www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 27, 2024 1:58 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 20, 2013 1:41 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Keltan НапишиCOLON
Gonny НапишиCOLON

Keltan iako go znaes jas sepak ke go kazam : vo sekoj forum si ima pravila na odnesuvaje, i ako nekoj od clenovite ne se pridrzuva kon istite ili nesto zgresi, toa treba da se isprvi od strana na Administratorite.Znaci pogresno postavena fotografija, krivolov, navreda itn itn administratorite na forumot treba da interveniraat so brisenje na nesoodvetniot material, so ukazuvanje na prrivatna poraka ila na nekoj drug covecki nacin vo koj ke bidat vkluceni normani i nenavreduvacki ukazuvanja. Konkretno reportazata na Oki i te kako dobi nepotrbna negativna dimenzija koga mozese so edna mala intervencija od strana na Adminot toa da se resi takanareceno Sportski...Ova imav potrba da go kazam bidejki funkcijata i nadleznosttite na Filip vo forumot i vo ribar 2011 e da gi resi problemite a ne da podbucnuva tamu kade sto ima i nema prostor.Mislam deka bev jasen, ako posle ova nekoj nemoze da me svati, togas samo Bog moze da mu pomogne!!!
Iskreno mene mi e stalo i te kako od reportazite na Oki i od ribarite slicni na nego....
Forumot ne odgovara za postapkite na svoite clenovi , forumot ne odgovara za sovesta na negovite clenovi , forumot ne deli stavovite so svoite clenovi itn . Forumot sankcionira nedolicno ponasanje na clenovite , forumot opomenuva sa spam , off topic . . . Ribar2011 nema vrska so forumot , ne go mesajte .. . Sekoj clen e dolzen da vnimava sto pisuva i kakvi sliki stava . Preku tie pisuvanja , sliki , nie ostanatite go ocenuvame karakterot , umesnosta vo ribolovot , mentalitetot , kulturata itn . . . me razbiras li ? Mislenje za mene ce steknes samo preku moite pisuvanja i ce doneses sopstven sud za mene . . . Koga vidam reportaza i sliki vo nea a okolu seto dzubre rastureno . . . mene mi e jasno so kakov tip na covek komuniciram , onaj sto ne sobral dzubreto koje go zateknal koga tamu stignal , nema da go SOBERE ni svoeto koga si odi .... me razbiras li sto mi e poentata ?
Zosto mislis deka trebase samo da se izbrisat slikite so linjacite ? Boris kako Admin , ako mene me prasas zgresi sto ja zakluci taa reportaza ! Im go skrati pravoto na clenovite da se izjasnat za nea sto ne e vo red .Zatoa imame i ponatamu niz temi peckanja , zadevanja ..kako so onaa mrena od 4.5kg .. . NE , sekoj ima pravo da pisuva , kade saka i kolku saka i da iznese svoeto mislenje . . temite ne zastaruvaat , zosto clen koj vcera se registriral da nema pravo da dade svoe mislenje vo reportazata so linjacite ?

Na poslednive nekolku strani ne im e mesto ovdeka , neka nekoj od moderatorite go prefrle vo lav muabet ..

Цитирам неколку коментари колку да фатам приклучок и да отворам тема. Гледам дека во Лав моабет имало моабет кој не сум го проследил, а гледам и дека повеќе форумџии погрешно ги сватиле и толкуваат некои правила на форумов, па убаво би било да појаснам неколку работи и да отворам дебата. Ќе ја искористам репортажата на Оки, за да влеземе во темата, верувам дека нема да се лути, за мене неговата репортажа раѓа позитивна дебата

1. Кога нешто не Ви е јасно, пред да пишете нешто, кликнете на Правилата на форумов (затоа што некој ги заборавил), па потоа споделете мислење. Во конкретната дебата репортажата на Оки по правилата на форумот не беше по ништо неисправна и незнам зошто некои луѓе (Goony и др) сугерираа нешто во стилот “Зошто не се тргнела репортажата и мирна куќа“....Ќе ве прашам зошто и со кое право некој ќе трга репортажа која по ништо не ги повредува правилата на Форумот. Во тие правила ние немаме ставено дека не се дозволени слики од забранети риби, или риби под мерка, или прекумерен улов на риби. Такви правила има во Риболовните основи кои мора да ги спроведуваат концесионерите. За такви работи треба да си води сметка концесионерот, чуварот и на крајот на краиштата ако они не водат сметка тогаш државата која му ја дала концесијата, т.е Инспекторатот при Мин.за земјоделие. За тоа не е надлежен Форумот, форумот спроведува правила на форумот, а не правила од риболовни основи. Форумот може да дебатира, а не да казнува за нарушени правила од риболовна основа

2. Временото тргање на таа репортажа беше грешка и тоа не го направив јас, туку некој од модераторите, но и тоа го направил со најдобра намера, а тоа е да се соберат сите модератори и во модераторска тема да се разгледа репортажата, да се види дали нешто е грешно по правилата на Форумот или не, да се разменат мислења, да се консултираме и да повлијаеме дебатата да не оди во погрешен правец, а погрешен правец е кога некои од членовите свесно или несвесно ја преминуваат границата на коментирање по тема и одат во коментирање по лична основа на друг форумџија. Така и бидна, репортажата се врати комплетна....

3. Незнам зошто некои луѓе имаат потреба (и во овој случај и во други случаи во минатото) да коментираат нешто во стилот “Му ја расипавте репортажата на човекот“. Тој што коментира на форум, поставува во некоја тема слики, видеа, изнесува мислење, дава совети, или поставува репортажа,.....своето однесување го става на очиглед на целата јавност на форумот. Тука има разни карактери на луѓе, некој се согласува, некој не, некој честита, некој прашува, некој критикува. Дали мислите дека треба да поставиме правило на форумот кое ќе каже “При коментирање на поставените Репортажи на Форумот дозволени се само следниве смешковци и зборови :bravo: :thumbs_up: :bravo: :ok_ok: :~~ :bravo: :bravo: :ok_ok: :thumbs_up: “честиткти“, “алал да ти е“, “браво“, “секоја чест' “.....за да нема “расипани репортажи“. Мала иронија секако.....Ако некој се лути на некаква криктика (во рамки на правилата на Форумот и без навреди), или на спротивно мислење и се повлекува,....тоа за мене е слабост.

4. Повторно се враќам на репортажата на ОКи како пример.....Некои сугерираа да се тргне репортажата, или да се тргне сликата. Зошто да се тргне сликата ? Сакате да моделираме форум кој е надвор од реалноста во Македонија. Која е реалноста во Македонија. Реалноста е таа дека сите ние на форумот, а уште повеќе многу други кои никогаш не влегле на форум, илјадници рибари, постојано, свесно или несвесно, со знаење или од неинформираност грешат по однос на тие правила, ловење на риба во мрест, ловење на забранета риба, зимање на малумерна риба, земање на поголема количина од дозволеното за конкретна вода, оставање на ѓубре, загадување на околина и куп други правила. И некој од Вас сега тука сугерирате да моделираме форум на кој нема да искочи ниедна таква фотографија или видео, и да не се дебатира по тоа, мислите дека тоа е правилно ? Да ставиме ли такво правило на форумот ? После такво правило и примена сигурно дека ќе може да се каже “Ејјјј на Форумот на http://www.ribar.com.mk нема ниедна слика од малумерна риба, нема ниедна слика од поголема количина на земени риби, нема ниедна слика од рибари сликани во чиста околина, нема ниедна репортажа од лов во мрест,.....алал да им е“...... НО ќе ве прашам дали таквата слика е во склоп со реалноста во Македонија ? Што сакате да претставиме дека живееме во Шведска, или реално да си погледнеме во очи, да дебатираме и да пробаме да влијаеме.

Моето мислење е дека не смееме да ги забраниме таквите работи, туку сосема спротивно дека треба да ги иницираме да излегуваат такви работи на форум и да дебатираме за таквите случувања, секако без навредување. Ако се сеќавате едно време имавме дебата за ловењето на риби во мрест. (слична тема отвори и Илија со една своја репортажа во која ловеше на Треска за време на мрест, ама кој го свати. Темата која јас на очиглед ја отворив, ја започнав со примери на луѓе кои поставувале репортажи на форумот за ловење во мрест и не почнав со други, туку лично почнав од себе, јас прв на ТАПЕТ со мои репортажи, после мене Kire, Dare, Filip kumanovec, Полизот, Akiribar , и надоле сите останати активни форумџии кои некогаш сме ловеле за време на мрест.....не дека ние нешто посебно сме направиле штета, ниту пак сме од оние кои за време на мрест носеле цели вреќи дома, туку чисто да се започне дебатата со самокритика и да се зборува за тоа,.....само ако се зборува може да се едуцираме и менуваме на подобро и себеси и другите....и тука доаѓаме до следното

5. Дали може да се менуваме во рибари со подобри рибарски манири и практика ?

Можеби Келтан ќе каже (како што има пишано погоре) “никој неможе мене да ме смени на форум“ и можеби стварно неможе никој, но јас сум убеден дека поголемиот број на членови на форумот и општо рибари во Македонија не се така тврдоглави, ниу пак се на негова возраст и можат да се сменат на подобро и тврдам дека додека постои форумот многу форумџии попримиле или зацврстиле подобро етички и морални рибарски правила. Јас тргам од себеси и од другите кои ги познавам форумџии......Ало па зар не ги гледате оние млади деца по 9, 10, 12 години кои се приклучуваат на Форумов, тие луѓе тек сега почнуваат етички да се калемат....

6. Дали можеме да имаме влијание и надвор од форумот ?

Јас тврдам дека можеме. Јас не се помирувам со констатацијата “Тоа е тоа“.....јас сакам мојата земја да успее во многу полиња, па и во риболовот, јас сакам македонските реки и езера да успеат,...не ме интересира за надвор (т.е ме интересираат позитивните примери).....Сајтот и Форумот досега имаат огромно влијание, јас тврдам и можам да аргументирам

Некој може ќе рече “Што имам јас да влијааам, си има институции, си има здруженија, си има држава, тоа е тоа, за никаде ни е македонскиот риболов, ние сме меѓу позаебаните на Балканот и неможе да се смениме.....на Форум,...на форум доаѓам да видам некоја убава репортажа, да прочитам некоја информација, да се здружам со некој кој ми годи како карактер и тоа е тоа,...што има јас да се замарам со иницијативи, акции, едукации.....што има некој да ми попува тука за малумерни риби, ловење во мрест, а мрежарине партали праат....јас ли да пуштам риба, а оние со динамит ја тепаат“......Колку повеќе луѓе вака размислуваат, толку полошо, толку побезгласна ќе биде рибарската заедница во Македонија, толку поспоро ќе се менуваат работите во МК. Ако те нема, ако не се збори, излага дека е се во ред, и се почесто ќе сањаме за ревири како Ебро, Шведска, Пелагичево, Грција.........алоооо здруженија на педери и лезбејки за секунда знаат бунт во државава да дигнат, марш да напраат, да се чуе, да се види.....а ние рибарскава заедница ќе си ќутиме, дури и на рибарски форум ќе бегаме од проблемите, нема да зборуваме, ќе си :filip: и ќе викаме, “Дај само некоја убава репортажа да видиме“ и терај понатаму...

Така ли треба да тераме колеги ?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 20, 2013 1:47 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Да си жив и здрав, право во сржта.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 20, 2013 1:53 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
еве ја најдов и дебатата за Лов во мрест која може да ја најдете на овој линк
viewtopic.php?f=104&t=2061&hilit=%D0%BC ... 1%81%D1%82

Поставена во Мај 2012

_________________________________

Еве една интересна тема која се начна деновиве за која се дигна и малку прав на форумов и меѓудругите се префрлија и некои неубави (надвор од правилата) реплики за кои ќе следат соодветни опомени за авторите, но тоа не е поентата, поентата е следна.

Сите ние растеме, се развиваме и ги надградуваме риболовните принципи кои ги имаме. Форумот на http://www.ribar.com.mk во сите овие години наназад свесно или не има влијаено за многу работи. Тоа пред се се должи на многу чуствителни дебати кои сме ги имале по одредени прашања, кои според мене се потребни (секако се додека се културни и според правилата, без лично вреѓање) затоа што преку нив сите ние се градиме.

Ако постои дебата, значи постојат и ставови, ако постојат ставови, значи некој размислувал за тие ставови, ако некој размислува ДОБРО Е ! :) има многу луѓе-рибари надвор од нашиов форум кои не ни размислуваат, така што сајтов и форумов се светлосни години пред сите други форми на здружување на рибарите, затоа што нуди демократија, дебата, отварање теми, размислување и сето тоа соодветно си влијае на свеста кај сите нас.

Овој пат темата е ловење на риба во време на мрест !

Она што е сигурно е тоа што не постои рибар кој се родил безгрешен (рибарски) и кој во текот на својата рибарска кариера нема направено некоја помала, или поголема рибарска грешка. Но секој од нас може да се менува и понатаму да помага и другите кои не го следат форумов да се менуваат.

Мојот став за ова е следен.
Јас сум против ловење на риби кои се во мрест, затоа што преку тоа се прави огромна штета по потомството на рибите, а адекватно на тоа и штета по нашето задоволство и сум решен да не одам по риба и да ловам риби кои се мрестат, или евентуално ако фатам некоја при риболов на други врсти кои не се мрестат во моментот секоја да ја вратам што побрзо во вода. Оваа заложба сега сум решен цврсто да ја имплементирам, затоа што се фаќам себеси дека претходни години и не сум бил така чист.

Не ме интересира дали други ловат и зимаат, јас ќе си држам до ставот и ќе пробам да влиајаам на секој друг риболовец да го практикува истото!

Не ме интересира дали државата, институции, или концесионери добро си ја вршат работата, јас ќе си бидам чист пред себе и пред другите, инаку ако би чекал сите 100% да си ја вршат работата, сигурно би умрел чекајќи !

Не ме интересира дали се пуштало мрежи, струкови, сертмиња, вили, па да си речам, “па добро бе он ќе фати 200 кила во мрест, што ако ја фатам 3 кила“ НЕ, мрежи, струкови, сертмиња и вили, повеќе или помалку ќе има и во наредните 100 години, дали тоа значи дека ја и сите ние треба да ловиме во мрест ??? НЕ, треба да се бориме со сите сили против тие мрежи, струкови, сертмиња и вили, но треба да бидеме чисти и пред себе. Зашто 100-тина од нас да речат ќе ги вратиме овие 1000 риби кои ги фативме во мрест, тоа значи како да сме порибиле со 1.000.000.000 (милијарда рипчиња), е сега пресметајте колку пари би чинеле 1.000.000.000 рипчиња и од што све би треба да се откажеме да собереме доволно пари за да купиме и порибиме 1.000.000.000 рипчиња. А можеме само во овие 2 месеци да се откажеме од зимање на 10 риби по човек.....ефектот е горе доле сличен.


Е сега пред да навлеземе во конструктивна дискусија, да Ви предочам дека никој од нас не бил цвеќе за мирисање во минатото. Почнувам од себе, па со сите други екипи кои изминатата година ловеле риби кои се мрестат во периодот Мај – Јуни (зимам во предвид само една година). Патем има и многууууу други кои ловеле, ама не пуштале репортажи (си знаат они самите).

(и не се депримирајте, затоа што ние сме самовили, за разлика од некои други кои воопшто не знаат што е комуникација на форум, кои вакви дискусии не ни прават.......затоа едукацијата од овде треба да ја префрлиме и на терен кон нив.......ама прво да се погледнеме себеси во очи)

П.С почитувајте правила при дискусиите, постојат санкции

значи како што реков, почнувам од себе (иако не јадам риба, сум бил учесник во злосторот, сум ловел по некое парче и не сум го вратил, ВИНОВЕН СУМ, жалам и ќе гледам да не се повтори во иднина

Чекајќи го крапот на Козјак – почеток на јуни (Борис и екипата)
viewtopic.php?f=42&t=650

Treska 19-06-2011 - Компир и други 4-ца
viewtopic.php?f=42&t=640&start=10

КОЗЈАК ПРЕКРАСЕН РИБОЛОВ И ОДЛИЧНО ДРУЖЕЊЕ 04-05 ЈУНИ
Даре и екипа
viewtopic.php?f=42&t=592

ПЧИЊА 26.06.2011
Kire и екипа

viewtopic.php?f=42&t=669


lipkovo 15.06.2011god
filip030682
viewtopic.php?f=42&t=632

Козјак 12.06.2011 Crucial
viewtopic.php?f=42&t=607



Има ли пастрмка во езерово ? (Борис и екипата)Maј. 03, 2011
viewtopic.php?f=42&t=496


Eskurzija na Kozjak 06 juni ribarottt и екипата
viewtopic.php?f=42&t=585


KAPITALEN KLEN NA REKA TRESKA (3 VIDEO) – 02 јуни Akiribar и компанија
viewtopic.php?f=42&t=565

Козјак 04.06.2011 Kire I kompanija
viewtopic.php?f=42&t=578


Нова дружба на река+пробно видео Maј. 29, Poliz, ace maksim I tomce
viewtopic.php?f=42&t=549



СЕВТЕ ПРЕКУ ЈАСЕН ДО ТРЕСКА Dean I ekipata 30 maj

viewtopic.php?f=42&t=552

Река Треска влив Македонски Брод.28.05.2011 Kire I ekipata 29 maj
viewtopic.php?f=42&t=550

КОЗЈАК 1 ЈУНИ 2011 Zlatko I ekipata

viewtopic.php?f=42&t=563



pola den na REKA TRESKA-8kg. za 8saati POPADIKA 28.05.2011 akiribar I ekipata

viewtopic.php?f=42&t=548


Буцов-капиталец Maј. 21 poliz I ace maksim
viewtopic.php?f=42&t=535



REKA TRESKA-MAK.BROD 26 maj akiribar
viewtopic.php?f=42&t=542


PRVPAT NA RIBOLOV VO GRCIJA-REKA ANGITIS(SLIKI I VIDEO)
Akiribar I nekoja ekipa 08 maj
viewtopic.php?f=42&t=512


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 20, 2013 2:17 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 10:30 pm
МислењаCOLON6506
Филип НапишиCOLON
Да си жив и здрав, право во сржта.
Da , i treba da bide ,, lepliva,, sekogas na vrvot , sekoj da procita . .. .

_________________
[ img ]
Како лови Келтан крапови ? Оди до реката и вика: ‘‘Ти , ти, и ти – надвор !‘‘.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 20, 2013 2:54 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
:lepi:

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 20, 2013 2:55 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Што се однесува до негативни примери, а во врска со темата, еве мој пример
[ img ]

Ова е мојата прва пастрмка на Козјак фатена сабајлечки.....дека беше прва и дека имав друг памет тогаш ја ставивме во чуварка и цел ден ја возевме по езеро,...нормално дека умре,дали беше во мера незнам, мерката е 40 сантими, ако била ОК, ако не била, грешен сум...но истиот тој ден освен првата пастрмка, ја фатив и втората пастрмка на Козјак,
[ img ]
....кој да ти знаел, две во ист ден, радост до даске, осмехот све кажува, тоа ретко се случува......втората земена како трофеј, како моја најголема пастрмка која планирав и да ја препарирам ама не успеав........,

ама сето тоа (радост, прва, втора, трофеј и сл) ...не ме искупува од гревот дека сум земал две пастрмки кои вкупно тежеа над 3 килограми, а риболовната основа на Козјак вика дозволено е количински пастрмка да изнесеш до 1,500 кг,... тоа значи дека двете не сум смеел да ги земам,....тоа значи дека и големата само да сум ја земел, пак ќе сум бил грешен, затоа што таа беше 2,8 кг........една жива да се вратела којзнае колку пород ќе донела

а дека Господ гледа,....од тогаш пастрмка не сум фатил на Козјак :(

ама кој не е грешен, ако секој си размисли за себе, многу примери ќе искочат,само ретки се тие што ќе си признаат и кои имаат волја позитивно да се менуваат....битно е да се признае гревот и да се гледа да не се повтори, ако сите гледаат така на работите, полека но сигурно ќе итаме за Шведска,...можеби не нашата генерација, ама бар нашите деца...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 20, 2013 3:14 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Aвг 15, 2012 11:28 am
МислењаCOLON2075
ЛокацијаCOLONKumanovo
Prestanav da pisuvam na forumot od ovakvi raboti. Znaci site sme pravele greski i sme ucestvuvale u nekoj si nedozvolen ribolov; nemanje koncesija, pregloema kolicina na ribi, lovenje vo mrest itn itn. I sega ako nekoj napravi takvo nesto UDRI po nego ispucaj se. Pa nebiva be toa taka, prvo pogledni ti sto si pravel pa potoa zbori za drugite. Totalno se slozuvam so gore napisanoto od Crveniot i ima edna pogovorka vo Kumanovo koja glasi MAGARE MU VIKA NA ZAJCA ABE MORE UShLE.

_________________
BISTRO

Vremeto tamu mi e dragoceno za da si go gubam izigruvajci deka sum Stevo Karapandza

Alliance Carp Team

Предупреден


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 20, 2013 3:17 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Даниел, ај уште еднаш повнимателно прочитај го постот на Црвен, посебно точка 3

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 20, 2013 3:18 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Aвг 15, 2012 11:28 am
МислењаCOLON2075
ЛокацијаCOLONKumanovo
Abe dovoljno procita sto poviske da citam ...

_________________
BISTRO

Vremeto tamu mi e dragoceno za da si go gubam izigruvajci deka sum Stevo Karapandza

Alliance Carp Team

Предупреден


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 20, 2013 3:44 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Daniel НапишиCOLON
Prestanav da pisuvam na forumot od ovakvi raboti. Znaci site sme pravele greski i sme ucestvuvale u nekoj si nedozvolen ribolov; nemanje koncesija, pregloema kolicina na ribi, lovenje vo mrest itn itn. I sega ako nekoj napravi takvo nesto UDRI po nego ispucaj se. Pa nebiva be toa taka, prvo pogledni ti sto si pravel pa potoa zbori za drugite. Totalno se slozuvam so gore napisanoto od Crveniot i ima edna pogovorka vo Kumanovo koja glasi MAGARE MU VIKA NA ZAJCA ABE MORE UShLE.
И што си направил со тоа што си се повлекол ? Кој е ефектот ? Целата моја реакција и цел беше да има разговор и дебата, а ти даваш пример на сосема спротивното...јас тоа не го разбирам, ама го почитувам твој став...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 12 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum