www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

ДУШЕЦИ (Матови)
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=95&t=2272
Страна 12

АвторCOLON  howitz [Вто Jун 26, 2012 8:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  ДУШЕЦИ (Матови)

Вака, некаде некој спомна дека има изработено или веќе има во план да направи душеци/матови за прифаќање или легнување на крапот кога ќе биде изваден од вода како не би дошло до негова повреда итн.

Домашна изработка на матови можеби и не се исплати меѓутоа добро е да се знае дали некој воопшто има направено или веќе оние што ги имате каде и која цена ги имате набавено.

Овде веќе има развиено една дискусија со Тафтабит и Кирца http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?p=56401#p56401

Она што ми доаѓа на ум е стиропор со водонепропустлива материја, шушкава или горе текс. :)

[ img ]

АвторCOLON  martinMK [Вто Jун 26, 2012 10:37 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Душеци, Матови

Ке побарам рефус стиропор топчиња, за да може да го напуниме полегнувачот.. и јас имам на дума да си напраам еден екстра голем..

АвторCOLON  howitz [Вто Jун 26, 2012 10:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Душеци, Матови

martinMK НапишиCOLON
Ке побарам рефус стиропор топчиња, за да може да го напуниме полегнувачот.. и јас имам на дума да си напраам еден екстра голем..
Тоа се мислам Мартин, некако ќеф ми е да си направам јас свој, плус со стиропорот нема да смрди и да упива вода и ем подобар ќе биде за пакување, ајде може да направиме еден туториал како да се изработи.

Деновиве ќе појдам да купам некој материјал :)

АвторCOLON  martinMK [Вто Jун 26, 2012 10:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Душеци, Матови

Можее :) Договорено :)

АвторCOLON  howitz [Вто Jун 26, 2012 10:50 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Душеци, Матови

Мислам дека оваа варијанта е најдобра за домашна изработка

[ img ]

Лесно би се пакувал со шевовите во средина, и стиропорот би дошол рамномерно во секоја мембрана, што мислиш ?

Дури може и футрола да му се направи или чичак трака, да се украси :)

АвторCOLON  kircask [Вто Jун 26, 2012 10:54 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Душеци, Матови

Kremenadla od forum go upativ kaj covekot, pravese kombinizon i futrola za parabolici pa koj saka polegnuvac neka pojde kaj covekot neka mu dade zamisla i dumenzii i toj ke bide realiziran.

АвторCOLON  ТафТабиТ [Вто Jун 26, 2012 10:56 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Душеци, Матови

kircask НапишиCOLON
Kremenadla od forum go upativ kaj covekot, pravese kombinizon i futrola za parabolici pa koj saka polegnuvac neka pojde kaj covekot neka mu dade zamisla i dumenzii i toj ke bide realiziran.
море , нели ке прашаше и ке пишеше на форум за полегнувачите ....

АвторCOLON  vasil [Вто Jун 26, 2012 11:01 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Душеци, Матови

Имав душек на Пелцер , убав но по едно време ми се виде многу голем , го продадов и купив еден помал на Гарднер.
По неколку риболова и тој ми се виде мал па го купив ова чудо на Гарднер,жена ми кога го виде само прокоментира: Знаев дека си луд , ова е уште еден доказ :mrgreen:

[ img ]

ПС. ако немате кола со голем багажник - не го купувајте :D

АвторCOLON  howitz [Вто Jун 26, 2012 11:12 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Душеци, Матови

Васил ова е цела спална еј :))

Нешто пристојно не многу надувано, да е мекано и да не цица вода и мирис, горетексот е супер мислам, или шушкава материја :)

Предизвик ми е, ќе направам едно затоа што навистина е потребно некогаш на вода па дури и за најмалата риба :)

АвторCOLON  vasil [Вто Jун 26, 2012 11:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Душеци, Матови

Па ова што го покажав е супер пристојно , супер однос кон крапот :D :D :D :D
За миризбата - избриши си ја таа идеа , секој матерјал се вмирисува !

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/