Citrogala insekt repelent gel --- Poliz probaj go ova namackajse ima miris na citron nemas gajle.
http://www.galafarm.mk ------go ima segde zakon e.
http://www.galafarm.com.mk/proizvod.asp?id=80
Цитрогала инсект репелент колекција
...комарците, мувите, осите, пчелите и многуте други инсекти се составен и неизбежен дел од нашето опкружување. Секогаш кога сме на излет, прошетка во шума, на одмор или кога работме во нашиот двор , ние сме потенцијално експонирани на напад од овие штетници, кои знаат да ни нанесат непријатни, понекогаш и болни убоди, а да не зборуваме и за можноста од пренос на инфекции...
Во борбата против непријатните инсекти, ние ви нудиме ефикасен начин да ја смените насоката на нивното движење и безбедно да уживате во убавините на природата...
Што е Цитрогала ?
Цитрогала е инсект репелент колекција која се состои од Цитрогала спреј, Цитрогала стик и Цитрогала гел.
Цитрогала препаратите обезбедуваат сигурна и долготрајна заштита од комарци, стршлени, крлежи и многу други инсекти.
Зошто Цитрогала ?
Доколку сакате безгрижно да уживате во летните одмори, патувањата, излетите...Цитрогала препаратите се вистински избор за Вас и Вашето семејство, затоа што:
-се ефикасни и сигурни,
-не содржат петрохемикалии, конзерванси и други токсини
-не е потребна честа и повторлива апликација
-лесни се за апликација
-погодни се како за возрасни, така и за деца
-имаат пријатен и освежувачки мирис на лимон
Природно масло цитронела и сигурен инсект репелент IR3535
Постојат бројни фактори (хемиски и физички) кои се причина за тоа луѓето да бидат привлечна мета на инсектите: телесната топлина, издишаниот CO2, многу хемикалии кои влегуват во состав на потта или се наоѓаат на површината на кожата, боите на облеката и разните мириси од сапуни, парфеми, лосиони, креми...
Препаратите Цитрогала делуваат така што ги одбиваат и спречуваат инсектите да ја нападнат кожата, интерферирајќи со нивната способност за детекција на привлечни хемикалии од човековото тело. Ова дејство на препаратите Цитрогала се должи на нивните активни состојки: природното масло цитронела и инсект репелентот 3535.
Природното есенцијално масло од цитронелла има пријатен и освежувачкимирис на лимон и оригинално се добива со екстракција од растението Cymbopogon nardus. Маслото поседува одлични инсект репелентни својства, а покрај тоаделува и антисептично, деодорантно, стимулативно и воедно ја храни и омекнува кожата. Маслото не иритира, па затоа е посебно погодно за детска кожа и осетлива кожа кај возрасни.
IR3535 е релативно нов инсект репелент кој Светската здравствена организација (WHO) го препорачува како “безбеден и ефикасен инсект репелент за хумана употреба”. Се одликува со ефикасни и долготрајни инсект репелент својства, дури и под тешки климатски услови. Има широк спектар на дејство, лесно се поднесува од страна на кожата и слузокожата и не покажува токсична или алергична активност. Поседува висока хемиска стабилност, при разни услови на користење и има добри козметички и естетски одлики.
Совети за правилна и безбедна употреба на Цитрогала препаратите
Цитрогала препаратите се наменети само за надворешна употреба.
Секој препарат треба да се нанесе рамномерно и умерено на сите непокриени делови на телото. Апликацијата се повторува само ако е неопходна, во спротивно треба да се избегнува.
Треба да се внимава препаратот да не дојде во контакт со очите, носот и устата. Во тој случај е потребно веднаш да се исплакнат овие делови со млаз вода.
Препаратот не смее да се нанесува на оштетена и иритирана кожа.
Кога заштитата не е повеќе потребна, третираната кожа треба да се измие со сапун и вода.
Препаратите не се препорачуваат за деца до 1 година
Препаратите треба да се чуваат на места недостапни за деца.
Ако постои сомнеж за осетливост кон препаратот, тоа може да се испита со нанесување на мала количина од препаратот на кожата на раката, при што се чека реакцијата по 24 часа.
Во случај на појава на било каква реакција после употребата на препаратот, треба веднаш да се прекине неговата употреба, да се измие третираната кожа и да се консултира доктор.
инсект репелент гел
Содржи 3 % IR3535. Заштитата трае 2 - 4 часа
Пакување: 100 ml
инсект репелент спреј
Содржи 20 % IR3535. Заштитата трае 4 - 6 часа.
Пакување: 120 ml
инсект репелент стик
Содржи 10 % IR3535. Заштитата трае 4 - 6 часа.
Пакување: 40 ml