www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Извинување до Јане
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=63&t=6044
Страна 12

АвторCOLON  Boris [Пет Oкт 16, 2015 1:09 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Извинување до Јане

Би сакал јавно да му се извинам на Јане доколку сум го навредил и поради начинот на кој го критикував при неговите последени испади и напади на годинешната крапска репрезентација. Не е тоа мој стил и начин да се критикува. Воедно ја прифаќам и реакцијата на ГРУПАТА НА МОДЕРАТОРИ.

Моите реакции пред се беа поради тоа што од моите информации и од начинот на кој се напаѓаше, сум уверен дека голем дел од информациите што ги споделуваше не беа проверени, беа тенденциозни и неточни и дека тоа не треба да си го дозволи никој на форумот, посебно не модератор. Како правник, но и како човек кој не му е сеедно кога се валка нечие име без цврсти докази и аргументи, па и во ситуација кога не функционираше Групата на модератори, и кога и сам Јане мислам дека е свесен дека како модератор функционираше во импулс, реагирав така како што реагирав. Сепак, јас не сум директно повикан, не сум директно засегнат, ниту пак бев дел од организацијата и репрезентацијата и не требаше да делувам толку импулсивно и затоа се ИЗВИНУВАМ. За што од тоа што беше изнесено е точно или лага, ќе оставам да изнесат аргументи и докази оние кои биле во Шпанија, оние кои организирале и оние кои се одговорни во МРФ да одговорат. Воедно, се надевам дека понатаму би имале нормална дискусија со издржани критки и јасни докази и мене ме интересираат многу одговори за она што беше пласирано.

Воедно, за она што од незнаење, погрешна информација или од друга причина Јане во одредени моменти го ширел за мене како лага, а кое конкретно му го посочив, се надевам дека ќе биде доблесен и ќе се извини.

АвторCOLON  Филип [Пет Oкт 16, 2015 1:12 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Извинување до Јане

Фер што се извини.

Сепак, треба(ше) да добиеш бан

АвторCOLON  Spaiva [Пет Oкт 16, 2015 1:15 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Извинување до Јане

Доблесно и храбро. За респект.

Сепак се согласувам со Филип дека треба (ше) да добиеш санкција.

АвторCOLON  Boris [Пет Oкт 16, 2015 1:16 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Извинување до Јане

Како што знам има постапка во Групата...бујрум одлучете си мене не ми паѓа круната знам да се извинам и да прифатам санкција

АвторCOLON  howitz [Пет Oкт 16, 2015 1:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Извинување до Јане

Секое извинување е доблест на возрасен човек, иако Филип вика дека треба(ло) бан и да си добиел не е страшно, глеј кај мене во потпис :D

АвторCOLON  Stole [Пет Oкт 16, 2015 1:25 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Извинување до Јане

Boris НапишиCOLON
Како што знам има постапка во Групата...бујрум одлучете си мене не ми паѓа круната знам да се извинам и да прифатам санкција
И мене да ми се извиниш за тотално неоснованите сомненија кои ми ги посочи во ПП. Најсериозен сум

АвторCOLON  ico baits [Пет Oкт 16, 2015 1:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Извинување до Јане

I mene, pred 2god ednas peder my rece :lol:

АвторCOLON  Филип [Пет Oкт 16, 2015 1:33 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Извинување до Јане

Stole НапишиCOLON
И мене да ми се извиниш за тотално неоснованите сомненија кои ми ги посочи во ПП. Најсериозен сум
ПП-то е приватна работа и извинување за ПП треба да се бара во ПП, не јавно :)

АвторCOLON  Stole [Пет Oкт 16, 2015 1:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Извинување до Јане

Јас ништо од ПП пораките не посочив. Правилото за нивна приватност не е нарушена. Прифаќам и ПП извинување. :D :D

АвторCOLON  Keltan [Пет Oкт 16, 2015 2:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Извинување до Јане

Филип НапишиCOLON
Фер што се извини.

Сепак, треба(ше) да добиеш бан
Ne ban , posto cesno si prizna greskata i se izvini .......ce go kaznite taka sto ce mu dadete metla da mete eden mesec vo temata SO KOMENTRI koj smesta ce ja otklucite :D

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/