШ!
Јас лично го поддржав купот на Паљурци и учествував заедно со здружението со мала помош како пријател!
Го поддржувам и вториот куп, тоа е добро за регрутација и за подигање на атрактивноста на спортот во МК.
Но, се надевам дека секое лошо за добро ќе е.
пс. Повторувам, Суки не е предлог ниту мој , ниту на секција. Суки е официјален предлог за патека од Здружението Вардар! _________________ CT Asterix & Obelix
|