Атанасовски личните желби се едно, а можностите и реалноста сосема друго, еве само извадок од коментарот на Сашо
“Ajde da go razgledame samo finansiskiot del.
Zaradi gorenapisanto i zaradi mojata licna zelba da ovoj ,, biser ,, od reka si dobie svoj koncesioner koj maksimalno ke se grizi za nea ( no zaradi specifikite malku ke moze da napravi ) nekolku pati ja setavme rekata, razgovarav so mestanite i so ribolovcite koj gi zateknuvavme, se vozevme i so kajcinjata po Matka ( i taa nema koncesioner ), razgovaravme so deckite koj gi vozat tie kajcinja, bev i vo nivnata kukarka kade imase i mrezi, razgovaravme i so Zdruzenieto Vardar koe prethodno ja imase koncesijata za da doznaeme kolku godisni i dnevni karti se prodadeni lani i svativme deka Treska pod segasnite uslovi na koncesioniranje e nevozmozno da se kontrolira i na istata da se organizira finansiski isplatliv rekreativen ribolov.
Lani Zdruzenieto Vardar nema izdadeno samo nekolku godisni dozvoli za Treska ( ima izdadeno godisni dozvoli kade megu drugite reviri e i Treska ) no samo za Treska samo nekolku. Dnevni okolu 120-130.
Samo eden podatok za Treska e predvideno dvajca cuvari. Za reka od nepolni 5 km. ( ne sum siguren )
Za tie dvajca cuvari treba da se izdvojat 600 Eur mesecno ( po 200 za plati i 100 za zdravstveno, penzisko ..... ) pomnozeno so 12 meseci se 7.200 Eur. Dali e dovolno ?
Treba da im se obezbedat licenci, treba da im se obezbedat prevozni sredstva, benzin, telefoni, fotoaparati, cizmi, obleka ......
Treba da se platat ispituvanja na vodata, treba da se poribi, treba, treba ......
Matematikata odese do minimalni 12.000 Eur.“
---------------------------------
Неможам да ги најдам едни математики кои со Илија ги разменувавме по ПП, ама кусокот на средства за покривање на основните обврски на Треска под сегашни услови беа 7-8 илјади евра во најдобра варијанта. Од она што Сашо го пиша 130 дневни по 300 денари се 39.000 денари, еве да ги ставиме и 10 годишни, мада ни толку не се извадени минатата година, доаѓаме до приход од 1000 евра, еве нека се и 1500 евра, нека се и 2000.....(10% од тие средства ти зима државата) каде е остатокот до 12.000 евра. Има некој што ќе донира секоја година по 10.000 евра ??? Многу некако лефтерно се впуштате во моабет, понесени од убавината на Треска и нејзиниот потенцијал. И ние го знаеме нејзиниот потенцијал, НО и бројките кои моментално се сурови, и кои сме ги мереле 100 пати и уздуш и попреку.
Така што неможе да очекувате здружението да го втурнеме во самоубиство, да крахира на прва концесија, а тоа е неминовно ако сакаш да работиш законски и како што треба. Мислам дека имате разбрано до сега дека во РИБАР се здружија луѓе со принципи, одговорност и интегритет. Не е ова ......ај да не именувам некои здруженија, чии раководства мува не ги лази и конкурираат на води во пола Македонија, а не се спобони една вода да држат, па праат 300 криминали, или се откажуваат после од концесии. Кога се зима концесија се потпишуваат документи, се даваат изјави под кривична одговорност......Некои викаат “ама сте будали, па глеј што прават другите“.....епа ние не сме другите....тоа е одговорот....ние ако влеземе некаде сакаме тоа да биде успешна приказна, а не “скок во бездна“.....еден колега кога му ги разложив бројките за Треска, во една прилика на шала на смеа ми вика “Абе еден ѓорчееец вика да сме земеле да вадиме риба од Треска, да ја продаваме и така да сме го надокнаделе кусокот на пари за исполнување на обврските, ако сме ја земеле на концесија“...си се изнаснеавме двајцата.......еден друг колега вика “Абе ќе правите лицитации, како што правите и од парите на сите рибари од цела Македонија за порибувања, ќе ги ставите во Треска“......Браво ,....ама тоа кај нас не проаѓа, ако сме рекле правиме лицитации за порибување во цела Македонија, тогаш тие пари се за цела Македонија......моменталната ситуација е таа, законите се тие, риболовната основа е таа, финансиската дупка е таа, ....да не правиме моабет понатаму за востановување на ред таму, тоа е друга тема
|