Топ е темава, и јас одамна сакав да отворам ваква тема, ама јбг. Моментално не можам да ставам слики, на работа сум, ама вечер кога ќе дојдам дома ке објавам.
Инаку многу сакам аквариум кој што има многу трева - многу зеленило. Сакам аквариумот да биде зелен, кога ќе го погледнам да ми ги одмори очите.
Инаку Волчко дека бара одржување бара, ама не претерано многу. И да ги оставиш без храна 2-3 дена немаат гајле, особено ако има треви, па може да си пасат.
А дека треба без хлор, за тоа делумно би се согласил. Најголема предност на одстоена вода, или уште подобро вода од извор/река/пумпа итн. е дека аквариумот нема да ти фаќа бигор на стаклото.
Порано многу пазев да биде одстојана вода, барем еден ден, сега не и немаат гајле. Исто така сите ми збореле (и лично сум видел) на скалар ако му падне температура на вода под 20 степени одма се превртува. Годинава закаснив со ставање на греачот, ама рибите се приспособија - не им дојде нагло ладна вода туку температурата постојано и пополека паѓаше, па и на 14 степена температураа немаа гајле.
А Мартин, ако ставиш караши и крапови во аквариумот сметај дека тревка не останува од нив. Башка многу се загадува аквариумот од нив - серат крупно
и мора многу почесто да се чисти или поголем филтер да се стави - кој пак многу брзо замирисува (засмрдува).
Интересна работа е како се приспособуваат рибите на околината. Имено, на дупките во Идризово (позади Аквариум) имав фатено караш со портокалово црна боја (некој мутант на кои фиш
). Го ставив во аквариум, бидејќи тогаш чував аквариумски караси. После неколку месеци почна да менува боја, да добива боја како другите караси - на почетокот стана целиот бледо портокалов - за на крај, пред да го дадам во поголем аквариум, стана речиси бел.