Колеги на форумов секој си дава свое мислење, добро е што имаме можост за разговор, кој колку и да е добар или не, на крајот се потврдува во пракса, значи нема потреба од инсистирање да се одбрани својот став, туку едноставно си кажувам став, сите читаат, си проценуваат и во пракса проверуваат. Така што бидете флексибилни во однос на овие работи, честитки за секој кој нешто купил, ефтино, скапо, марка или не, конечно секој има можност овде да прочита и теоретски да се спреми пред да купи нешто, кога веќе ќе го купи, тогаш ќе види што е добро или што не чини на тоа што го купил и понатаму ќе си го користи, или ќе го смени, така е тоа за се во животот, па и за свинериве.......јас сум купил најефтини свингери како што кажав и еве веќе 3 години со свингерите не сум имал никаков проблем, незнам ни дали имаат марка, како што пиша некој претходно, отежнуваат, добро го прифаќаат конецот, нормално излегува конецот при контри и нема да ги сменам додека не наидам на проблем од нив, сепак ова не значи дека некој друг немал некој проблем, јас си кажувам за мене.......во исто време неколку пати сум фаќал и со оние свингери со ланче, исто така од најефтините, ама кај нив сум увидел проблем и веќе не ги користам, проблемот кај нив е што ако дува ветер ланчето се ниша и може од време на време да дава лажни сигнали на сигнализаторите и безвезно титкање, така што ваков модел на свингер со ланче, па и најскапи да бидат и златно да е ланчето, сепак е ланче, никогаш веќе не би користел.....значи еве два примери каде за мене лично, праксата ме научила, што е добро, а што не чини
|