Експанзијата на крапскиот риболов исфрли на пазарот многу производители на опрема кои предложија огромен број на свои производи, голем дел потребни , добар дел барем за мене непотребни. Но секој си прави проценка околу тоа.
Од поголемиот арсенал на крапска опрема која ја имам одделив некои ситници кои навистина ми вршат работа во ова мое хоби, ми го олеснуваат на свој начин риболовот.
За што поточно станува збор
Ова ми е омилениот дел од приборот, имам неколку бројки бидејќи често ги губам во трева. Ова е сајличка со која експресно го вденувам конецот низ цревцето.
Кога се користи монофил 0,35 работите може да станат и без ова , ама кога користите 0,30 или 0,28 а уште и цревце од 1мм тогаш работата станува озбилна и без ова ме доведува до лудило.
Монтирате боила на влакното, сакате да додадете уште половина или уште една но должината на влакното не го дозволува тоа.
Вистинско решение се овие стопери за продолжување на влакното , ги има во неколку должини
Не дека неможе да си врзете соодветна должина на влакното но со ова мало помагало тоа се прави многу брзо без да размислувате за должината на влакното
Лесно симињање на покритието на поводите а од другата страна кука за затегање
Е за ова долго си мислев дека е една од глупостите која производителите сакат да ни ја поттурат но не било така. Бидејќи често одам сам по риба ова многу ми помага мрежата на кепот да не ми потонува во вода, полесно ја прифаќам и ја вадам рибата.
Ова е само еден дел од убавите ситници( барем за мене) кои Јас ѓи користам, на некого ќе му се допаднат , на некого не. Се е до вкусот и гледање на работите !