www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Рибино Брашно
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=96&t=1942
Страна 12

АвторCOLON  martinMK [Сре Aпр 04, 2012 10:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Рибино Брашно

Ме интересира каде наоѓате рибино брашно.

Никаде нема веќе подолго време. Ме интересира билокакво рибино брашно.

АвторCOLON  flore [Сре Aпр 04, 2012 11:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибино Брашно

Vo Bitola vo edna prodavnica ima ribino brasno, ama gazdata veli deka ima poveke soino brasno vo pakovanjeto otkolku ribino brasno.Vo drugite prodavnici velat deka e zabraneto da se prodava.
Mozebi e podobro da koristis hrana za pastrmki , mirisa mnogu na riba i hrana za macki samo od riba
ne mesano so drugo.

АвторCOLON  martinMK [Чет Aпр 05, 2012 1:02 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибино Брашно

Работата е што рибиното брашно е од 70%-85% чист протеин, зависи какво е и од која риба.

Пастрмската пелета има околу 30%протеин, толку јас сакам да добијам во боилите на крај, што значи дека пастрмска пелета користење јок.

Сум користел 80% пелета + 20% врзувач за боили но не ми е тоа целта :)

Храна за мачки/кучиња итн.. исто се движи околу 25%-30% протеини.

Дека е забрането, не е туку си имаат проблем со складирањето, доколку не е складирако како што треба, почнува да се расипува и може да ги отруе животните кој го конзумираат.

Затоа државата наводно им го има забрането, пошто нејкат да го складираат во фрижидери него така на бафтанана го оставаат во шупи кој во лето достигнуваат и по 40 степени, па микробите во таква една жива материја си цутат.

АвторCOLON  Sportex [Чет Aпр 05, 2012 9:36 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибино Брашно

Месните брашна се одличен избор.

Проблем е што кај нас или ги нема, а ако ги има се најчество најнеквалитетните што можат да се најдат на пазарот.

Тоа што кај нас се продава е најевтиното за прихрана на стока кое се прави од остатоци од рибите, вклучително и коски.

Постојат исклучително квалитетни рибни и месни брашна, но кај нас многу тешко можат да се најдат.

Брашно од Харинги, брашно од Лосос, Бело рибино брашно, Брашно од Морска Јагула, Сипино брашно, потоа крвно брашно, крвна плазма, месно брашно од остатоците на телиња, крави, свињи и сл, кое што е има исклучително висока хранлива вредност но и скоро да е неможно да се најде освен во некои фабрики од месната индустрија.

Сите набројани брашна се со исклучителен квалитет, фина гранулација, и се разбира имаат и убава цена доколку успеет да ги најдете.

Нивната употреба од 10 до 30% во миксот е повеќе од доволно и во многу ја подигнува хранливата вредност и атрактивноста на вашиот микс.

АвторCOLON  martinMK [Чет Aпр 05, 2012 3:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибино Брашно

Мала корекција на мојот пост -

Работата е што рибиното брашно е од 65%-85% чист протеин, зависи какво е и од која риба.

АвторCOLON  ТафТабиТ [Чет Aпр 05, 2012 5:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибино Брашно

а да се користи чист протеин сто се користи за билдинг ?

АвторCOLON  martinMK [Чет Aпр 05, 2012 5:45 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибино Брашно

Whey Protein стануваат нестабилни на повеќе од 50 степени целзиусови и брзо се разлагаат кога ке сакаш да ја свариш боилата. Според мене џабе би трошел толку пари за нешто што ке отиде „пуф“ при варење.

А и онака сакам рибино брашно затоа што има специфичен мирис.

Инаку не е проблем да ја напукам боилата со протеини, наместо Whey Protein, ке си користам млечни протеини како Ацид Касеин, Ренет Касеин, итн...

АвторCOLON  Trasul [Пон Сеп 14, 2015 9:25 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибино Брашно

Рибинo брaшнo вo микс зa oвoшнa бoилa...
Дa? Зaштo и дo кoлку пoстo...
Не и зaштo не ?

АвторCOLON  Zoki rib.prikazni [Пон Сеп 14, 2015 10:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибино Брашно

expanda gold e ribino brasno..potoa super carpfishmeal e ribino brasno...
VDE so eden zbor

АвторCOLON  vasil [Пон Сеп 14, 2015 11:58 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибино Брашно

Зоки тоа што си го напишал се готови прихрани за лов на шаранови риби на VDE, колегата прашува за рибино брашно како додаток во микс за боили!
ПС. инаку прихрани кои содржат во себе рибино брашно на пазар колку сакаш!

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/