Владимир, дај кажи друже што - како, малку поконкретно, што фирма е, големина,
каде го има и тн. па да згнетиме и ние по некој костеж...
П.С.
Ептен добар костреж
Значи и јас не сум некој експерт но еве како се случи: Случајно ама сосема случајно имав само еден спинер-и само ЕДЕН:еве овој на сликата:
Видов дека имам успех за штука и да си прикупам блинкери отидов во новиот пазар во Битола на втори спрат во продавница БИСТРО каде газдата ми предложи спинер во вид на рипче(на тој удрија кострежите). Во виба ми е, а јас сум на 4-ти спрат
па утре ке го земам и ке дадам повеке детали.
Инаку од цело езеро кое го прошетав со спинерот(рипче) на средина удираа штуките и по некој клен, а покрај брегот, покрај трските удрија кострежите
Еве го местото каде удрија кострежите:
Ова беше лани 28.08.2012г. да не ме свати некој погрешно, не е од 2013г.....од тогаш па до сега костреж таму не сум уловил иако пробвам на се живо и диво
Еве и денес бев 2 часа фрлав се и сешто но ни трага ни глас од риба, рано е . водата е матна и надојдена и ладна...
Значи ветив за спинерот ке добиете информација најбрзо што можи...
Поздрав