www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 27, 2024 2:34 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 10, 2012 12:40 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Концесионерите со најголеми проблеми во своето работење се соочуваат кога е во прашање заштитата на рибниот фонд.
Како главен фактор за развој на рибокрадството можам да ја издвојам невработеноста во РМ. Но, проблемот со невработеноста не сме во можност ние како риболовци, или како концесионери, да го решиме. Од друга страна истата таа невработеност продуцира и сиромашни концесионери.
Но, што е тука е. Мора да се мисли со тоа што се има да се постигне максимумот.
Кои се другите фактори кои влијаат на успешната заштита на рибниот фонд? Кои се работите што сме во можност ние како риболовци, како концесионери да ги менуваме и да ги насочиме во интерес на заштитата на рибниот фонд?
Еве јас ќе се осврнам со моја анализа на два проблеми, а во исто време ќе пробам барем да се приближам до решението на истите.

неинформираност на граѓанинот од потребата да се заштитат водите и рибите во нив
Многу често се наоѓам во ситуации кога случајни минувачи ги храбрат рибокрадци во нивниот криволов. Обични луѓе, кои со ништо не се поврзани со риболовот, ги известуваат рибокрадците дека доаѓа контрола. Ова е нешто што најмногу ме боли од причина што свеста на луѓето не е развиена до потребното ниво со што би сватиле дека тој некој прави прекршок. Тој некој, дирекно или индирекно, му прави штета и него и на сите нас. Како размислуваат овие луѓе? Овие луѓе мислат дека не е никаква штета доколку некој улови риба, па макар тоа било и со мрежа, па нека биде и еден тон... Природата ќе надомести, си велат.
Пред повеќе години во разговор со еден рибокрадец од една негова реченица научив многу кога е во прашање нивното размислување. На прашањето: како не му е жал да лови клен во мрест со пуштање на огромна мрежа со која ја загради цела обала и улови можеби еден тон риба, ми одговори: „Борба за живот. Некој има овци и од тоа живее, а ние имаме мрежи и од нив живееме.“ Се прашувам како можеше да ја направи оваа споредба? Дали мисли дека рибите од езерото се негови само затоа што тој живее покрај езеро или пак мисли дека езерото е непресушен извор на риби? Или пак работава е „после мене - потоп“?
Овај пример е илустрација и на размислувањето на обичниот човек. Вака размислуваат и луѓето што немат никаква допирна точка со риболовот, луѓе што сакаат да видат риба само во чинија.
Има многу примери да се набројуваат, но не ми е тоа целта. Уште накратко сакам да кажам дека имам затекнато мајка со дете од 9-10 години, каде што детето со трокука лови риба, а мајката ги чува рибите и воопшто не е свесна дека нејзиниот малолетен син прави прекршок.
Би прашал зошто ова се случува?
Мое лично мислење е дека коренот на овој проблем е неинформираноста на граѓаните.
Решение? За подобрување на ситуацијата во заштитата на рибниот фонд е неопходна агресивна медиумска кампања. Медиумска подршка на концесионерите во борбата со рибокрадците и акциите за порибување. Константна и агресивна медиумска кампања каде ќе се објавува секое едно порибување, секоја акција за спречување на рибокрадство, еколошки акции и сл. Секогаш кога е можно треба да се испрати порака до обичниот граѓанин дека заштитата на рибниот фонд е јавен, а не личен интерес. Што повеќе се слуша за заштита на рибниот фонд, подобра ќе биде заштитата. Се надевам дека и мајките ќе почнат да ги караат децата доколку почнат да носат дома недозволен риболовен алат, наместо да им помагаат при криволовот. Замислете колку би се смениле работите доколку, после агресивна медиумска кампања, луѓето сватат дека рибокрадството е сериозен криминал? Замислете колку би било од помош кога барем половина од луѓето што забележале рибокрадство пријавуваат кај концесионерите, ДИЗ или МВР. Да направам една груба споредба. Секој што ќе забележи уништување, на пример, на некој парк или споменик, одма ќе реагира и ќе пријави во полиција. Зошто во моментов ова не е случај со рибокрадците? Еден од 100 луѓе што забележале криволов можеби ќе се сети дека тоа е кривично дело и ќе ги извести институциите, и пак ќе нагласам, можеби !!! Другите 99 ќе му помогнат да не биде фатен. Која иронија.
Од досегашно мое скромно искуство, убеден сум дека ова ќе биде тешка задача и дека медиумите нема да трчаат по концесионерите и да бараат информација од нив. Треба концесионерите да трчаат по медиумите. Дури и во ваква ситуација, кога концесионерите молат за медиумска покриеност, е тешко да се пласира некоја вест во националните телевизиски куќи. Како би го решиле овој проблем? Можеби МРФ треба да се заангажира повеќе околу ова прашање преку комисијата за информирање? Можеби концесионерите треба да се малку понастојчиви? Како и да е, локалните медиуми објавуваат вакви информации, а во иднина ќе мора да се направи стратегија како да се биде интересен и за поголемите медиуми. Големите медиуми ќе бидат присутни кога на тие настани би присуствувале или би дале изјава некои „поголеми“ личности, на пример политичари, директори, претставници на федерацијата, претставници на Државните институции и т.н. Мора да се даде тежина на настаните, другото ќе си дојде само по себе.
Како позитивен пример за големото значење на медиумите ќе го спомнам сајтот http://www.ribar.com.mk , од каде произлезе здружението ЗРСРК РИБАР 2011 и од каде што произлегуваат повеќе иницијативи и идеи со што се придвижуваат многу работи поврзани со риболовот. Но во овој случај се едуцираат исклучиво риболовците, а не сите граѓани. Значи треба и други медиуми. И тој што не сака да слушне, да мора да слушне.

(не)соработката помеѓу концесионерите
Концесионерите мора да имаат рибочувари. Рибочуварите мора да се опремени со неопходната опрема, доколку сакаме да бидат ефикасни. Но, дали ефикасноста ќе се зголеми доколку концесионерите соработуваат меѓусебно? Несомнено дека повеќекратно ќе се зголеми ефикасноста на рибочуварските служби, но како да ги убедиме концесионерите дека треба да соработуваат? Кој е тој што може да влијае на концесионерите и да ги натера да соработуваат? МРФ преку комисијата за заштита на рибниот фонд, можеби?
Или можеби е најдобро да се направи регионален сојуз на здруженија? Малку се тие што со дело сакаат да придонесат за заштита на рибниот фонд и мора да се здружaт за да бидат поефикасни. Требаат дела, а не зборови. Резултатот ќе биде видлив кога сите ќе ги ставиме проблемите на маса и кога заеднички ќе одиме чекор по чекор кон решавање на проблемите. Не може уште утре да почнат да цветаат рози. Треба да помине време. Ова треба да ни е јасно. Но, треба секој ден да биде подобар од изминатиот. Во тој случај времето сме го искористиме за изнаоѓање на решение за проблемите, паметно сме го инвестирале.
Кога веќе спомнав сојуз на здруженија. Мислам дека таквиот сојуз би бил од голема корист на помалите здруженија. Помалите здруженија организирани во таков сојуз би биле посилни во заштитата на рибниот фонд, поатрактивни за медиумите и повлијателен во МРФ со што многу полесно би влијаеле при носење на одлуки, а со тоа би ги оствариле своите интереси.

Ова се само некои анализи, на некои идеи, за решавање на некои проблеми.
Се додека нема ништо на дело ова ќе остане само како некои зборови напишани од некој Емил.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 10, 2012 1:00 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Jун 18, 2012 10:22 am
МислењаCOLON2221
ЛокацијаCOLONSkopje , Macedonia
Samo jaki kazni i sudski zavrsnici , Makedonikus clasic e dodeka ne izgorat
10 - 20 javno belezani osobi od ovoj rod , tesko deka so reklama ke im stavis vo glava
Deka treba da cuvaat zivotna sredina , mozebi bi polmognala mediumska kampanja ako Grujo licno
Dojde na krapski kup ,pa izvadi parabolicite i se razmava so raketi , pa da se slika so krapco 10 kg. I da go baci
I vrati vo voda , drugo se e djabe vezenje :(
Toj sto eljubitel na ribite e ljubitel na prirodata i ocite na toj covek sekogas ke bidat vpereni ostro i
kon najbanalen zagaduvac ( frlac na pikavci ili plujkac na ujlica) a za krivolovec da ne zboram do krven neprijatel kaj neki osobi moze da dojde . nego najdobra investicija e mladinata da se uci na ribolov so toa potsvesno stanuva i cuvar na prirodata i ribolovnata etika .

_________________
MATCH TEAM SV. STEFAN - OHRID


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 10, 2012 1:34 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 1:26 am
МислењаCOLON170
ЛокацијаCOLONн.ИЛИНДЕН
Куќа од темел се гради а не од кров,како прво сепарации кој како им текне таму прават,помор на риба на ПЧИЊА и БРЕГАЛНИЦА има секој месец прво тоа средете го па после зимајте трски по ПЧИЊА ставајте слики, ти пишав на пп пред мои очи со чамец на пчиња пуштаа мрежи ама ништо од тоа не ве интересира сигурно се тие ваши луѓе :hit_head: :hit_head: :hit_head:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 10, 2012 8:55 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONВто Maр 08, 2011 6:49 pm
МислењаCOLON374
Akcijata vo Ohrid e odlicno izvedena znaci stom moze tamu intervencija od policijata ke pobarame i vo Stip za Bregalnica nie sekako si gi ceslame aramiite vaka ako ni pomogne i policijata jas garantiram deka ze tri meseci Bregalnica ke ja iscistime od ovie divi luge

_________________
pod golemite kamenja golemite mreni se krijat


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 10, 2012 10:55 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Jун 18, 2012 10:22 am
МислењаCOLON2221
ЛокацијаCOLONSkopje , Macedonia
Ribarott , ajde da se drzime do temava i da ne ja vrtime nakaj Vardar ili pcinja ,
znaci generalno sto i kako da se postapuva so konkretni resenija , ne deklarativno i na pamet zborenje .

_________________
MATCH TEAM SV. STEFAN - OHRID


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 10, 2012 3:58 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 1:26 am
МислењаCOLON170
ЛокацијаCOLONн.ИЛИНДЕН
Druze ne e na pamet zborenje kaj tunelite na pcinja sekoj den se pustaat mrezi,jas ti kazuvam toa sto sum go videl.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 10, 2012 4:02 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Па ние со факти Ви кажуваме дури и со слики, а вие одново на памет сме збореле,навистина не сте јасни :foottap:

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 10, 2012 6:52 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jун 26, 2011 9:24 pm
МислењаCOLON674
ЛокацијаCOLONLabunishta Struga
Kako naseto zdruzenie i na koj nacin go stiti ezeroto, fakticki sekoj ribolovec e ribocuvar sekoj se grizi za ribata kako i za sumnitelno dvizenje od poedini lica ili sumnitelno dvizenje od camec kade sto se sledi se dodeka ne se utvrdi deka camecot ili liceto e sportist ili slucaen minuvac. Dokolku liceto e sumnitelno i se utvrdi deka pravi krivolov se kontaktira so ribocuvarot i se organizira akcija, vo taa akcija 90 % ucestvuva i ribolovecot koj sto go sledel ribokradecot.
Pokraj 15 te ribocuvari volonteri beja izdadeni uvlastuvanja na uste 10 ribolovci volonteri i beja zadolzeni so dnevni dozvoli i imaa instrukcii sto e nivnata rabota i vo nikoj slucaj ne smeea da ja zloupotrebat ( imase eden slucaj na zloupotreba od edno lice no za brzo bese odstraneto od timot kade sto izbrkalo ribolovec od ezeroto istiot "divjak" na Aki i Kircask sakase da gi izbrka no e odstraneto od zdruzenieto i ne e pozelen ) Stosakam da kazam ako ne sorabotuvaat ribolovcite so zdruzenijata tesko deka ke ima uspeh vo toa zdruzenie sekoj treba da se grizi i da zastituva pred se da ostavi vpecatok so odnosot prema ribolovecot ;) Organiziranje pocesto nocni akcii na sobiranje mrezi i toa so tolpa ribolovci najmalku 10 , vleguvanje vo voda so najmalku 2 motorni camci logistikaod breg, sorabotka so instituciite (DIS, MVR i drugi) samo taka mozi da se sozbie kriminalot

_________________
[ img ]
www.facebook.com/crndrim


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 10, 2012 8:26 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Jун 18, 2012 10:22 am
МислењаCOLON2221
ЛокацијаCOLONSkopje , Macedonia
RESPECT - CRN DRIM :) :bravo:

_________________
MATCH TEAM SV. STEFAN - OHRID


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Дек 11, 2012 3:19 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
еве од мене неколку зборови:

Зошто волкот си е дебел во вратот, зашто сам си ја врши работата - јас да сум концесионер не би барал помош од федерација (иако е добредодена), ниту од некој друг кој не е директно инволвиран. Концесионерот треба сам да си се организира, секој двор е карактеристичен сам за себе, концесионерот треба да си се организира добро и да ги покрие следниве полиња

- Човек кој знае да комуницира со институции, кој знае добро да склопи известување, барање, молба и сл, кој ќе ги труе надлежните институции, од прва до последна со проблемите на терен и ќе бара нивна асистенција, помош и сл. (може нема да упали од прва, ама од трета сигурно). Ако тој некој во институцијата МВР, ДИЗ, Земјоделие, постојано прима издржани барања за некоја работа, истиот кога тогаш ќе реагира. Последната акција во Охрид покажа дека и Началник може да падне за рибо-криминал, така што било кој може да падне, ова е само пример, концесионерите имаат куп проблеми и куп надлежни институции, - значи треба постојани дописи до институциите
- Правник кој добро ја разбира проблематиката, законите и праксата од споровите поврзани со риб.криминалот, кој ќе знае добро да ги информира прво своите во друштвото, како, кога и што треба да се направи за да друштвото има добри и несоборливи докази за рибо-криминалот, а понатаму да знае да склопи и да учествува во судскиот спор, со цел да се казни криминалот
- Медиуми - не проаѓате во медиуми, се додека не ги убедите дека за одреден проблем стојат голем број засегнати луѓе, а тоа засега тешко им оди на здруженијата. Евенетуално би поминал некој креативен начин на организирање, настан, допис и сл.што би им бил интересен на медиумите
- Неинфрмирани граѓани - точно, се слагам со Емил, ама ако одиме со тоа дека неможеме да пројдеме на вести на МРТ, СИТЕЛ, КАнал 5, Алфа, или незнам која телевизија - пропагандата мора да прејде на терен. Флаери господа, моабетот сме го правеле неколку пати, флаер кој кажува што е забрането со закон, дека е казниво и колкава е казната и овие флаери директно да се пласираат во дворовите на луѓето во селата, населбите кои се дувло на рибокрадци, за да се информираат и они и нивните соседи кои си мислат дека фрлање мрежи е ОК. Покрај флаери, добро е и мини плакатчиња,....налик на оние кои Илија ги постави на бандерите и дрвата на Треска “Забрането ловење“, еднаш ќе ги скинат, повторно ќе стајте, пак ќе ги скинат, пак ќе стајте и доволно, луѓето ќе видат


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum