Спомбот го има во две варијанти....првата (постарата)-што тоне,е по неа се плаче
...направена е од некоја пластична мешавина што е тешка и тоне во водата,ако случајно ти се скине при фрлање можеш да останеш на брегот и плачеш по неа..
.!!и втората варијанта поновата,Спомб што плута над водата,значи и ако ти скине пак останува над вода па ако имаш поволен ветер,или ако е водата доволно топла за пливање ја спасуваш гарант...ако не ќе усреќиш некој друг
Во секој случај уште еден сувенир во крапскиот прибор....ја имам 2-3 години а сум ја користил 3-4 зафрлања....значи за мене не е практична...треба да внимаваш при полнењето,напред да ставаш потешки партикли а позади полесни за правилно летање..(или ја дополнуваш со вода)..никогаш не можеш да ја наполниш како што треба поради начинот на отварање-затварање....и кога паѓа во вода ако не е усмерена со ниско зафрлање(да клиза по вода кога ќе паѓа),а не смееш поради отварачот...прави огромна галама(големата Берта
)...
Кој како си сака ама за мене број еден се ракетите на Корда, Skyliner и Skyraider...број два се хрватските Ugo,поради начинот на откачање и враќање на ракетата,се превртува и враќа со шпицот према тебе,па не ти треба посебна техника за совладување за да ја држиш над вода кога ја собираш,а богами не е лесно ако храниш на поголеми дистанци и обилно....ланска година земав и од Карп Систем копија на Уго само дупло поефтина...
Сега одлучете се...спомбот за мене е непрактичен,а другите варијанти се поефтини и далеку попрактични..