Точно е дека се распаѓа, бидејќи е топива. Онаа за прихрана. Онаа ловната, не се распаѓа така како што се мисли, башка, обвиена е со паста. Дајте ваши состави и примери. Тоа е едеукација, а кој сака да проба бујрум, па ќе праиме муабет.
Целта на топива бојла е лесен пласман на прихрана со скоро идентичен состав со ловната бојла и брза реакција на хемијата и особено миксот кој е лесен и брзо разградлив. Не можете да мешате zig-rig со топива бојла. Зигот е посебна, мошне тешка приказна и нема врска со ловење на дно. Други се мамците, прихраната, работата е далеку потешка. За Франција и двете солуции се неопходни, барем така кажуваат информациите.
Да повторам, има топива за прихрана (многу е блиска до прашкастите топки на Зоки-Пакунг
) и има состав кој треба да биде брзо разградлив и нормално ловна, со малку, повторувам, малку поразлична од онаа за прихрана. Разликата е во поспората топивост и колку толку сочувување на формата на ловната бојла. Затоа служи и пастата која се обвиткува околу бојлата. И хемиски, двете бојли, не се исти. Малку "потенка" е онаа за прихрана. Романците користат два вида, Еден е со Јагода и скопекс, а другиот им е со squid, E12 i sicret agent. Непроверено и врз основ на искази на нивни крапџии.