www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Банирани членови http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=63&t=6255 |
Страна 1 oд 1 |
АвторCOLON | GRUPA NA MODERATORI [Чет Maр 03, 2016 12:49 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Банирани членови |
Почитувани со цел подигнување на свесноста кај членството на овој форум за почитување на правилата, почитување на модераторите и за градење на здрава атмосфера на пријателство, соработка, почитување на туѓото мислење и разговори на рибарски теми, воведуваме пракса за објава на казни (без објава на имиња) поврзани со нарушување на правилата. Во оваа насока, Ве известуваме дека во изминатите денови: Форумџијата Х е баниран на 2 месеци поради навреди кон модераторите и постојано поставување на навредувачко видео кое му е бришено од модераторите. Банот со толкава должина е поради повеќекратни и долгогодишни навреди кон модераторите и за истото форумџијата е повеќепати казнуван. Секоја следна повреда на истото правило ќе донесе дупло поголем БАН. Форумџијата Х е баниран на 1 месец поради општа навреда на други форумџии за време на дебата и нивно поистоветување со овци. Банот со толкава должина е поради непочитување на туѓото различно мислење и повеќекратни слични навреди кон други форумџии и за истото форумџијата е повеќепати казнуван. Секоја следна повреда на истото правило ќе донесе дупло поголем БАН. Со надеж дека слични повреди нема да се случуваат, Ви посакуваме убав тек и релаксирачки рибарски муабети. |
Страна 1 oд 1 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |