www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Ное 26, 2024 7:09 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Видови на змии во Македонија
ТемаИспратеноCOLONСаб Maј 19, 2012 1:09 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Кога и да одиме на излет лов или риболов сме изложени на одредени ризици многу често знаеме да сретнеме змии бидејќи ние рибарите времето го поминуваме во близина на водата,а се знае дека сиот животински свет се врти околу водата затоа чето пати сме сретнале змии на некого сите змии исто му изледаат затоа се плашат не знаат дали се отровни или неотровни дали самата змија е агресивна дали од нејзе да бега дали да ја остави самата да си замине еве малку да се едуцираме и на крајот има имиња од латинското име на змијата и како ние во македонија ги викаме можете слободно да го копирате името на гоогле или каде било повеќе информации да соберете за која змија ве интересира.
Македонија не е богата со различни видови змии. Само три вида отровни змии, десет вида смокови, еден вид црвовидна змија и еден степски удав, што е вид боа, можат да се сретнат во земјава.
Едни од најопасните змии се отровниците поскокот, шарката и степската лутица, а од полуотровните се сретнуваат вдлабнаточелен и телескопус смок. На 1.500 метри надморска височина живее поскокот, на поголеми височини се појавуваат шарките, а само на Шар Планина може да се види степската лутица. Овие видови змии се специфични бидејќи имаат триаголна глава што е поголема од телото, за разлика од другите змии, на кои главата им е како врзана со телото. Поскокот има и специфично рокче на главата, а шарката и степската лутица се разликуваат по распоредот на лушпите на главата. На полуотровниците - вдлабнаточелен и телескопус смок - забите им се повнатре во вилицата и тие се отровни само за помалите животинки. Во Овчеполието живее и змијата степски удав, што е вид боа. Се храни со глувци и достигнува должина од 60 до 70 сантиметри. Степскиот удав е специфичен бидејќи е помускулест, односно месест. Кога ќе го лоцира пленот, оваа змија го обвиткува, го задушува и потоа го голта. Змијата живее во предели со степска клима. Од водните змии може да се најдат речната, односно водна змија и белоушката. Речната се храни со риби, а белоушката со жаби. Тие змии не се отровни. Интересно е дека и да имаат отров, тоа не им помага многу во наоѓањето храна бидејќи рибите се едни од најотпорните животни на змиски отров.
Според стручњаците во Република Македонија досега биле евидентирани 16 видови змии. Ако се земе предвид фактот дека на целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ги и грчките острови, се регистрирани вкупно 21 вид на змии, тогаш се наметнува заклучокот дека во Македонија се застапени 76 отсто од целокупната фауна на змии на Балканскиот Полуостров. За последниот случај стручњаците коментираат дека според описот и големината на змијата би можело да станува збор за смок и тоа од видот балкански смок, од кој два примерока било уловени во 1999 година во близина на Дебарски Бањи. Змиите биле многу големи и долги и по ригите на кожата и забите многу се разликувале од досега познатите видови, што укажува на фактот дека е можно токму тој тип на змија да е анакондата што ја видел работникот на мостот кај гевгелиското село Смоквица.


ЛИСТА НА ЗМИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
1. Eryx jaculus (Linnaeus, 1758) Степски удав или Песочница
2. Coluber caspius (Gmelin, 1789) Жолт смок
3. Coluber gemonensis (Laurenti, 1768) Балкански смок
4. Coluber najadum (Eichwald, 1831) Тенок стрелец или Змија џитка
5. Coronella austriaca (Laurenti, 1768) Планински смок
6. Elaphe longissima (Laurenti, 1768) Ескулапов смок или шумски смок
7. Elaphe quatuorlineata (Lacepede, 1789) Ждрепка
8. Elaphe situla (Linnaeus, 1758) Леопардов смок
9. Malpolon monspessulanus (Hermann, 1804) Длабочелен смок
10. Natrix natrix (Linnaeus, 1758) Белоушка
11. Natrix tesellata Змија рибарка
12. Telescopusfallax (Fleischmann, 1831) Мачја змија
13. Typhlops vermicularis (Merrem, 1820) Црвовидна змија
14. Vipera ammodytes (Linnaeus, 1758) Поскок или Камењарка
15. Vipera berus (Linnaeus, 1758) Шарка, Љутица или Осојница
16. Vipera ursinii Остроглава шарка, Остроглава осојница

Се надевам дека овој текст ви помогна ;) Бистро и пазете се од змиите :lol:

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Видови на змии во Македонија
ТемаИспратеноCOLONСаб Maј 19, 2012 1:45 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
Volcko, sekoja cest za tekstot...nikogas ne sum se zainteresiral da procitam nesto poveke za zmiite....a cesto mi pravele drustvo i nemozam da recam deka mi bilo seedno.

Moze malku nastrana od temata, no sakam daprasam dali si slusnal za Zdrebica...kaj nas nad seloto Vatasa odnosno na rekata Luda Mara, pomegu seloto i mesnosta Mokliste mestsnite cesto kazuvaat za niv. Navodno bile golemi, debeli i dolgi...ne sakma da zvucam smesno ama nekolku luge kazuvaat deka bile i po 3 metri. No retko gi zabelezuvaat???

POZDRAV

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Видови на змии во Македонија
ТемаИспратеноCOLONСаб Maј 19, 2012 1:57 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Oкт 19, 2011 8:09 pm
МислењаCOLON324
Одлична тема :!: За време на еден риболов на река пчиња,бутајки се по грмушки и шума да најдеме подобро место здогледав дебела змија на дрво. :o :o Опашката и беше на земја а главата над главата на другар ми кој е висок1,95 значи сигурни беше 2м +.Ме интересира што змија мозе да биде :?: и како да се реагира :?:
Јас иначе фатив магла и не се вратив веке таму.

_________________
ТАПА СИ Е ТАПА!!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Видови на змии во Македонија
ТемаИспратеноCOLONСаб Maј 19, 2012 12:21 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
baze НапишиCOLON
Одлична тема :!: За време на еден риболов на река пчиња,бутајки се по грмушки и шума да најдеме подобро место здогледав дебела змија на дрво. :o :o Опашката и беше на земја а главата над главата на другар ми кој е висок1,95 значи сигурни беше 2м +.Ме интересира што змија мозе да биде :?: и како да се реагира :?:
Јас иначе фатив магла и не се вратив веке таму.



Ти си бил јунак.....јас ќе си се вратев дома.

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Видови на змии во Македонија
ТемаИспратеноCOLONСаб Maј 19, 2012 12:34 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 10:30 pm
МислењаCOLON6506
Volcko,ubavo ti teknalo za ovaa tema.Ama imas golema greska.Od kade ti e podatokot deka poskokot zivee na 1500 metri nadmorska visocina.a povisoko samo sarkata ? Kako togas pred nekoj den tamu nekade Demir kapija li bese imase kasnat od poskok? Ili tikvesijata po lozjata . . . :D DO 1500 metri e potocno,a povisoko od toa, da sarka moze da se najde :D
Ova e seriozna tema,nekoj moze citajci da pomisli deka pokraj Vardar gi nema ;)

_________________
[ img ]
Како лови Келтан крапови ? Оди до реката и вика: ‘‘Ти , ти, и ти – надвор !‘‘.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Видови на змии во Македонија
ТемаИспратеноCOLONСаб Maј 19, 2012 1:20 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Општо што напишав за змиите тоа сам има дознаено штракајки по интернет,а за тоа која надморска височина и што пронајдов на итернет некој си Мицевски така имаше напишано во една статија на која надморска височина живееа мада и мене ми беше чудно али чим беше истакнато на интернет би требало да има барем некоја вистина.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Видови на змии во Македонија
ТемаИспратеноCOLONСаб Maј 19, 2012 1:30 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Rade НапишиCOLON
Volcko, sekoja cest za tekstot...nikogas ne sum se zainteresiral da procitam nesto poveke za zmiite....a cesto mi pravele drustvo i nemozam da recam deka mi bilo seedno.

Moze malku nastrana od temata, no sakam daprasam dali si slusnal za Zdrebica...kaj nas nad seloto Vatasa odnosno na rekata Luda Mara, pomegu seloto i mesnosta Mokliste mestsnite cesto kazuvaat za niv. Navodno bile golemi, debeli i dolgi...ne sakma da zvucam smesno ama nekolku luge kazuvaat deka bile i po 3 metri. No retko gi zabelezuvaat???

POZDRAV
Друже јас за таква немам слушнато но еве што можам да ти кажам едно е тоа што од регион до регион на некои змии имињата им се различни т.е луѓето така си ги крстиле змиите незнаејќи како правилно се викаат друго е тоа што Македонија не е Америка или што ти знам да троши ресурси за истражување на змиите ништо чудно да е некоја змија што е карактеристична за тој регион.Мој совет ако не знаеш како да ракуваш со змии бегај подалеку кога ќе ја видиш.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Видови на змии во Македонија
ТемаИспратеноCOLONСаб Maј 19, 2012 1:35 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 10:30 pm
МислењаCOLON6506
Rade,drugar mi ispuka 10 od 9mm na takva zdrebica :D I kaj mene ja ima ,ogromna samo retko koj imal ksmet da ja vidi . . ..

_________________
[ img ]
Како лови Келтан крапови ? Оди до реката и вика: ‘‘Ти , ти, и ти – надвор !‘‘.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Видови на змии во Македонија
ТемаИспратеноCOLONСаб Maј 19, 2012 4:57 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Кој може нека ја слика да се идентификува како нов вид на змија или да се расчисти кој вид на змија е.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Видови на змии во Македонија
ТемаИспратеноCOLONСаб Maј 19, 2012 7:33 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
baze ме рчна околу тоа како да се разликуваат змиите и како да се реагира па склопив еден кус текст. :lol:

Змиите се најверојатно погрешно разбран, и повеќето нелогично стравува суштества на планетата. На 2200-плус видови на змии во светот, помалку од 20 проценти се отровни. Луѓе имаат инстинктивен страв од змии што произлегува назад илјадници години. Тоа веројатно започнало како опстанок инстинкт, кога немло литература или начин на раскажување кои змии се штетни, или не. Од друга страна, библиски литература ги обехрабри луѓето да се плашат од змии за една сосема поинаква причина.
Првото нешто да знаете за змии е дека секој не-отровна змија само што ќе ви нападне за 3 причини. Прво, ако мирисаат на храна. Ако неодамна сте ракувале со топлокрвни животни, како што се глувците, заморчиња, па дури и мачките, змијата да погреши дека сте за јадење. Второ, ако змијата чувствува сте предатор кој се обидува да му наштети. Особено кога ќе се постигне надолу кон змија. Трето, и, најверојатно, причина не-отровни змии напаѓаат, е едноставно затоа што тие се плашат. Кога им се даде избор помеѓу да ве гризне вас или бегаат брзо.Таа ќе го избере бегајќи во секое време. Ако змијата сепак, се чувствува заробена, или за која било причина не може да се сокрие,таа ќе ве надпадне вас, повеќе како предупредување за да ја остават на мира, отколку да всушност направи било каква штета.

Не-отровните змии се обично многу безбедни за ракување, особено миленичиња змии или змии што се навикнати да се ракуваат. Дури и повеќето видови на диви змии кои не се отровни лесно може да се ракува со нив, без страв од каснувања.
Ќе најдете дека змиите не се лигави, ниту на било кој начин непријатни. Меѓутоа, ако тие се уплашени, тие можат да ве нападнат вас, како начин на прикажување страв. Ако тоа се случи, не заборавајте да се измие областа темелно со сапун и топла вода,бидејќи змиите носат салмонела бактерии во измет.Едноставно не се најсветлите суштества во светот, и имаат приближно иста размислување моќ како вашата просечна златна рипка.Сети се кога ќе се држиш змија дека тоа, најверојатно, те гледа како многу чудно дрво, и и нема да те регистрира како човечко суштество. Змиите реагираат од инстинктот,а не од мисловен процес, и се додека вие ова го имате на ум лесно ќе се снајдете околу змиите.
Како се разликуваат отровните од не-отровните змии ? Постојат неколку начини да се примети, иако некои видови на не-отровните змии се адаптирале за да може да се изгледаат како отровни змии, кога тие се плашат. Ако некогаш дури и малку се двоумите, оставете ја змијата! Како општо правило, отровните змии имаат дијамант или триаголник облик на глави, наместо заоблени глави кои повеќето не-отровни змии имаат. Исто така, нивните очи се елипсовидна како око на мачка, наместо да бидат круг,отровниците имаат отвор помеѓу окото и устата. Отворот е осетлив на топлина,за змијата да може да го нападне својот плен иако неможе да го види.
Па сега знаете повеќе за змијата за нејзиното понашање се надевам дека ќе им дадете шанса.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum