Рецепт што мора секој да го –ПРОБА--!!
Вака изгледа.. Риба.. припремена од вештите раце на еден Професионален ГОТВАЧ.
Во еден од нашите реномирани Скопски ресторани каде работи и моијот син пред некој ден беше припремен и овој—КРАП—со тежина од 13 кг , Рибата била купена (нарачана)за специјални, гости и припремена на специјален начин .
КРАП НА СКАРА.
Како што може да се види на сликата крапот се припрема на следниот начин.
Во првата постапка се гледа како на—РИБАТА—внимателно и е отстранета целата кожа,вклучувајки ги и крлушките, за потоа да биде исчистена од внатрешноста.
Откако е исчистена од внатрешноста ,добро е измиена и поставена така да биде исечена на (КРЕМЕНАДЛИ) внимателно, за да може потоа секој дел од рибата да биде вратен на свое место .
Рибата е (ШПИКУВАНА) односно во направените резови е ставано ,по желба и во зависност од големината на рибата следните состојки-
Морков
Сланина
Печурки
Лук
Сечените кременадли се посолувани ,со готварска сол,со вегета,побиберени,премачкувани со Дресинг што мајсторот не го открива.
И како такви се ставаат на загреана- СКАРА –
Рибата ја печеме 4 до 6 мин.од една страна, внимателно ја вртиме и од другата, и сето тоа го повторуваме со сите парчиња и внимателно се редат на своите места,на однапред припремен и декориран овал (ДАСКА).
На така приготвената риба ,и следува и посебен Прилог од зготвени- ЈУФКИ -со лук,и блага пченка.
Значи Јуфките се( Варат) во посолена вода, каде се додава и малку зејтин
откако ке бидат варени, се попржуваат со однапред исецканиот ,лук и благата пченка.
Декорирано со лист од зелена салата ,лимун , копар и направени (РУЖИ) од кората на лупен Патлиџан.
Сето тоа вака декорирано изгледа—ФАНТАСТИЧНО—со рибата е послужено --БЕЛО ВИНО-- и што друго да се каже него ДОБАР АПЕТИТ..
Мислам дека овој рецепт мора да се проба.
Поздрав Оки-рибар .......и добар АПЕТИТ!!