www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Нова мрежа од 1000 метри на Велешко езеро http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=57&t=508 |
Страна 1 oд 1 |
АвторCOLON | Boris [Пет Maј 06, 2011 8:36 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Нова мрежа од 1000 метри на Велешко езеро |
Минатата година во Септември, рибарите остана вчудоневидеоно после информацијата фаќањето на 1500 метри мрежа на Велешко езеро и како и кој се дрзнал на таков чекор. Сепак тоа не било крај за арамиите. Најнова вест, од пред неколку дена Запленета рибарска мрежа долга над 1000 метри на езерото Младост Превземено од “Лисица“ Чуварската служба при Здружението на спортски риболовци „Бабуна"од Велес и припадниците на полицијата изведоа успешна акција на езерото Младост. Запленија мрежа за нелегален улов на риба долга над 1000 метри. Истата според рибочуварите била поставена на почетокот на Езерото. Тие претпоставуваат дека ја забележале многу брзо само еден часа по постаувањето, затоа и уловот на риба во неа не бил голем, во спротивно со мрежа долга над 1000 метри мoжно е да се направи огромна штета на рибниот фонд и само во една вечер од езерото да се извадат стотици килограми риба. „Мрежате беше поставена на очетокот на Езерото Младост ,кај заливот. Претпоставуваме дека е околу еден час пред да дојдеме ние и со оглед на должината мислам дека ќе се направеше огромна штета на рибниот фонд", вели Томе Илиевски секретар на ЗСР „Бабуна". Чуварите во мрежата пронашле и еден капитален примерок на риба од видот Амур. Рибата која се заплеткала во мрежата била долга осумдесетина сантиметри , а тешка 21 килограм. Од Здружението „Бабуна" апелираат до спортските риболовци ,да ја почитуваат забраната за риболов ,посебно сега кога е период на природен мрест, но и да пријавуваат кога ќе забележат дека во езерото рибократци поставуваат мрежи. „ Им порачаме на рибокрадците дека контролите на чуварите и полицијата се засилени ,а казните се ригорозни", вели Илиевски. Борбата против рибокрадството продолжува. Последната рунда ја добија чуварите. _______________________________________________________________________________ За да биде трагедијата поголема, видете само каков Амур се заплеткал во мрежата. Тоа е Амур поголем од сите Амури што ги фатија Полиз, Јупи, Дацо и грчкиот колега лани во Грција- репортажа која со право остана како најдобра за минатата година. Сега гледаме дека такви амури има и кај нас и со право се прашваме колку од нив завршиле во ваквите мрежи. Во исто време тоа е и добра прилика да увидиме какви трофеи може да имаат нашите води само ако не се остават на милост и немилост на ваквите арамии, ако се порибат и чуваат . Секоја чест за Здружението на спортски риболовци „Бабуна" од Велес и припадниците на полицијата, поздрав до следната ваква акција. Поздрав и до колегата од Велес за информацијата. |
АвторCOLON | PERUN [Пет Maј 06, 2011 9:27 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Нова мрежа од 1000 метри на Велешко езеро |
strasno e ova sto ni se sluciva so ribokradcive,kakva smelost 1000m mreza,pa za toa mora nakolku saati da se pusti a duplo poveke da se sobere ili obere c c c majkata nivna,pa budali li se krapgiive sto davaat po 1000-2000 EU za solidna oprema i vo suplivo da frlaat,jas mislam deka tie sto pustile mrezi ne se sami organizirano e toa,vrzana rabota imaat tie nekoj grb ne se pusta tuku taka tolkava mreza,alal da im e na ribocuvarite sto gi presekle.Nesakam ni da pomislam ako ja pustale do sega nekolku pati kolku riba unistile. |
АвторCOLON | Баџо [Пет Maј 06, 2011 11:43 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Нова мрежа од 1000 метри на Велешко езеро |
Sekoja cest za kontrolata na Babuna! BRAVO MOMCI !!! |
АвторCOLON | Lepi [Саб Maј 07, 2011 12:01 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Нова мрежа од 1000 метри на Велешко езеро |
... Перун, да ти кажам нешо: рибокрадцине не давет пари за мрежи, туку од запленетите мрежи кои одат во Полиција, некој тамошен полицаец им ги дава под рака назад Да бе брат, така е то, све си е наместено и врзано ко шо велиш. Јеби га |
АвторCOLON | PERUN [Нед Maј 08, 2011 9:27 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Нова мрежа од 1000 метри на Велешко езеро |
valjda ne e do tolku organisirano ako e taka ko sto vikas site se vmesani |
Страна 1 oд 1 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |