www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Акваристиката како дел од нашата пасија http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=63&t=2941 |
Страна 1 oд 28 |
АвторCOLON | SantaFe [Сре Ное 21, 2012 4:16 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Акваристиката како дел од нашата пасија |
Одамна сакам да ја отворам темава, ама никако да се доберам до малку слободно време за да ставам некоја слика. Сметам дека не сум единсвен спортски риболовец , кој покрај љубовта кој риболовот , природата , дружбата и останатите пропратни работи што ги носи со себе риболовот , имам љубов и кон одгледувањето и чувањето на риби во домашни услови , т.е. во аквариум. Сум забележал дека многу често , токму риболовците се оние кои се заниваат пропратно и со одгледување и чување на риби во аквариум. Аквариум имам едно добри 5-6 години , т.е. имам два помали аквариуми , од кој едниот е 50 литри , а другиот 30. Околу тоа како се сврстуваат рибите, кои видови на аквариумски риби ги чуваме , со што ги храниме, како ги одржуваме аквариумите и т.н. нема да зборува сега, туку ќе оставам во дискусијата која ќе се развие , секој да ги изнесе своите искуства.... За почеток , еве и неколку слики.... |
АвторCOLON | SantaFe [Сре Ное 21, 2012 4:21 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Акваристиката како дел од нашата пасија |
Низ сликите се гледаат различните биотопи кои во изминативе години се обидов да ги доловам во моите аквариуми.... Преку песокливо и тревнасто, па до камчесто и ситно кварцно дно. Поздрав ! |
АвторCOLON | Miroslav93 [Сре Ное 21, 2012 5:22 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Акваристиката како дел од нашата пасија |
Eve me i mene... Avarium 130L... Mesec, Mart 2012 Mesec, Maj 2012 Mesec, Juni(pocetok) 2012 Mesec Noemvri(pocetok) 2012 Okolu opremata, osvetluvanjeto, izrabotkata(haubata,filterot, akvariumot...) hranata i red drugi raboti ima mnogu da se zboruva Se izvinuvam za loshiot kvalitet na slikite, slikani se so mobilen... pozz |
АвторCOLON | Илчо [Сре Ное 21, 2012 2:25 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Акваристиката како дел од нашата пасија |
E stvarno dobra tema Jas porano imav akvarium cuvav sekakvi ribi toa traeshe negde 5-6 godini akvariumot poim neam kolku litri beshe prestanav da gi cuvam bidejki obvrska se za cuvanje,a cesto od kumanovo odime za gvg po 2-3 dena nema na kogo da ostavame da gi cuva |
АвторCOLON | martinMK [Сре Ное 21, 2012 2:42 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Акваристиката како дел од нашата пасија |
јас би си направил еден аквасиум.. би пуштил караши и крапчиња мали, за тест на боили и примама.. е сеа ме интересира што околу ова може да ми дадете идеи и совети.. |
АвторCOLON | Илчо [Сре Ное 21, 2012 2:52 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Акваристиката како дел од нашата пасија |
Krapot i karashot ne se mnogu izbirlivi za voda jas kako pomal vo tegla cuvav direktno so hlor i sve od cesma edinstveno ke ti treba e pumpa da nosi kislorod vo vodata. Dodeka za akvariumski ribi treba da e bez hlor temperatura da se pazi i drugi raboti. |
АвторCOLON | Bobi [Сре Ное 21, 2012 3:13 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Акваристиката како дел од нашата пасија |
Топ е темава, и јас одамна сакав да отворам ваква тема, ама јбг. Моментално не можам да ставам слики, на работа сум, ама вечер кога ќе дојдам дома ке објавам. Инаку многу сакам аквариум кој што има многу трева - многу зеленило. Сакам аквариумот да биде зелен, кога ќе го погледнам да ми ги одмори очите. Инаку Волчко дека бара одржување бара, ама не претерано многу. И да ги оставиш без храна 2-3 дена немаат гајле, особено ако има треви, па може да си пасат. А дека треба без хлор, за тоа делумно би се согласил. Најголема предност на одстоена вода, или уште подобро вода од извор/река/пумпа итн. е дека аквариумот нема да ти фаќа бигор на стаклото. Порано многу пазев да биде одстојана вода, барем еден ден, сега не и немаат гајле. Исто така сите ми збореле (и лично сум видел) на скалар ако му падне температура на вода под 20 степени одма се превртува. Годинава закаснив со ставање на греачот, ама рибите се приспособија - не им дојде нагло ладна вода туку температурата постојано и пополека паѓаше, па и на 14 степена температураа немаа гајле. А Мартин, ако ставиш караши и крапови во аквариумот сметај дека тревка не останува од нив. Башка многу се загадува аквариумот од нив - серат крупно и мора многу почесто да се чисти или поголем филтер да се стави - кој пак многу брзо замирисува (засмрдува). Интересна работа е како се приспособуваат рибите на околината. Имено, на дупките во Идризово (позади Аквариум) имав фатено караш со портокалово црна боја (некој мутант на кои фиш ). Го ставив во аквариум, бидејќи тогаш чував аквариумски караси. После неколку месеци почна да менува боја, да добива боја како другите караси - на почетокот стана целиот бледо портокалов - за на крај, пред да го дадам во поголем аквариум, стана речиси бел. |
АвторCOLON | Илчо [Сре Ное 21, 2012 3:24 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Акваристиката како дел од нашата пасија |
Jas ja odstavav vodata po nz 1-2 dena vo korito pred cistenjeto.Problem e sto nekogas ne sme doma po cel mesec ili 2 ajde togas sto ke pasat ribite Neli gi imase onie ribi deka go cistele stakloto i sobirale izmet nesho uvek po dnoto ili na stakloto zalepeni. Pa krapot ili karashot se kako onie japanki sho gi vikaat tie najveke gjubre mi pravea |
АвторCOLON | Bobi [Сре Ное 21, 2012 3:53 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Акваристиката како дел од нашата пасија |
Убави риби се, големи растат, а и интересни егзибиции прават во аквариум, ама моментот дека кај карас поминува трева не никнува и ѓубрето што го прават - сум чувал порано не можам веќе |
АвторCOLON | SantaFe [Сре Ное 21, 2012 4:08 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Акваристиката како дел од нашата пасија |
Боби , и јас најмногу сакам требнат , хербален аквариум полн со зеленило , но кај ваквите аквариуми (барем мене) проблем ми е одржувањето на стаклото т.е. чистењето на алгата. Ако во мал простор ставиш премногу треви тогаш доволно му е некои 10-12 часа светлина и алга еден куп :spiro: . Сум видел и тревнати стабилни аквариуми , значи каде нема потреба да се чистат секојдневно , но сите тие беа +120 литри. Кај мене во олку мал аквариум ,никогаш не успеав да го одржам стабилен со толку трева, затоа морав да ја редуциирам Мирослав ,акавариумов е ТОП , бомбона.... Одлично си го формирал , без брзање, си го почекал да се стабилизира, екстра... Одлично си ги поставил сликите за останатите да можат да видат како се формира еден одличен аквариум , затоа што најчесто сите грешиме односно нестрпливи сме да ги пуштиме рибите да пливаат , па го пропуштаме тој период на стабилизација на водата што ти не си го пропуштил... На последнава слика е стварно екстра... Што се однесува до идеата за аквариум со караси и крапчиња , интересна е многу , ама незнам колку би успеала , бидејќи ако добро разбрав станува збор за караси и крапчиња од дива вода, а не за украсни караси и кои крапчиња.... Ако би се правело вакво нешто , тоа мора да биде барем едно 150-200 литарски аквариум , затоа што сепак станува збор за риби кои растат брзо и се (за аквариумски услови) енормно големи за разлика од аквариумските кои и кога се најголеми , не се повеќе од 10тина сантиметри. За во мали езерца кои сум ги гледал по викендички или дворови , можеби идејата е пореална да се оствари.... |
Страна 1 oд 28 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |