www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Риболов со макара на голема длабочина (кефалонија) http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=8&t=2438 |
Страна 1 oд 2 |
АвторCOLON | Spaiva [Саб Aвг 11, 2012 7:06 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Риболов со макара на голема длабочина (кефалонија) |
После 2 сесии на спин каде исчашив рамо од фрлање и акање по карпи каде 2-пати ке изгинев, ми умре желбата да фатам риба на море. Така вториот пат сопствениците на куќата кои беа екстремно фини и најдобри луѓе што ги познавам од грција ме поканија на риболов кој беше доста конвенционален но доста ефикасен. Едно утро се враќам со спинот потиштен и разочаран. Човекот ми се изнасмеа и ме покани со син му да одиме на риболов со макара. Нормално се согласив и првата недела која идеше за 2 дена тргнав со нив. Бев доста возбуден, ми рекоа дека може да доживеам морска болест и да си земам само вода. Така и беше...во чамецот рано и цепање на 3-4 км од брег на длабочина од 100-тина метри. Почна да ми иде лошо, но се воздржав и ми помина па среќен таков се фикнав на ловење. Принципот доста едноставен, но сепак бараше доста спретни раце и никако мрдање со нозе. Едно мрдање со нозе и уплетка конец од 100м., па после оди отплеткај се. Мора да напоменам дека е и доста напорно, цело време влечеш нагоре додека за спуштање мора рацете да се во паралелна положба за да не дојде пак до плеткање. Се состоше од монофил доста дебел 50-ка (околу). 3 јадици 6-ки, и олово околу 100-120гр. Ловевме на ракчиња. Спушташ оловото и го чекаш да падне на дно. Штом се спушти, затегаш со прстот и чекаш удар. Попушташ цело време за да оловот остане долу. Сепак чмецот не е инертен и мораш да калибрираш. Еве некоја слика и видео... Сепак фино искуство и начин на риболов кој можеби никогаш немаше да го применам. Сликите и видеата се од телефон (извинување апартот ми го запленија жени и неможев сабајлето да го најдам). Еве и некоја панорама од островот... Бистро!! |
АвторCOLON | ico baits [Саб Aвг 11, 2012 7:09 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Риболов со макара на голема длабочина (кефалонија) |
na zdravje odmorot, stvarno neznaes kaj da otides |
АвторCOLON | okiribar [Саб Aвг 11, 2012 7:12 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Риболов со макара на голема длабочина (кефалонија) |
КАКО ПРВО ДОБРЕДОЈДЕ Убав Одмор сте направиле ОВА ГО ЧЕКАВМЕ цело време. -----МЕРАК------ што да кажам Убавина секоја чест колега. БРАВО УШТЕ ЕДНАШ |
АвторCOLON | Spaiva [Саб Aвг 11, 2012 7:14 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Риболов со макара на голема длабочина (кефалонија) |
Фала момци...Ицо и Оки. Да одите и да не се мислите. Овој одмор ме кошташе доста крапска опрема...но не жалам за ни еден денар што го дадов!! |
АвторCOLON | okiribar [Саб Aвг 11, 2012 7:23 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Риболов со макара на голема длабочина (кефалонија) |
И да не жалиш ДИМЕ за парите. Опрема ке купиш годинава ама на одмор ---ДОГОДИНА-- здравје. |
АвторCOLON | spiro_jas [Саб Aвг 11, 2012 7:33 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Риболов со макара на голема длабочина (кефалонија) |
браво димка одлично риболовно искуство ова е уште еден доказ дека риболовот е спорт со доста доживувања и доста стекнати пријателства пс- ми личиш како во филмот СТАРЕЦОТ И МОРЕТО |
АвторCOLON | SALE CARP [Саб Aвг 11, 2012 8:27 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Риболов со макара на голема длабочина (кефалонија) |
Димко да не жалиш за одморот,млад си ќе спечалиш и ќе купиш опрема Ех да можам сега јас барем едно 5 дена да отидам на тој пусти одмор |
АвторCOLON | ico baits [Саб Aвг 11, 2012 8:32 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Риболов со макара на голема длабочина (кефалонија) | |
Димко да не жалиш за одморот,млад си ќе спечалиш и ќе купиш опрема
jas na takvo mesto odma se zenam
Ех да можам сега јас барем едно 5 дена да отидам на тој пусти одмор |
АвторCOLON | Spaiva [Нед Aвг 12, 2012 1:55 am ] | |||
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Риболов со макара на голема длабочина (кефалонија) | |||
Димко да не жалиш за одморот,млад си ќе спечалиш и ќе купиш опрема
Сале, зарем треба да докажувам што треба да одбере човек. Ех да можам сега јас барем едно 5 дена да отидам на тој пусти одмор Си бара одмор душата, налет нека оди се друго...
jas na takvo mesto odma se zenam
Па не си далеку од вистината Ицка.
пс- ми личиш како во филмот СТАРЕЦОТ И МОРЕТО
Остарев Спирка и јас, само уште сабјарка да фатев.
|
АвторCOLON | Bobi_Brada [Нед Aвг 12, 2012 3:02 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Риболов со макара на голема длабочина (кефалонија) |
Која марка ти е СИНАТА машинка на видеото и колку лагери има |
Страна 1 oд 2 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |