Дали и овај форум треба да се направи како други некои форуми каде ако напишеш нешто за поефтина опрема од shimano daiwa fox delkim itn . веднаш да се бришат постовите????????
Еве јас имам стапови кинески ПроСтар, машинки Окума, сигнализатори кои немаат ни име, свингери кои ги купив 150ден род под исто кинески, и сега дали јас сум глуп ??? треба да ми докажувате дека тие не чинат , не мора, јас знам дека не чинат!!! меѓутоа толкав ми е џебот . Бидејќи темата е за свингери хенгери еве ќе ви кажам баш за тие што ги имам од 150ден , точно дека воопшто не се квалитетни и грдо изгледаат но гарантирам дека си ја бркаат 100% работата за која се наменети, никогаш сум немал проблем кога сум повлекол лесно да не се откачат и дури и фино се штелуваат па ако сакам и при посилен ран сами можат да се откачат. Е сега ако не ви се допаѓа што имам таква опрема и поради неа не сум доволно крапџија БРИШЕТЕ!
поздрав
Колега во што е проблемот ? Неколку пати ѓи препрочитав постовите и никаде нема напишано дека треба да се лови само со скапа опрема . Треба да се разграничува квалитетната од копијата која условно кажано е добра.
Јас не се срамувам затоа што на времето наместо свингери користев киндер јајца, кога се нема и импровизацијата е добра.
Како мислиш Ти да дојдеш до квалитетна опрема ако не се форумите и мислењата на колегите кои се со поголемо искуство? Грешките во крапскиот риболов се помножуваат со три, три трски , три машинки, три сигнализатора , три свингера.
Најлесно е да не пишуваме , нели , гледај си сеир од страна и свиркај си !
Проблемот е во тоа што поголемиот дел од постовите во крапскиот дел се препукувања наместо конструктивни разговори освен поголемиот дел ваши чичко Васил , на Спортекс, на Ицо кога не се расправа со некој, и на неколку др. кои се поретко пишуваат, а модераторите треба малку по трпеливи да бидат
не треба да има закани ,,ќе бришам,, не вкусно изгледа ,ако има навреди или нешто не е според правилата треба да се бриши , меѓутоа треба да се земи во предвид и дека секој не го бидува интелектуално да се изразува.