Борбата против мрежарите продолжува, а риболовците се повеќе и повеќе го дигаат својот глас !
Со оглед на тоа што борбата против рибокрадството и мрежарството на терен е тешка и макотрпна работа, активистите на РИБАР 2011 овој викенд удрија во корен на ова зло, по продавниците за “риболовна опрема“ кои со продавањето на мрежи го подржуваат најголемото зло за македонските води и риби.
Викендов беше спроведена голема акција за пронаоѓање и заплена на мрежи и мрежички во продавниците во Прилеп. Акцијата беше резултат на бројни дојави на риболовци од Прилеп и прилепско, организирана од страна на активистите за борба против рибокрадци на РИБАР 2011 и подржана од претставници на овластени државни институции.
Од четири продавници во кои се влезе, мрежарската опрема беше најдена во две продавници и истите добија соодветни пријави, а останатите две беа чисти и за истото им честитаме и благодариме.
Во првата продавница се најдоа...
над 70 мрежички-вештерки.
Сопствениците изразија искрена жал за истото и уверување дека нема да се повтори.
Втората продавница во која се најде цел арсенал на мрежи беше продавницата на “близнаците“ во Трговскиот центар.
Сопствениците не изразија посебна жал за истото, додека траеше потрагата по мрежи во дуќанот, постојано лажеа дека немаат други мрежи, а мрежи искачаа од сите страни на дуќанот.
150m
Во оваа продавница беа најдени:
16 големи мрежи од по 30 метри ;
Една голема мрежа од 150 метри ;
6 мрежи за писи ; и
33 мали мрежички – вештерки.
Сето тоа на еден од одговорните во еден момент дури и смешно му беше. Можеби смешна ќе му биде казната од 2500-5000 евра, но сигурно нема да му биде смешна реакцијата од риболовците на кои им продава риболовна опрема. Во оваа насока, им порачуваме на сите добронамерни риболовци од Прилеп и регионот, добро да размислат дали во иднина ќе пазарат од овој дуќан.
Казната од риболовците е најголемата казна за сите продавници за “риболовна опрема“, затоа што од нас го вадат лебот. Ако се декларирани како такви, нека продаваат риболовна опрема, а не мрежарска опрема. Оние кои продаваат мрежи, работат незаконски, го кршат законот, работат против интересите на риболовците и директно го подржуваат најголемото зло за водите и рибите во нив – МРЕЖАРЕЊЕТО, од кои се испустени нашите води.
Со тоа, тие работат против РИБАРИТЕ, а РИБАРИТЕ тргнуваат против НИВ, рекцијата е нужна и сосема логична....
МРЕЖАРИТЕ НА ТАПЕТ !
Љубителите на риболовот се се посвесни за нивната моќ и во таа насока ги повикуваме на мејлот ribarkontakt@yahoo.com, или кај концесионерите на ревирите да ги пријавуваат сите вакви и слични појави на продажба на мрежи, мрежарење и друг вид на рибокрадство и да учествуваат во акциите против рибокрадците.
Борбата против МРЕЖАРЕЊЕТО продолжува !
www.ribar.com.mk, заедно со здружението РИБАР 2011, заедно со сите други свесни здруженија и риболовци стојат позади оваа борба и истата ќе продолжи !
Голема благодарност за сите кои на свој начин дадоа придонес во оваа акција, до оние кои споделија информација, до оние кои беа присутни на терен и секако до самите претставници на овластените институции.
Bravo decki za akcijata taka treba vo celata drzava da se raboti site zaedno da stavime kraj na mrezarite apel do ribolovcite poveke da ne pazaruvaat od vakvi prodavnici da znaat sto izgubile deka parite od mrezarite ke gi dovedat vo propast
_________________ pod golemite kamenja golemite mreni se krijat
За мрежички од 40денари сега казна од најмалку 2000 евра. Епа нека си ја направи математиката дали во животот продал толку мрежички за да му се исплати казната!
_________________ Дајте му на човек риба и тој ќе има храна за еден ден, научете го како да фаќа рибa и сте се ослободиле од него за целиот викенд
Toa e toa !!!ce si platat....ama mene mnogu me interesira ,do kade e "osteten cenovnik"(mislam se vikase).zatoa sto toj sto ja pravi stetata ,ja plasira mrezata ,izlovuva,pecali itn da plati samo 700 eu(primerot od globocica)a pravi direktna steta a ovoj za nedozvolena trgovija 5,000.
toa koga ce vleze vo igra ..ce go boli gz nekogo!
probuvaat nesto sramezlivo da go sredat i lovot (puskarive)
itoa so golemi akcii na odredeni reoni .
_________________ se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум