www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Сеп 21, 2024 2:01 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1234»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 28, 2013 1:51 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
respect vlado shto si se potrudil odlichna tema i text :bravo:

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 28, 2013 11:12 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Феб 28, 2011 11:19 am
МислењаCOLON946
ЛокацијаCOLONSkopje
VladoMKD НапишиCOLON
Gonny НапишиCOLON
Cekam da zavrsi so celiot tekst pa da kazam :bravo: za kolegata. Tekstot bash me osvezi od prepukuvanjata sto gi citam vo posledno vreme okolu dozvolite i drugite problemi povrzani so koncesionerite :evil:
Да ти кажам право Гони од истата причина земав да напишам нешто, поединци се без осет таму :evil:
Uste ednas bravo za tekstot iako go imav procitano na angliski ama vaka prevedeno mi dojde uste poubavo. Pogotovo naslovot(i prvot del na tekstot) e dosta provokativen i objasnuva nekoi raboti kojsto sum gi osetil na samata koza kako i vo buxhetot predviden za ribolov.!!!
Inace forumot pred se go svakjam kako edukacija, pomos, ucenje novi raboti, novi druzbi kako i mesto za da se pozali nekoj, a ne mesto kade sto ke se pretera so prepukuvnanje na odredeni ludje. Bas poradi ova sve pomalku ili skoro ic gi citam aktuelnite temi... Zatoa uste edno golemo :bravo: i so nades deka ke ima se poveke vakvi tekstovi na forumov od razlicni nacini na ribolov(plivka, krap,musicarenje itn itn.)

_________________
Ne e bitno samo da se opametis, tuku toa naveremeno da bide !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 28, 2013 12:00 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
Aman Vlado sto si napravil ....nemozam da gi docitam.... ako me izbrkaat od rabota ti ke si kriv :"-

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 28, 2013 12:31 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Штом ви се допаѓа, еве уште нешто :)

Површинци

[ img ]


Не е тешко да се погоди зошто воблерите од овој тип постојано добиваат на популарност.
Можноста да се види нападот на грабливката, не случајно, туку секој пат,
е квалитет кој другите воблери и риболовни техники неможат да го понудат.
Затоа методот добива фанови, кои се трудат да ја усовршат уметноста на риболовот со површинци.
Постојат неколку типови површински воблери, но сите имаат заеднички особини.

Пред се сите се пливачки,
еден дел од нив обично излегува над површината на водата. Но воблерот кој е само малку потонат не е секогаш подобар.
Навистина обично полесно може да се прати акцијата, но многу е потешко да се изведе успешен “џерк” со ваков воблер.
За џерковите важи дека колку е повеќе потонат под површината, толку по успешно може да се води и е по ефикасен.

Втората заедничка особина е значајната бука која ја произведуваат, кога се водат на површината на водата.
И покрај тоа што повејкето вараличари мислат дека тоа е исправно, не е секјогаш така. Можноса да се води
воблерот тивко или гласно треба подеднакво да се користи.

Трето,успешната контра, во вистинско време, е доста тешка, без разлика на типот на површинецот.
Инстинктивното удирање контра во моментот кога ке ја видите грабливката како напаѓа мора да се потисне.
Основно правило е дека треба да се продолжи со водењето, да се задржи интересот на грабливката,
да се продолжи со сите елементи како плискање, бранови, вибрација.
Сигналот за правовремена контра е осеќање на тежината на грабливката на самата трска.

Најважни типови на површинци се:
• Површински глајдери
• Пропелер воблери
• Попери

Секој од овие типови бара различна техника на водење.

На видеово случајно сега налетав, ни јас не сум го изгледал.



Продолжува ...

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 28, 2013 2:00 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Aвг 16, 2012 10:10 am
МислењаCOLON923
Bravo.Odlicna tema i dobar izbor na tema si napravil.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 28, 2013 3:11 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
:lepi: :lepi: :lepi:
:~~ :~~ :~~

Комплетирај го кога ќе имаш време, па да оди на прва страна

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 28, 2013 3:23 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Вечер ке биде комплетирано. :lepi:

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 28, 2013 10:17 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Дек 01, 2011 11:07 am
МислењаCOLON297
Владо браво за текстот, а ова е еден добар линк за џеркинг, ако не те мрзи преведи го, има што да се научи од него, ова како сугестија, не дека сега се мешам во твојава тема. :)
http://www.gameandfishmag.com/2011/04/1 ... baits0411/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 28, 2013 10:44 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Stickbaits – Површински глајдери


Површинските глајдери лесно се препознаваат. Формата потсетува на обично стапче, поради што и англискиот назив Stickbaits Stick = стапче. Се водат како и обичните глајдери. Со џеркање (брзи трзаи) на врвот на трската се постигнува воблерот да оди во цик-цак линија на површината. Од поголемо растојание движењето наликува на пливање на змија на површината. Американците ваквата акција ја нарекуваат „walking the dog” (шетање на куче). Како и кучињата, некои површински глајдери се движат споро и широко, додека други брзо и агресивно. Во основа тоа се и техниките на водење на глајдерите и најдобро е да се одбере вистинската, во однос на рибата која ја ловиме. Некогаш грабливката ке напаѓа плен кој се движи споро, со големи паузи. Друг ден пак ке напаѓа на брзо и агресивно движење на воблерот. Како и кај другите џерк воблери, добра координација во движењата на трската и машинката се клуч за успехот.

Пропелер воблери

[ img ]

Се површински воблери кои имаат метална перка или пропелер. Улогата на овој додаток е да предизвика турбуленции на водата со кои го привлекува вниманието на грабливката. Постојат неколку начини на презентација. Основните се обично повлекување на воблерот со паузи и водење со остри трзаи, или комбинација од двете презентации. Некои пропелер воблери се водат на самата површина цело време, некои треба за момент да се потонат со остро движење на трската. Воблерот прави мали меурчиња во водата со секое повлекување и вртење на перката (пропелерот) што остава видлив траг на површината на водата.

Попери

[ img ]

Овие површинци имаат вдлабнатина во предниот дел на телото. Наречени се според специфичниот звук на плопкање кој оваа вдлабнатина го прави додека се полни со вода после секое повлекување. Постојат неколку презентации. Основната е серија од кратки повлекувања проследени со една подолга пауза од една секунда. Дру пак се состои од многу посилно повлекување. Водата која ја зафаќа воблерот прска далеку, а паузите меќу повлекувањата се подолги. Се зависи од реакцијата на рибата. Обично остри силни и агресивни повлекувања се потребни кога сакаме да ја предизвикаме рибата на напад од поголема длабочина. Секогаш е добро да се експериментира за да се пронајде оптималната презентација која и одговара на грабливката во моментот.
Последната група се-

Вертикалните воблери

[ img ]

Овие мамки користат за вертикална презентација и најверојатно се измислени за риболов под лед. Сепак можат добро да послужат за риболов од засидрен чамец или пловење. Постојат многу видови вертикални воблери, кои во основа се многу слични еден на друг. Сепак добро е да се спомене Chubby Darter произведен од Салмо. Постојат многу вертикални воблери кои се оддалечуваат од вертикалата во текот на тонењето. Колку подалеку воблерот се движи во пропаѓање од вертикалата, поголем е дијаметарот на замислениот столб вода кој го пребаруваме со воблерот. Сепак, Салмо Chubby Darter е уникатен, затоа што има акција како вистински воблер за време на пропаѓањето. Се разбира дека тоа е голема предност во однос на вертикалните воблери кои тонат еднолично.
За жал овој карактеристичен начин на работа, води до проблеми во забележувањето на ударот. Класичната презентација со Chubby Darter содржи три дела. Првиот е подигнување на воблерот ( 5-50см) Вториот е тонење, на практично олабавен конец. Врвот на трската се запира во почетната позиција. Третиот дел е чекање воблерот да се врати вертикално во почетната позиција под врвот на трската. Chubby Darter деликатно работи се додека не запре. Најчесто ударите се случуваат за време на третиот дел од презентацијата, но ги има често и во вториот дел кога конецот е сосема опуштен. Затоа индикатор за удар е од голема помош со малите Chubby Darteri. Останатите презентации се модификации на основната опишана погоре. На пример неколку кратки скокови нагоре и потоа долго тонење. Или серија од нежни скокови во едно место. Во случај на најголемиот модел Giant Chubby Darter кој има тежина од скоро 100гр. Индикатори не се потребни. Неговата акција добро се осеќа дури и при тонењето.

Заклучок

Во неколку реченици пробав да ве запознаам со најважните информации за основните видови на воблери и техниките на презентација. Може цел роман да се напише за секоја од групите, но сепак искуствата кои сами ке го стекнете, за време на вашире риболовни излети, ке бидат секогаш поважни и попрецизни од се.

Piotr Piskorski

http://www.salmo.com.pl/en/tak-duzo-prz ... alo-czasu/

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 28, 2013 11:13 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
коста НапишиCOLON
Владо браво за текстот, а ова е еден добар линк за џеркинг, ако не те мрзи преведи го, има што да се научи од него, ова како сугестија, не дека сега се мешам во твојава тема. :)
http://www.gameandfishmag.com/2011/04/1 ... baits0411/
Јас радо би го оставил на некој друг, доста ми е од преведување за сега :)

_________________
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 7 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum