www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Proletni recepti boili i golemina na bojlata
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=96&t=1884
Страна 14

АвторCOLON  kircask [Пон Maр 26, 2012 2:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Proletni recepti boili i golemina na bojlata

Ovaa tema ja otvaram kako pocetok na sezonata na krapskiot ribolov, kako sto kazuvase Jane i mnogu drugi krapot e uste mlitav i bara nesto positno vo proletniot period. Pa predlozi sugestii po nekoja recepta, vo koi delovi na vodata da se bara vo proletniot period? Okolu prihranata (Krma ) se krmi so sitna bojla a i na takva se lovi. Proletnite aromi, ovosnite mislam deka bi trebalo da se najzastapeni vo proletniot period. Praskastata hrana pomesana so pcenka i konop bi bil isto taka dobar izbor za krma. Ako sakaat poiskusnite da kazat po zbor dva okolu proletniot period .

АвторCOLON  martinMK [Пон Maр 26, 2012 10:41 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Proletni recepti boili i golemina na bojlata

За Спод Микс користам

20% Пченка
20% Коноп
20% Шекерац
40% Храна за голуби

сето ова е сварено посебно, и искомбинирано во една кофа.

Крапот се бара во по плитките води, на вливови, помегу 50 цм - 3 метри на платоа кој се чисти, и се бара во по плитка вода до шавор. Исто така моќе да се бара каде има потопени дрва затоа што се чуствува сигурен.

Боили.. со околу 15-20% протеини максимум затоа што сеуште е спор метаболизмот повеке да се јагленихидрати, а масти сведени на минимум. За аромата не би сугерирал ништо затоа што нема правила. Аминокиселини секако во пропишани количини.

Големини на боили 14мм - 18мм, некогаш сум имал удари и на 22мм во пролет ако е топла водата :)

Поздрав,
Мартин.

АвторCOLON  Spaiva [Пон Maр 26, 2012 11:44 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Proletni recepti boili i golemina na bojlata

Сега на вратница го направив следното и резултатот беше само едно влечење на конец од 3-4 метри и константетн бип.
Користев следново:

Спод микс:

Мелена пченка
Мелен Сончоглед(ќуспе)
Карамела (топен шеќер)
Палента сварена во Карамелата
Арома по желба во миксот
Не ми е баш најизбалансиран, за следен пат ке пишам што ке биде. ;)

Боила 14мм (pop-up) и цук на влакнотот.
Ананас CC Moore, тоа е прво што пробав а ке пробам и со слива нареден пат.
И јас мислам пред мрест дека само лесни прихрани на основа со јаглехидрати.
Сеуште е мрзлив и од зимската хибернција е доста повлечен и статичен.
Јака овошна арома, ова е само мое мислење!!

АвторCOLON  Sportex [Вто Maр 27, 2012 10:46 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Proletni recepti boili i golemina na bojlata

Многу пати имав читано теории по списанија и на нет од разни автори и пишувачи, како крапот на пролет бил многу мрљав, млитав, неволен, слабо јадел и сл, па морало да му се понуди мал мамец, лесен, без многу маснотии и сл.

Иако и сам ловам скоро секогаш на поситни мамци, не сум баш убеден во оваа теорија.

Впрочем искрено кажано дебело се разуверив во една прилика кога на слободен риболов, под сончеви зраци од едно туѓо небо, кога сите имаа никакви или ептен слаби резултати, јас и мојот партнер, просто растуривме.

Во што се состоеше разликата помеѓу сите нив и нас?

Место? Искрено се сомнeвам, иако моето познавање на таа вода не однесе на сосема пристојна локација за риболов.

Знаење искуство? Боже, па таму беа присутни во моментот барем третина од светската крапска елита? Сигурно не знаевме повеќе од нив, пошто од нив учевме! Бекер, Сајмон Кроу, Тим Пејсли, Лее Џексон, Филип Лагаб, Масимо Мантовани и многу други?

Па каде ние погодивме а тие потфрлија?

Надевајќи се на топло време и на раздвижен крап, отидовме со боили од 20, 22 и 24 мм.

Повеќето на месна база, богати со масла и висока енергетска вредност.

Ловевме на две боили една поп ап и една стандардна, таканречена снешко монтажа.

Што се случи што ние растиривме а тие со денови чекаа на макар еден бип?

Имено, иако беше 24 Април датумот кога тргнавме, времето беше како за Нова Година.

Снег, ветар, минус 5 степени, катастрофа.

Неколку пати помисливме да се вратиме но за среќа не се одлучивме на таков чекор.

Времето беше такво во последните недела две пред нашето поаѓање, па сите риболовци, водени од гореспоменатат теорија, направиле мали ситни боили, со ниска енергетска вредност, во лесни ароми и хемија на алкохолна база.

Пошто ние нашите боили ги спремивме пред време и не се надевавме дека може да биде -5 на крај на Април и почеток на Мај, си направивме боили како за Гладни Крапови, кои разбудени од зимскиот сон, со празни стомаци, тргаат да кракаат сочни боили и соберат снага за престојниот мрест.

Пристигнавме на водата на 24/ти Април, вечерта преспавме, а утрината не разбуди прекрасно сонце и плус 25 степени.

Такво време се задржа до крајот на нашата риболовна вантура па ние поминавме со уловени повеќе од 600 кг риба за 5 дена, од кои 80% беа уловени во првите 2-3 дена додека не си се здосади, такаречено па почнавме дури и стапови да вадиме од вода за да можеме да одмориме малку, а за разлика од нашите колеги од кои 80% остаа без улов.

Крапот бил Мрљав на почеток на сезона ? Толку Мрљав што зима само ситен мамец, комбинација од една 20 мм и една 16 мм боила. Бил пребирлив и не сакал "тешки" боили, да така е нашите беа супер лесни.
Frankfurter Sausage, Shellfish-Strawberry, Monster Crab - Skopex, комбинации напоени со рибино масло и дип на маслена база, подуени од аминокиселински додатоци на месна база, со повеќе од пола месо во миксот, беа едни од најловните комбинации, а се неверојатно "лесни" боили од кои што може само да ти се поврати ако ги мириснете а па камоли да ги пробате.

Уште верувате во гореспоменатата теорија ? Јас лично не!

АвторCOLON  risteto [Вто Maр 27, 2012 8:04 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Proletni recepti boili i golemina na bojlata

Добро би било на името на темата да стоеше ,,и за која вода,, , затоа што мислам дека на секоја вода крапот има различни навики на хранење. Еве ќе ги земам за пример езерата Стрежево и Рек каде последниве 15год се надмудруваме со лисецот, се покажало дека најдобри пролетни мамци се: црвјата-бели ,црвени ,црни а на стрежево имало удари и на рипче и ларви. Е сега бидејќи од годинава сакам повеќе да се посветам на правење и ловење со бојли барам мислење од поискусните каков микс би бил подобар ако се земи во предвид погоре напишаното.

АвторCOLON  Млад Риболовец [Вто Maр 27, 2012 8:07 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Proletni recepti boili i golemina na bojlata

Ќе експериментираш,еве прашај Ицо продава евтин микс и хемија негов производ,ќе испробаш неколку и ќе видиш.

АвторCOLON  risteto [Вто Maр 27, 2012 8:10 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Proletni recepti boili i golemina na bojlata

Млад Риболовец НапишиCOLON
Ќе експериментираш,еве прашај Ицо продава евтин микс и хемија негов производ,ќе испробаш неколку и ќе видиш.
Па повеќе би експериментирал, така би било по интересно ;)

АвторCOLON  Млад Риболовец [Вто Maр 27, 2012 8:15 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Proletni recepti boili i golemina na bojlata

Епа не чекај контактирај зајаков велешки :D како што знам утре доаѓа за Битола,право и ќе ти донесе што ќе си порачаш

АвторCOLON  howitz [Вто Maр 27, 2012 9:24 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Proletni recepti boili i golemina na bojlata

Одлична против-теорија на Спортекс за крапот и за неговата млитавост во почетокот на пролета. Искрено и јас не верувам дека е млитав и дека е спор. Можеби затоа што сите одат на 16мм и „лесни“ спреми утињаат и сеуште веруваат дека е млитав. А тој пустиот си бара „тешка“ боила.

АвторCOLON  Krki [Вто Maр 27, 2012 9:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Proletni recepti boili i golemina na bojlata

Jas mislam terba da go pogodis mestoto ipak taa riba seta - migrira i zatoa treba da pripazis na teren a ne na golemina na boila.

Страна 14 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/