Денеска конечно ги земав машинките од едниот дедо, кој беше рибар и ловеше додека можеше, неколку машинки, кои ги наследи татко ми, едната и јас ја користев на почеток кога почнав да фрлам бликнери. За мене првата машинка е права реткост по начинот за изработка и доработка. Еве неколку слики па проценете сами.
Па потоа доаѓа прочуениот ДАМ Quick 330 и со него ја имам фатено првата пастрмка на Треска.
После доаќа RYOBI не се сеќава точно татко ми кога ја купил ама има сигурно 20 кусур год, за жал многу бучна машинка, за денешни услови меѓутоа на времето доста риба има фаќано.
Мојата прва машинка, незнам што марка беше, на неа само пишува ULTRA,другото е избишано, инаку до сега нема никаков дефект.
Мојата втора машинка Shakespeare QUO, од Трофеј, и не ја менувам дур и врти рачката
Па после подолго експериментирање И фрлање пари за џабе ја земав оваа формула MTX Vario Match од Balzer
И на крај оваа убавица, за жал со слаби оценки по други риболовни сајтови и списанија DAIWA Exceler 2500, ама мене многу погодена.
А да пред да имам своја машинка или пред да можам да ги користам машинките од татко ми и дедо ми до вртев ова
Темата ми беше еволуција, да не се навраќам имаше една претходна тема за неопходноста за нов и поскап прибор, техника и технологија, за мене лично пожелно ДА, неопходно НЕ. Можеби сегашниве машини се послапи и сл. но се подобри, а најверојатно и во некои поранешни времиња сегашниве ОЛД ТАЈМЕРИ биле нови и подобри од некои пред нив, Дали не прави подобри рибари, можеби да, но најверојатно не.
Ја гледа ли некој разликата.
Ќе има и продолжение