Полноќна ..МАВРОВСКА..тава приготвена од гурманот Даце -живели .
Изминатиот викенд бевме на риболов на Мавровско езеро , ја поставивме опремата за риболов и не ни остана ништо друго него да ги очекуваме ударите на некоја риба .
Најчесто тогаш сме во нашата кујна зошто имаме слободно време , денес нема да биде ..скара..туку тава од бифтек што ке ви ја приготви ДАЦЕ.
Потребни состојки за овој наш рецепт се ..
1 на ,Главица кромид.
2 пиперки- пикантно лути-
200 гр чадена сланина
2 ва патлиџана
400 гр ,бифтек
сол по потреба
вегета
кари
масло за јадење
200 дл,бело вино
и Љубов за припремање точно пред полноќ.
Припрема --во тава или во нашиов случај шерпа се пропржува ситно исецканиот кропмид ,потоа ги додаваме и сецканите пиперкии сето тоа добро го пржиме додека да добие румена боја.
потоа се додава сецканата чадена сланинакоја исто треба да се пропржи
кога ке се добие убава румена боја се додава и сецканиот БИФТЕК кој предходно го сечеме на мали коцкиго налеваме со една чаша вода и го оставаме добро да прокрчка ,потоа се става сечениот патлиџан и се додава виното.
Сето тоа добро се промешува ,кога ке испари виното се додаваат зачините и малку зејтин за да сето тоа добро се испржи.
И сето тоа се сервира топло
со додаток на ..СИРЕНЦЕ..КАШКАВАЛ..лута пиперка и ЛАДЕН БУНАР.
Добар апетит.
Пробајте многу е ..ВКУСНО..а сето тоа е затоа што е припремено со љубов и во природа точно на ПОЛНОЌ.
БИСТРА ТАВА