Има 3 основни бази на ароми, и тоа: Алкохолна база, Пропил Гликол/Глицерин, Масло.
Алкохолните ароми најчесто се користат за ладните месеци затоа што многу полесно се мешаат со ладната вода одколк другите бази. Со тоа и нај не трајни се во топла вода, но тоа незначи дека не се ефективни.
Пропил Гликол(ПГ) или Глицеринска база на ароми се користи најчесто во потоплите месеци но и моќе да се користи и во ладните месеци затоа што (ПГ) и Глицеринот се видови на алкохол кој потешко се раствораат во вода, и имаат поголема специфична тежина од водата па така во првите саати прави слој околу хранилиштето за потоа да почне да се издига во повисоките словеи на водата а и со тоа ширејки се.
Третата база на масло се користи во топлите месеци затоа што маслото не се раствара во водата туку почнува да се шири хоризонтално при тоа да се загрее и да почне да формира емулзија која тоне и се шета низ водата цело време.
Постојат и комбинации од овие бази кој се наменети да се дополнат во своите недостатоци, како на пример алкохол+масло формираат вид на арома која го покрива скоро секој слој од водата каде што е мамецот.
За аромите речици и нема правило која кога треба да се користи затоа што се се сведува на како е третирана водата со ароми и колку рибата таму е навикната на една или друга.
Имено постојат многу произведувачи на ароми, меѓу кој едни од најдобрите се Solar, Richworth, SBS, CCMoore, Nutrabaits, Rod Hutchinson ... Сите овие произведуваат (мешаат видови на ароми) кој се произведени од големите светски производители како Firmenich и Esarom.
Сум ги користел сите од горенаведените форми но најголем впечаток ми оставиле:
Solar:(Естерите се алкохолни)
Esterblend 12
Squid & Octopus
Caramel Toffee
Ester Cream
Nutrabaits:(Елит гамата скоро сите се ПГ)
Salmon Elitte
CCmoore: (скоро сите се ПГ)
Frankfurter
Squid
Smoked Herring
Rod Hutchinson: (ПГ)
Mulberry Florentine
Сум користел и ароми за кондиторски производи од Етол Словенија, и тоа Банана, Јагода, Путер, а од Есаром Валила Крем, и тоа во концентрација од 1:1000, и се дозира од 6-10мл на 10 јајца микс.
Обично кондиторските ароми се продаваат во големина од 1 литар т.е ако се густи 1кг, и во јачина од 1:1000.
Цените на етол се движат од 1000 ден литар до 2950 денари.
Од лично искуство за кондиторските ароми можам да кажам дека споредено со ароми на јагода, банана, путер, ванила, чоколадо итн. специјализирани за крап на комерцијални води не сум увидел разлики.
Исто имам користено и прашкасти ароми од еасром кој се наменети за сладолед, и функционирале ненормално добро во пролет и есен, Притоа се супер за прашкасти дипови, со додавање на шелатин 30% и 30% нишесте, перфектно се прави сув дип.
Притоа до ден денеска користам кондиторски ароми и исто така и специјализирани ароми од реномираните фирми.
Поздрав,
Мартин. _________________ ЗСРРК Мак Дам
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport
|