Самир, гледај си твојата мака пријател. Не се замарај со мене.
hehehehe emil vo potpolno pravo si samce ne si ja gleda negovata maka nego se zamara so probuseno kajce koj sto zasto go probusile sto za zal toa e tvoj problem.
ako zborime tuka za probuseni privatni kajcija togas kraj ce nema temava
Sega so koj camec ke me vozis Emil?Podobro da si kupis MAESTRAL pa po sekoe vozenje da si go spakuvas i nosis doma.Nemaj gajle jas kolava ako ja slikam ke vidis kako e ispogrebana i naskrtana so sajka.Ke izdrzime toa ni e vo krvta.Pozdrav i se gledame naskoro.
РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
Денес добив писмо од МВР Охрид дека против мене, Танче - рибочуварот и против лицето С.Д. - рибокрадец ќе биде спроведена судска постапка за нарушување на јавниот ред и мир.
Имено, на 13.06.2013, јас и Танче го затекнавме лицето С.Д. со сертме и притоа му го одзедовме истото и спроведовме судска постапка за делото (сега на 03.12.2013 бевме на суд со него). Истото лице уште тогаш во МВР ПС Струга не пријавило дека сме го тепале, па со Танче бевме на сослушување повеќе од 1 час додека се објаснивме со инспекторите дека немало тепање, туку само му е одземен забранетиот риболовн прибор, при што имаше мала расправија и тргање, држење, но никако удирање. Од инспекторите во полиција тогаш ни беше кажано дека С.Д. доставил медицинска белешка со која се потврдува дека на тој ден бил во болница веднаш после настанот и примил терапија за смирување, но не доставил никаков документ за нанесени телесни повреди, па ни беше кажано дека нема да имаме никаков проблем.
Денес добиваме писмо од МВР Охрид со кое тројцата ќе одговараме за нарушување на јавниот ред и мир поради карање и викање на јавно место ????
Се можев да очекувам, ама ова ниту на сон
Совет од мене: ако видите дека некој краде во маркет, пазарче ... од кај вас дома, од вашата фирма ... или ... никако немојте да викате и да се карате со него ... може да заработите пријава од МВР.
Ќе ги објавам и видеата од настанот, само да ги најдам во компјутеров.
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
Emil imas pravnici na forum eve Alek e advokat ama nesto mi go nema na forum....I dali moze nekoj da mi kaze sto e narusuvanje na javen red i mir i za koe mesto vazi....
како бе рибочуварот(овластено лице ) на работно место - пријава за ЈРМ , значи ако некој го нападне никако не смее ПОМОШ да вика гласно затоа што освен ќотекот и казна ке јади
ова мора некој превид да е - не ми штима некако работата
_________________ -------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------
РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
Еве детали:
Ова е делот од Службената белешка за случајот со Слободан, во оригинална верзија. Ова е доставено и до МВР кога бевме на сослушување по пријавата од Слободан дека сме го тепале, а истото е доставено и до ДИЗ за покренување прекршочна постапка, за која веќе чекаме одлука од судот во Струга затоа што на 03.12.2013 се одржа судењето.
ЦитатCOLON
Во 20.10 часот, во близина на погонот што е изграден наспроти колекторот во с. Ложани, случајно е забележано непознато лице како скришно ја набљудува контролата. Веднаш, не правеќи потези со кои би му дале до знаење дека е забележан, контролата се упати кон лицето со цел да се изврши контрола и да се открие причината зошто забележаното лице се крие. Откако Танче Гавриловски и Емил Матовски пристигнаа на локацијата, забележано е лицето Слободан Делиоски со велосипед. Од причина што тоа лице за рибочуварската служба е познато како лице кое веќе е осудено за риболов со недозволен риболовен алат, веднаш беше запрено возилото и контролата се упати да го исконтролира. Откако Слободан забележа дека контролата застанува во негова близина, се обиде да избега забрзуваќи со велосипедот. Тоа не беше дозволено од страна на Танче Гавриловски и Емил Матовски, односно му беше попречен патот и беше задржан. Откако Слободан увиде дека не може да избега кажа дека не смееме да го претресуваме. Веднаш му беше најавено дека ќе повикаме полиција доколку самиот не му покаже на рибочуварот што има во корпата монтирана на велосипедот, по што самиот ја извади мрежата од корпата и се обиде да избега земаќи ја мрежата-сертме и оставаќи го велосипедот. Во ваква ситуација рибочуварот Танче Гавриловски држеќи ја мрежата се обиде да му ја одземе, а Емил Матовски го задржа Слободан за да не му дозволи да избега. Бидеќи Слободан Делиоски не дозволуваше да му биде одземена мрежата и пружеше отпор, од страна на Емил Матовски му беше сугерирано дека ќе биде повикана полиција, а во исто време беше уклучена камера преку мобилниот телефон за да се обезбедат докази дека споменатото лице се спротивставува на рибочуварот при одземањето на риболовниот алат. Откако Слободан Делиоски забележа дека е сниман, веднаш ја остави мрежата при што рибочуварот Танче Гавриловски успеа да ја одземе. Веднаш после одземањето на мрежата, Слободан Делиоски премина на телефонирање кон непознати лица.
Имаќи во предвид дека контролата од страна на Танче Гавриловски и Емил Матовски се одвиваше на нефрквентна локација, а Слободан веќе телефонира кон непознато лице, а во исто време за да не ризикуваме понатамошни евентуални конфликти, во консултација со инспекторот Јован Бојчовски беше одлучено да го повикаме во канцеларијата на ЗРСК Пастрмка – Струга за да потпише записник за одземен риболовен алат. Од страна на Емил Матовски на Слободан Делиоски му беше кажано дека треба веднаш да дојде во канцеларијата за да се состави записник. Веднаш после овој настан се донесе одлука да се заврши акцијата и да се оди во канцеларијата на ЗРСК Пастрмка каде би бил составен записник.
Лицето Слободан Делиоски не дојде да го потпише записникот до 22.30 часот, по што присутните во акцијата решија да завршат со работа и да заминат.
Ова е видеото што го направив јас и што е доставено како доказен матерјал, а судот го прифати како таков. Обвинетиот беше со адвокат, па ни адвокатот не се противеше дека снимката може да биде доказен матерјал, туку напротив, и тој достави снимка од камерите во објектот што беше во близина сакаќи да докаже дека Слободан бил доволно далеку од реката и не претставувало проблем да носи сертме со него.
Ова е видеото што го има обвинетиот Слободан со кое не товари дека сме го тепале и со кое се брани дека бил далеку од реката:
Слободан до денес нема поднесено тужба против нас, барем до сега не сме добиле ништо такво. Со ова видео се обрати во МВР Струга заедно со медицинска белешка дека веднаш после случајот примил терапија за смирување, а МВР не повика мене и Танче на сослушување. Медицинската белешка претпоставувам дека не е доказ за тепање, ако имало тепање би требало да има документ за нанесените повреди, а не за инекција за смирување.
Сега МВР ќе поднесе прекршочни пријави против сите учесници во случката за нарушување на јавниот ред и мир, односно врз основа на член 80 од Законот за прекршоците (сл. весник на РМ бр.62/06), кое дело било казниво по член 4 од Законот за прекршоците против Јавниот ред и мир.
Во писмото се вели дека се доставени платни налози кои не се платени во дадениот рок, но јас и Танче не сме добиле платен налог до сега.
Еве уште едно видео од почетокот на 2011, неколку денови пред да ни заврши тогашната концесија.
Истиот човек се обидува да ни извади нож. За овој случај беше осуден со 500 евра, тогаш толку изнесуваа казните, а после ги зголемија со измена на Законот.
Е ај да видам сега совет од некој правник. Не мора овде, може да ме добие на 078/366-599 или на ПП. Како сме го нарушиле јавниот ред и мир?
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 4 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум