Сега станав од спиење после целовечерно и два дена не спиење и не ми се верува што читам овдека (си дозволив и мала цензура, затоа што мислам дека не е во ред да се изнесуваат некои работи и да се злоупотребува она што некој искрено ти го доверил, ама тоа зборува за карактерите на луѓето)
Искрено сум разочаран и изнервиран истовремено,...очигледно премногу сум наивен и лесно им верувам на луѓето
Точно е синоќешната акција беше фарса, цела ноќ и сабајлето лутавме на онакви темпрератури какви што се, не бркаа кучиња и слично, организирав се што можеше да се организира (ние бевме само волонтери, а институциите да си ја свршат работата), ама очигледно некој ми направи добри филмови и ми потроши залудно време и на мене и на тие што искрено сакаа да фатат некого и нешто
на терен (во злоогласен регион) беше како во Словенија да си стигнал, ни трага ни глас од криволов
филип од Куманово, да беше онака како што ти го кажа, можеби и ќе имаше наместени мрежи па и да ги фатиме, ама очигледно не беше така, јас не сум таков тип, ниту пак излегувам на пресконференции да се фалам со тоа
Голема акција за ништо.....очигледно треба да ставам прст на чело и да претпоставуам “ко меџу нама није наш“.....ама тоа е тоа, човек на грешките се учи
Само не ми се верува она што го прочитав од Радован, (некогаш не чинело да си многу искрен), ама очигледно е во добра комуникација со оние што не насанкаа синоќа, само порака од мене - ЈАС МОЖЕ НЕ СУМ ИСКУСЕН ВО ОВА ШТО ПОЧНАВ ДА ГО ПРАВАМ, АМА ИСКУСТВОТО ДОАЃА СО ВРЕМЕ, НЕМА ВЕЧНО ДА ОДАМ СО ТИЕ ШТО ОДЕВ СИНОЌА И МОЖЕ ЌЕ МЕ ПРОВАЛАТ УШТЕ НЕКОЈ ПАТ, АМА КРУГОТ СЕ СТЕСНУВА И ЕДЕН ДЕН ЌЕ ГО ЈАДАТ ТИЕ ШТО СЕ ВРЗАНИ ВО КРИМИНАЛ -
Камо среќа да има што повеќе луѓе кои искрено го сакаат риболвоот да бидат на што повлијателни позиции во државата, без разлика дали биле од оваа, или онаа гарнитура, без разлика дали биле од оваа или онаа парттија, националност, вероиусповед, (рибите не познаваат ништо од тоа) само така ќе се помрднат некои работи во нашава држава. Јас сум само еден кој искрено ќе се бори се додека може, кога нема да може, нека се бори некој друг
За Радован, искрено верувам дека неговите коментари се плод на неговата очај што Свети Апостол Павле и Охридско езеро не влезе заедно со другите во првиот конкурс и добиените концесии, ама пријателе јас сочуствувам со вашата положба и понатаму ќе се борам да има убави сигнали за Вас, не заради тебе, туку заради твоето здружение, колегите од Охрид и сие нас кои сакаме да има ред на нашето најубаво езеро), ама јас не сум БОГ и неможам да влијаам над одлуки на Влада, иако ти можеби си разбрал така некако. Јас продолжувам да се борам и за Вас, без разлика на некои глупи коментари кои валјда ти се избрзани и останувам отворен за соработка и се надевам дека на крајот ќе излезе добро и за вашето здружение....
До тогаш.....поздрав до Крсте и Кременадла од форумот кои се одзваа на повикот и учествуваа во акцијата, како и до Аки и Филип кои неможеа заради тоа што во последен момент го променивме тајмингот на акцијата .......и еден голем минус на тие што гледаат сеир и кои се ситат на тоа што не се фатени рибокрадци (тоа е лошо за сите нас рибарите)
....и секако ветување дека акциите ќе продолжат
.... и секако повик за искрени и сигурни информации од терен
|