www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 3:29 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS7»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Заплеткување на предвезот
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 20, 2012 9:16 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Еден од најголемите проблеми при зафрлање особено кога се лови на поголеми далечини е заплеткувањето на предвезот околу основната линија. Ако се има во предвид дека во моментот на полетување на оловото тоа има забрзување и до 220км. тогаш не е тешко на се сфати што се може да се случи со крајните 20см. предвез, лета на сите страни неконтролирано и за жал многу често знае да се заплетка на основната линија. А Ние си чекаме и си чекаме .
Користам неколку начини за да го избегнам ова заплеткување и од искуство веќе сум си изградил и некое мислење.
Верувам дека ова што ќе го напишам многу од Вас веќе го знаат но може да има и нови колеги кои навлегуваат во водите на крапскиот риболов, токму за нив е и наменето.
Се извинувам за лошиот квалитет на снимките , изгледа време е апаратот да се смени.
Почнувам по ред со коментар под секоја слика

[ img ]

Што се е потребно за овој предвез
- јадица
- матерјал за предвез(монофил или плетеница)
- осмица ( Јас користам осмица која на едниот крај има завршеток за брзо сменување на предвезот )
- конусно силиконско цревце

[ img ]

Почнуваме со врзување така што прво го провлекуваме предвезот низ увото на јадицата и тоа од внатрешната страна и на крајот врзуваме окце

[ img ]

Кога ќе определиме колкава да е должината на влакното ( делот кој ке стрчи под јадицата ) мотаме околу вратот на јадицата се додека не сме во една линија со врвот на јадицата ( како што сум покажал на снимката ) се враќаме со едно две навивки назад и предвезот го протнуваме повторно низ окото на јадицата но сега од надворешната страна.
Затегаме малку и со тоа врзувањето на самата јадица е завршена.

[ img ]

Определуваме колку да е долг предвезот и го отсекуваме , увлекуваме силиконско конусно цревце

[ img ]

Врзуваме окце на крајот на предвезот и на тој начин лесно го монтираме на карабинката или по потреба брзо го заменуваме со друг

[ img ]

За крак ја повлекуваме осмицата така што едниот крај да влезе во долниот дел на оловото , силиконското конусно цревце го подигаме нагоре се додека не го покрие вторио дел од осмицата.
На овој начин постигаме една крута врска во овој доста осетлив дел од целиот систем каде што само оловото го дели предвезот од најлонот околу кој цесто се заплеткува.
Се надевам дека барем малку ова ке е од полза на младите колеги.
И уште нешто , никогаш не брзајте кога си ги работите системите, тие се најосетливиот дел од целата линија.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Заплеткување на предвезот
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 20, 2012 9:28 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
odlicno objasneto..

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Заплеткување на предвезот
ТемаИспратеноCOLONСаб Јан 21, 2012 12:32 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
Posebna vrednost imaat vakvi objasnuvanja zatoa sto covekot se potrudil toa da go slika i napravi a ne da go kopira od druga strana na internet....okolu predvezite i izborot zapletkuvanjeto go sprecuva pokrut predvez

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Заплеткување на предвезот
ТемаИспратеноCOLONСаб Јан 21, 2012 1:47 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
За да не се заплеткува предвезот околу основниот најлон јас мислам дека е најдобро да користиме термо бужур.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Заплеткување на предвезот
ТемаИспратеноCOLONСаб Јан 21, 2012 6:33 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Може ли да поjaсниш во коj дел од предвезот би го користел термо божурот за да системот не се заплеткува.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Заплеткување на предвезот
ТемаИспратеноCOLONСаб Јан 21, 2012 2:18 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
Ако предвезот е 20см,од страната на оловото би ставил околу 15см термо божур.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Заплеткување на предвезот
ТемаИспратеноCOLONСаб Јан 21, 2012 2:40 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Вакви работи фалат по форумов.. :!: :idea: А не мрсење муда,ја вака,ја онака...Браво за Васил,одлично објаснето.

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Заплеткување на предвезот
ТемаИспратеноCOLONСаб Јан 21, 2012 2:54 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
Млад Риболовец НапишиCOLON
Ако предвезот е 20см,од страната на оловото би ставил околу 15см термо божур.
А да си земеш предвез со силиконсо покритие и да не те боле главата

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Заплеткување на предвезот
ТемаИспратеноCOLONСаб Јан 21, 2012 3:42 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
Dimitar a sto da napravi ribar kako nasiot Mlad ribolovec koj primer nema 10 evra da kupi takov predvez

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Заплеткување на предвезот
ТемаИспратеноCOLONСаб Јан 21, 2012 4:04 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
filip030682 НапишиCOLON
Dimitar a sto da napravi ribar kako nasiot Mlad ribolovec koj primer nema 10 evra da kupi takov predvez
Не се тоа 100еу,да ги собира по 30ден. до почеток на сезона ке си купи 20м убав предвез,ако не јас ке му поклонам :D

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS7»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 8 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum