прво за сите што не знаат како изгледа оваа заебана работа
крлежот е волку мал
а обично кога ќе го забележите веќе е напикан со главата во вашата кожа
е сега што е зафркнато, зафркнато е што нема да го осетите ако не го видите, може евентуално малку да ве зачеша и тогаш можа да го приметите .....кога веќе сте го виделе битно е следното
1. не го фаќајте и во паника да пробате одма да го извадите, најверојатно ќе му ја скинете главата која ако остане внатре во кожата продолжува да живее и предизвикува заебани работи, ако се скине главата треба да се оди во болница
2. без паника ако крлежот е влезен во кожата не боли и во моментот ништо не е страшно.....освен ако крлежот е веќе набабрен како мала маслинка и местото околу крлежот е веќе помодрено, ако го забележите ова, тоа значи дека крлежот веќе ви е закачен повеќе сати, може и претходниот ден, во ваква ситуација одете накај болница и препорачливо е да не го чепкате
3. во друга ситуација доколку нема круг помодрен околу крлежот и доколку го гледате само крлежот напикан во кожата и како си прета со ноџињата надвор тогаш треба да се знае следново. Крлежот диши преку порите на газот кој секако му е напрчен нагоре и надвор од кожата. Тие пори треба да се затворат и после 10-15 минути крлежот ќе умре. Затворањето на порите можете да го направите доколку над крлежот ставите марамче натопено со зејтин, натопено со бензин, да го намачкате со некоја помада, нешто мрсно, паста за заби и слично што би му ги затворило порите и би го угушило. Ќе знаете дека е умрен кога после одредено држење ќе видите дека веќе не мрда со ноџињата. Тогаш се пристапува кон вадење на крлежот
4. Вадење на крлежот - најдобро е со пинцета, или чупалица, или било што друго што е прецизно, а со што можете нежно да го фатите крлежот веднаш над местото каде што е пикнат во кожата. Треба да се знае дека крлежот има 2 (за негова големина) долги заби кои имаат контри како кај рибарските јадици и кои со влеќење нагоре не пуштаат лесно. Затоа кога веќе ќе го фатите мртвиот крлеж со нешто треба нежно да почнете да го вртите обратно од сказалките на часовникот и постепено да го влечете нагоре се додека не го извадите. Одкако ќе го извадите, видете дали има нешто црно во дупката, т.е дали е останата главата на крлежот, ако останала, тогаш обавезно треба да се упатите кон болница