Се поинтересна спин дисциплина, не само кај нас туку и низ цела Европа.
Дали причината за тоа е се помалиот број на големи риби кој можат да се уловат или пак офанзивата на производителите на риболовен прибор кој се повеќе ставаат акцент на ултра лесниот риболов ке покаже времето.
Сепак, оваа техника нам ни оди во прилог, не дека не можеме да се пофалиме со големи пастрмки ( ги имаме многу повеќе него што мислиме ) туку повеќе заради тоа што имаме безброј мали рекички со одличен фонд на мали пастрмки.
Во прилог на ова оди и овогодишниот настап на нашите спинерџии на Светското Првенств во спин, каде имаа завиден резултат. Што би се рекло имаме веќе од кого да учиме.
Уште една работа оди во прилог на овој риболов, за некој ден ( се надевам ) Треска ке добие концесионер ( Рибар2011 ) и ако течат работите во посакуван правец можеме да добиеме една убава вода во близина на Скопје која ако добро се чува може да понуди бескрајни задоволства на мушичкарите и спинерџиите.
Ултра Лајт спинингот не се разликува многу од спинингот, и разликата е во смалувањето на ,,габаритите,, на опремата.
Се лови со трски кој се обично од 1,80 до 2,40 м. и тежини на фрлање од 00 до 10-тина гр. со акција која во зависност од мамецот кој се користи може да биде од мека до остра.
Машинката е прилагодена на овој риболов, мала ( во големина од 1000 до 2500) обично брза и со фино намотување на монофилот или плетеницата и по можност плитка шпулна.
Како мамци се користат мали воблери во миноу облик кој треба да можат да работат во брзи текови, спинери во големина од 00 до 2, мали кашики и во последно време се повеќе силиконски мамци ставени на џиг јадица со мало отежнување.
Бидејки оваа спин дисциплина најчесто се користи за риболов на пастрмка и тоа помалите единки убаво е секогаш уловот да се враќа назад во вода.