www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Рибарници
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=63&t=4418
Страна 14

АвторCOLON  ilija [Вто Дек 17, 2013 8:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Рибарници

Денес поминав во една рибарница за да купам Амур за еден пријател кој спрема слава.Рибарницата работи на големо па го сваќам нередот кој што владееше таму.Сепак персоналот беше навистина љубезен со мене и на крај си добив фискална сметка иако никој не ја побара.На фискалната пишува Толстолобик.Купив 2 комада но при вагањето видов дека сеуште мрдаат.Исто како и краповите во соседниот кош.Во еден сад имаше 2-3 сомчиња од едвај 4кг.Прашувам колку е сомот,викаат 450 денари ама продаден е.Прошлата година на ова исто место ми нудеа млади крапчиња од Дојран кој што се воспостави дека се караши.Цена 160 денари.
Одам понатака и гледам пастрмки ама се многу невообичаени.Мене искрено ми заличиа на Artic Chaar и пошто не јадев ниту една во Шведска си купив 1.5 кг па нека пржи нусе.На прашање што пастрмка е ова ми викаат ПАСТРМКА МАТИЦА.
Јас викам дека немаат врска од пастрмки, а тој од шалтерот ми вика дека е поточна пастрмка :head_bang: .
Еве како изгледаше пастрмката.
[ img ]
Исто така пред 7-8 месеци во пржилницата позади пазарчето Буњаковец гледам охридска белвица со големина од едвај 12см.Цена 600 денари а имаше куп рипчиња.
Зашто ја пишувам оваа тема:
-Знаеме ли што риба ни продаваат? Бараш крап ти бутаат караш по 160 денари.Ти продаваат пастрмка за која и самите незнаат како се вика.
-Од каде толку свежа риба? Јас колку што знам нема во близина рибник со Толстолобик па да биде жив.Можеби сум во грешка.За крапот мислам дека е возможно.
-Минимални мерки.Сом од 3-4 кг можеби за некој е голема риба ама за сомџиите е мало бебе.Охридска плашица од 12см е голема риба ама не и охридска белвица :dragon: .
А јас оваа пастрмката што ја купив ќе си ја јадам и ќе си пеам:А НИТУ ИМЕ НЕ ТИ ЗНАААМ :filip:

АвторCOLON  Daniel [Вто Дек 17, 2013 8:43 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарници

Ovaa Linjak bre /... :D

АвторCOLON  Veleso [Вто Дек 17, 2013 8:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарници

Vo Bitola ima ribnik kade sto odgleduvaat i prodavaat ziv Tolstolobik.

АвторCOLON  Lepi [Вто Дек 17, 2013 9:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарници

... ова е нешто слично на Arctic Char, милам дека е Brook Тrout(Salvelinus fontinalis) по нашки нешто би се викало ПОТОЧНА ЗЛАТИЦА или така нешо слично :D успешно се одгледува во води кај шо се одгледуват и калифорниската Пастрмка и имам доста ловено во познатите „јавни куќи“ за Пастрмки во Дојчланд :D

АвторCOLON  marks [Вто Дек 17, 2013 9:44 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарници

Оваа ги прележала сипаниците. :D

АвторCOLON  fisherman.m. [Вто Дек 24, 2013 11:08 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарници

Во рибарницата на Зелено пазарче во неделата имаше бојник, парчиња од 400 до 500 гр. чистен го продаваат 200 ден за кг. Е сега од кој "рибник" e не знам, тоа си знае само продавачот ама не кажува.

АвторCOLON  ico baits [Вто Дек 24, 2013 11:10 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарници

fisherman.m. НапишиCOLON
Во рибарницата на Зелено пазарче во неделата имаше бојник, парчиња од 400 до 500 гр. чистен го продаваат 200 ден за кг. Е сега од кој "рибник" e не знам, тоа си знае само продавачот ама не кажува.
tocno e,, skobalot e od presansko ezero,, krap kostrez i i crvonperka neznam od kaj nosta ama nosat solidno :D

АвторCOLON  kladofora [Сре Дек 25, 2013 12:17 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарници

fisherman.m. НапишиCOLON
Во рибарницата на Зелено пазарче во неделата имаше бојник, парчиња од 400 до 500 гр. чистен го продаваат 200 ден за кг. Е сега од кој "рибник" e не знам, тоа си знае само продавачот ама не кажува.
Pa 200 e realna cena za iscisten

АвторCOLON  Филип [Сре Дек 25, 2013 12:41 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарници

Ne se raboti za cenata, se raboti za toa kako smee toj majmun da prodava riba od Prespa. Go chesha ushte edna prijava izgleda

АвторCOLON  martinMK [Сре Дек 25, 2013 2:41 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарници

колку пари идат гирици у рибарница кило??

Страна 14 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/