На рибарење ме носеше овој батка, веројатно негови се повеќето видеа на youtube за тој крај од Грција.
https://www.youtube.com/user/TheKwstasantoniadis
Иако видеава изгледаат лудо, од моето искуство релно е да се очекува да закачиш две-три риби од 1 до 3 кг, а ако е денот и време на спининг па има баракуди, стрелки или друга риба во горните слоеви на морето, паламиди, мали туни и сл. тогаш може и нешто повеќе. А ако не ти е денот...
(
Taa ќе да е реката, јужно од Астакос, мислам се вика Achelos.
Воблериве се губат кога ја гаѓаш водата покрај трската. Трската уште како така но кога ќе закачиш некое дрво метар два повнатре од брегот тогаш здраво.
Инаку јас сум релативно нов во хобиво. почнав пред 4 години во Хрватска со shore jigging ловев скуши, шаруни, ушати, микроскопски зубатци и сл. ама таму каде што одам веќе жива риба нема останато, па продолжив да се вежбам со овие другиве вештачки мамци на одмор или викенд во Грција. И подобар сум во фотографија него во рибарењево
.
Најуниверзален и најуспешен воблер и за мали и за поголеми ми се покажал тој што го спомнав погоре, DUO Ryuki 80S, имам и други како Tide minnow но зависи од местото, длабочина, сезона и што се таргетира.
Од стапови почнав со евтини ама брзо сватив дека се најважен дел од опремата. Во моментов користам стапови должина 2,50 до 2,60м, Gamakatsu Cheetach 10 - 70gr, Daiwa Jerking Commander 4 - 25gr и , Major Craft Skyrod 7-23gr.
Во тој дел не сум пробал никогаш. Ако Ви треба друштво викајте
еве уште некоја слика, овие се од Хрватска