Еден мој комшија стар пензиониран крапџија ми најде една блага и една солена рецепта
.
Не сум себичен и ке ја споделам со Вас.
Еве како гласи:
-Крапот е многу итра и чудна риба.Секој за него сомнителен детаљ во храната или приборот ке го одврати да ја земе мамката. Мегутоа, поради тоа што тој сака благо, може да ви успее овој рецепт за крап.
Се земаат 4 лажици пченкарно брашно и 2 лажици пченично брашно, се мешаат и се варат. Се додава една грутка тан-алва или од ванила или од чоколадо и се замесуваат топчиња. Тие се ставаат во масло и во влажна крпа, а во овие жешки денови се чуваат во фрижидер.
Мамка со домат
Крапот јаде се што му се допага, а доказ за тоа е и оваа мамнка со црвен домат.
Земете две лажици пченкарно брашно и една лажица пченично брашно. Место да ги замесете со вода, ставете доматно пире или кечап и убаво соединете ги во маца. По формирањето, топчињата ставете ги во вода што врие, а потоа во ладна вода.
Незнам колку се добитни овие мамки не сум ги пробал но можеби ке се пробат.
Очекувам коментари и ваши размислувања.