www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Полнета --ПАСТРМКА --на мој начин ..Оки-рибар.
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=56&t=3779
Страна 13

АвторCOLON  okiribar [Чет Jун 27, 2013 6:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Полнета --ПАСТРМКА --на мој начин ..Оки-рибар.

Од денес сум и официјално на годишен ..ОДМОР. па решив малку да се позанимавам со кулинарството.

Овој пат ке припремиме --Пастрмка на мој начин—
која верувам дека ке ви се допадне.
За приготвување на овој рецепт ни се потребни следните состојки.

По можност рибата да биде свежа или воопшто не замрзнувана,јас во овој случај се одлучив да има за секого од семејството по едно парче , кои изнесуваа некаде приближно околу 250 гр, или сите заедно 1000 гр свежа –добро исчистена Пастрмка.
Во овој случај сум сигурен дека е свежа, зошто сам и лично јас си ги фатив и бирав Рибите од рибникот во с.БЕЛИЦА минатиот викенд,затоа и ке ги приготвам со МЕРАК и СЛАСТ.

[ img ]

Другите намирници што ни се потребни за приготвување на овој рецепт се

--1. главица –Кромид.
--1. чешењ—Лук.
--2.супени лажици Сол.
--2.супени лажици Вегета.
--2.рендани Моркови.
--Бибер во зрно.
--1.китка Магданос.
--150 гр,печурки.
--2. Лимуна.
--5.супени лажици Маслиново Масло.
--100,мл бело Вино.

И како прилог на јадењето решив да биде и свежиот Компир

--3.Компири.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Во Тава и во загреано масло прво го запржуваме кромидот се додека не добие румена боја ,потоа го додаваме и лукот и кога сето тоа ке биде пропржено ги додаваме и ренданиот морков ,печурките,дел од ситно сецканиот магданос и сето тоа убаво го запржуваме.

Одприлика би требало да изгледа вака.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Кога сите овие намирници се добро запржени, и се со добра румена боја ,и ви изгледа доста сочно ,слободно тргнетего тавчето од огин.

[ img ]

Наредното нешто е да се посоли,побибери,и се додаде вегета на исчистените парчиња Риба ,од внатрешната и надворешната страна.
Со лажица го ставаме веке приготвениот прилог за полнење во внатрешноста на рибата која претходно ја премачкуваме со Маслиново Масло.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Така наполнетата Риба ја редиме во Пехче за печење во кое на дното имаме поставено хартија за печење за да не ни се залепи рибата за плехот,и додаваме 100,мл Бело вино и еден исцеден Лимон.

[ img ]

Ја покриваме со фолија за да може рибата да си крчка во маслото ,виното и лимонот.

[ img ]

Сето тоа се става во загреана рерна на 220,степени и се пече 20, мин.

Компирот го сечеме на резниња го посолуваме, му ставаме и вегета и на крај му додаваме малку од маслото за јадење,како такви ги ставаме во самиот плех со рибата и се пече во наредните 15 минути ,додека компирот се испече и добие убава боја.

[ img ]

Во претходно декорираниот Овал ја поставуваме печената риба и сигурно сето ова доаѓа на масата.

[ img ]

[ img ]

Кога на ваков начин ке ја пречекаш...СОПРУГАТА... од напорниот работен ден не треба да прашуваш за наредното идење по риба, сигурно наредниот викенд ке бидеш награден со тоа што ке ти дозволи со најдобрит другарипак да си го направиш меракот на некоја од нашите води и пак излезеш на РИБАРЕЊЕ.

[ img ]

[ img ]

А на вас и на сите останати ви пожелувам ...ДОБАР АПЕТИТ...

АвторCOLON  kirkov [Чет Jун 27, 2013 7:11 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Полнета --ПАСТРМКА --на мој начин ..Оки-рибар.

oki ne sumljam vo specijalitetov sigurno e dobar

АвторCOLON  laguna644 [Чет Jун 27, 2013 7:14 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Полнета --ПАСТРМКА --на мој начин ..Оки-рибар.

So vakov precek i maz ke KANDISAS :D ...........a ne pak nevestata da te pusti na ribi :D
Oki KARAPANDZA :lepi:

АвторCOLON  akiribar [Чет Jун 27, 2013 7:18 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Полнета --ПАСТРМКА --на мој начин ..Оки-рибар.

mi se prijade pastrmka ahahahh
bravo bate oki odlichno sraboteno :lepi:

АвторCOLON  kompir99 [Чет Jун 27, 2013 7:38 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Полнета --ПАСТРМКА --на мој начин ..Оки-рибар.

Kuti sto ne bese lovdjija,zamisli kolku zajre ke ti trebase da napolnis nekoe vepre od 120 kila.. :lol:Ekranov mi pobele od lizenje,zenami vika sto tuku go lizis ke go rasipes ima drugo za lizenje..abe top izgleda ali dur ne probam nedavam ocenka... :volku_golema:

АвторCOLON  SantaFe [Чет Jун 27, 2013 7:45 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Полнета --ПАСТРМКА --на мој начин ..Оки-рибар.

Секоја чест бато, нема невеста што не би те бендисала 100%. ;) :ok_ok: :~~

АвторCOLON  robert [Чет Jун 27, 2013 8:06 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Полнета --ПАСТРМКА --на мој начин ..Оки-рибар.

Mi izgleda mnogu fkusno OKI :bravo:

АвторCOLON  pirati [Чет Jун 27, 2013 8:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Полнета --ПАСТРМКА --на мој начин ..Оки-рибар.

ligi mi tecat :lepi:

АвторCOLON  CTS-klen [Чет Jун 27, 2013 8:32 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Полнета --ПАСТРМКА --на мој начин ..Оки-рибар.

mmmmmmmmmmmm abe oki meraklijo :ok_ok:
more da go probam receptov vo nadez deka i mene zenami pocesto so raat ke me pusta po riba ;)

АвторCOLON  ТафТабиТ [Чет Jун 27, 2013 9:03 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Полнета --ПАСТРМКА --на мој начин ..Оки-рибар.

Bravo Oki ... spremeno so mnogu strast :NotWorthy:
Sekija cest ... majstor i za ribolov i za sofra :D

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/