Денес поминав во една рибарница за да купам Амур за еден пријател кој спрема слава.Рибарницата работи на големо па го сваќам нередот кој што владееше таму.Сепак персоналот беше навистина љубезен со мене и на крај си добив фискална сметка иако никој не ја побара.На фискалната пишува Толстолобик.Купив 2 комада но при вагањето видов дека сеуште мрдаат.Исто како и краповите во соседниот кош.Во еден сад имаше 2-3 сомчиња од едвај 4кг.Прашувам колку е сомот,викаат 450 денари ама продаден е.Прошлата година на ова исто место ми нудеа млади крапчиња од Дојран кој што се воспостави дека се караши.Цена 160 денари.
Одам понатака и гледам пастрмки ама се многу невообичаени.Мене искрено ми заличиа на Artic Chaar и пошто не јадев ниту една во Шведска си купив 1.5 кг па нека пржи нусе.На прашање што пастрмка е ова ми викаат ПАСТРМКА МАТИЦА.
Јас викам дека немаат врска од пастрмки, а тој од шалтерот ми вика дека е поточна пастрмка
.
Еве како изгледаше пастрмката.
Исто така пред 7-8 месеци во пржилницата позади пазарчето Буњаковец гледам охридска белвица со големина од едвај 12см.Цена 600 денари а имаше куп рипчиња.
Зашто ја пишувам оваа тема:
-Знаеме ли што риба ни продаваат? Бараш крап ти бутаат караш по 160 денари.Ти продаваат пастрмка за која и самите незнаат како се вика.
-Од каде толку свежа риба? Јас колку што знам нема во близина рибник со Толстолобик па да биде жив.Можеби сум во грешка.За крапот мислам дека е возможно.
-Минимални мерки.Сом од 3-4 кг можеби за некој е голема риба ама за сомџиите е мало бебе.Охридска плашица од 12см е голема риба ама не и охридска белвица
.
А јас оваа пастрмката што ја купив ќе си ја јадам и ќе си пеам:А НИТУ ИМЕ НЕ ТИ ЗНАААМ
Ima eden ribnik posle Kichevo od desnata strana od patot ima pat koj vodi do nego(neznam kako se vikashe mestoto),tamu odgleduvaat vakvi pastrmki a i makedonska(potochna) i ohridska letnica.