www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Maј 18, 2024 8:54 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS34567ELLIPSIS11»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 02, 2011 2:12 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Oкт 24, 2011 8:06 pm
МислењаCOLON219
ЛокацијаCOLONБитола
Од Царинската управа на Македонија информираат дека нивните мобилни тимови спречија уште еден обид за криумчарење на свежа охридска пастрмка од Албанија во Македонија преку граничниот премин „Ќафасан“.

Вчера околу 14,30 часот за влез во земјава се пријавил камион со албански регистарски ознаки, управуван од лице со иницијали П.Д, албански државјанин. Возилото било товарено со никелова руда наменета за фирма-увозник од Кавадарци.

При контрола на возилото, во торба на горниот кревет во кабината биле пронајдени 43 килограми свежа охридска пастрмка, а во сандакот за алат од надворешната страна од камионот биле пронајдени уште 12 килограми, или вкупно 55 килограми.

По откривањето на случајот, известена е граничната ветеринарна инспекција за вршење на соодветен ветеринарен преглед, по што било констатирано дека стоката не е безбедна за човечка употреба и согласно законските прописи, донесено е Решение за нејзино безбедно уништување.

Против возачот ќе биде поднесена прекршочна пријава.

Ова е втор ваков обид откриен во изминатите неколку дена.

_________________
Фрли рипче, фати Крапче....


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 02, 2011 2:57 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm
МислењаCOLON1221
ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
Veleso НапишиCOLON
Од Царинската управа на Македонија информираат дека нивните мобилни тимови спречија уште еден обид за криумчарење на свежа охридска пастрмка од Албанија во Македонија преку граничниот премин „Ќафасан“.

Вчера околу 14,30 часот за влез во земјава се пријавил камион со албански регистарски ознаки, управуван од лице со иницијали П.Д, албански државјанин. Возилото било товарено со никелова руда наменета за фирма-увозник од Кавадарци.

При контрола на возилото, во торба на горниот кревет во кабината биле пронајдени 43 килограми свежа охридска пастрмка, а во сандакот за алат од надворешната страна од камионот биле пронајдени уште 12 килограми, или вкупно 55 килограми.

По откривањето на случајот, известена е граничната ветеринарна инспекција за вршење на соодветен ветеринарен преглед, по што било констатирано дека стоката не е безбедна за човечка употреба и согласно законските прописи, донесено е Решение за нејзино безбедно уништување.

Против возачот ќе биде поднесена прекршочна пријава.

Ова е втор ваков обид откриен во изминатите неколку дена.

Абе све си ебало мајката !!! Точно се спремаат за нејзино НАЈБЕЗБЕДНО УНИШТУВАЊЕ................... На која ли маса само ???

_________________
Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 03, 2011 8:38 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Датум: 02.11.2011, 18:41
МАСАKР НА ТРЕСKА

Наместо на мрест, пастрмката во мрежа



Пастрмката им ја продаваат во рестораните по цена од 300 до 600 денари за килограм. Во Охрид достигнува цена и од 800 до 900 денари, каде што речната пастрмка потоа им се служи на „посебни“ гости како охридска, по цена од 1.800 денари за килограм порција

На пастрмката во Треска ~ се заканува масакр. Жителите на селата во Kичевско и во Општина Другово деновиве се вознемирени поради претстојниот мрест на речната пастрмка и се плашат дека ќе се повтори бездушното ловење на тони и тони матици, што се случува секоја година од ноември до јануари. Особено е критично едно место близу до мостот на патот Kичево-Битола, кај селото Другово, каде што реката е преградена со брана, а пастрмката не може да ја прескокне за да се мрести во горните текови. Мештаните предупредуваат дека таа таму останува заглавена во големи јата, каде што е лесен плен на доброорганизирана група рибокрадци, кои не избираат средства. Во својот крвав пир користат динамит, отрови, харпуни, мрежи, сотки...

Поопширно во нашето печатено или во електронското издание на Дневник.

Ова изгледа со рибокрадциве-криминалците стана секојдневие :twisted: :cry:

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 03, 2011 9:18 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Борис, еве ти една фина локација, во текстот на Кире ;)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 03, 2011 3:19 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jул 03, 2011 12:48 am
МислењаCOLON312
I ne semo kaj Drugovo, tuku i kaj seloto Plasnica i podolnite sela se tamani pastrmkata (zamislete na ovie temperaturi gnjurat vo virovi i gi tepaat so harpuni :shock: ).
Od ribar pobudala e samo ribokradec :!:

_________________
PRAV PECAROS NE BIRA RIBI
Debeli-Slabi, Stari-Mladi
Bitno da ima TURI (FRLI) - VADI


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 04, 2011 10:07 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
од Дневник:

Пастрмката плива грбно

Таа ќе тргне на долго свадбено патување за да ја оствари својата биолошка цел и да положи икра и млеч во плитките и чисти брзаци. Ќе мора да совладува многу пречки, создадени од најголемиот непријател - човекот. Иако сака само чиста вода, до мрестилиштето мора да плива и низ фекалии и хемикалии, а ќе наиде и на многубројни прегради и брани. Сепак, ќе ги положи своите икри...

Речната пастрмка е македонско природно наследство и природно богатство. Таа е благородна риба, знак дека водата во која живее е чиста. Пастрмката е национална гордост, симбол на Македонија, овековечена и на монетата од 2 денара. Горди сме што ја имаме, но што правиме за да ја зачуваме?

Оние што живеат во околината на природните мрестилишта се избезумени поради фактот дека пастрмката за десетина дена ќе се качи во горните текови на помалите притоки на Треска, каде што ќе падне директно во рацете, мрежите и харпуните на немилосрдните рибокрадци што со години наназад немилосрдно ја уништуваат во најчувствителниот период. Немоќната риба се собира во големи јата во вировите под речните брани, каде што ја чекаат динамит, отров, стапици, мрежи, а секој обид за прескок на пречката завршува со фатални удари со стапови, вили...

За ова злосторство против природата се знае со години, а надлежните го толерираат. Додека сите предупредуваат дека во Треска се ништат капитални примероци од матици, нашата полиција две години не успева да фати ниту еден криволовец, а од Министерството за земјоделство и водостопанство не се чувствуваат ниту повикани да одговорат на нашите прашања за заштита на рибата. Со ваков однос добро е што можеме и да зборуваме за пастрмки во сегашно време, оти многу лесно тоа може да стане неславно минато. Особено што на една пастрмка ~ се потребни повеќе години да нарасне еден килограм и затоа што не фрла многу икра, а од неа само мал дел успешно се оплодува.

Наместо од пастрмката салмо македоникус да создаваат национален бренд, со кој ќе привлекуваат туристи на атрактивен спортски риболов, надлежните ја чуваат традицијата на бездушниот криволов. Што треба за да се разбудат? Ако апелот од домашните медиуми не е доволен, можеби да дојдат Би-би-си или „Анимал планет“, па да н` распалат по светот за глупоста што ја дозволуваме?

Знаете ли дека во Македонија пастрмката пред мрест се наденува на вили?

Соња Христовска

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 04, 2011 2:14 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jул 03, 2011 12:48 am
МислењаCOLON312
Abe pak kuchinjata si laat - karvanot si vrvi !
Nikoj ziv ne slusha.
Dodeka ne zaigra bezbolicata nema opravanje.

_________________
PRAV PECAROS NE BIRA RIBI
Debeli-Slabi, Stari-Mladi
Bitno da ima TURI (FRLI) - VADI


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Ное 13, 2011 11:46 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jул 17, 2011 10:37 pm
МислењаCOLON1136
ЛокацијаCOLONСкопје
Vo momentov sum na SMILKOVSKO EZERO, kaj selo Smilkovo, skopsko... stotuku si vleze decko so camec i si gi vlece mrezite, imase nekoja inicijativa na forumov deka ako vidime ili znaeme nekoj da go prijavime, no ne mozam da go najdam toj post, pa zatoa tuka pisav, pozdrav

_________________
ZSRRK "VARDAR"


Кој си знае, си вади риба и преку манила.

Pozdrav do site fanovi, Ve sakam site ! :D


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Ное 13, 2011 2:19 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jул 03, 2011 12:48 am
МислењаCOLON312
Go snimashe li ?

_________________
PRAV PECAROS NE BIRA RIBI
Debeli-Slabi, Stari-Mladi
Bitno da ima TURI (FRLI) - VADI


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Ное 13, 2011 10:42 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jул 17, 2011 10:37 pm
МислењаCOLON1136
ЛокацијаCOLONСкопје
dosta odalecen bese vo momentot koga stignav do telefonot, imam nekolku sliki ke uploadiram, ama neznam za kvalitet... inace deckoto vleze na 20tina metra od nas so camec i si fati uste od pocetok struk da si vadi, ponataka i mreza izvadi....

_________________
ZSRRK "VARDAR"


Кој си знае, си вади риба и преку манила.

Pozdrav do site fanovi, Ve sakam site ! :D


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS34567ELLIPSIS11»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 5 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum