Еден од најголемите проблеми при зафрлање особено кога се лови на поголеми далечини е заплеткувањето на предвезот околу основната линија. Ако се има во предвид дека во моментот на полетување на оловото тоа има забрзување и до 220км. тогаш не е тешко на се сфати што се може да се случи со крајните 20см. предвез, лета на сите страни неконтролирано и за жал многу често знае да се заплетка на основната линија. А Ние си чекаме и си чекаме .
Користам неколку начини за да го избегнам ова заплеткување и од искуство веќе сум си изградил и некое мислење.
Верувам дека ова што ќе го напишам многу од Вас веќе го знаат но може да има и нови колеги кои навлегуваат во водите на крапскиот риболов, токму за нив е и наменето.
Се извинувам за лошиот квалитет на снимките , изгледа време е апаратот да се смени.
Почнувам по ред со коментар под секоја слика
Што се е потребно за овој предвез
- јадица
- матерјал за предвез(монофил или плетеница)
- осмица ( Јас користам осмица која на едниот крај има завршеток за брзо сменување на предвезот )
- конусно силиконско цревце
Почнуваме со врзување така што прво го провлекуваме предвезот низ увото на јадицата и тоа од внатрешната страна и на крајот врзуваме окце
Кога ќе определиме колкава да е должината на влакното ( делот кој ке стрчи под јадицата ) мотаме околу вратот на јадицата се додека не сме во една линија со врвот на јадицата ( како што сум покажал на снимката ) се враќаме со едно две навивки назад и предвезот го протнуваме повторно низ окото на јадицата но сега од надворешната страна.
Затегаме малку и со тоа врзувањето на самата јадица е завршена.
Определуваме колку да е долг предвезот и го отсекуваме , увлекуваме силиконско конусно цревце
Врзуваме окце на крајот на предвезот и на тој начин лесно го монтираме на карабинката или по потреба брзо го заменуваме со друг
За крак ја повлекуваме осмицата така што едниот крај да влезе во долниот дел на оловото , силиконското конусно цревце го подигаме нагоре се додека не го покрие вторио дел од осмицата.
На овој начин постигаме една крута врска во овој доста осетлив дел од целиот систем каде што само оловото го дели предвезот од најлонот околу кој цесто се заплеткува.
Се надевам дека барем малку ова ке е од полза на младите колеги.
И уште нешто , никогаш не брзајте кога си ги работите системите, тие се најосетливиот дел од целата линија.