www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Печен Зајак облечен во сланина
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=56&t=2434
Страна 13

АвторCOLON  kircask [Пет Aвг 10, 2012 12:29 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Печен Зајак облечен во сланина

-Ајде да почнам со објаснување на мојот специјалитет кој го приготвив во Охрид во Елешец, просто прсти да излижеш.
Потребни намирници:
-Зајак, печурки 300грама шампињони, 2 главици кромид, 2 шаргарепи, (пола литро бело вино или пиво по желба) мојот е со бело вино, 300гр тенко сечена сланина, сенф , вегета, компир, магданос, ловоров лист, бибер готварски конец.
Опис на припрема:
-Зајакот убаво ке го измиете ке го посолите по желба , ке го легнете во тавче ке го премачкате со сенф и попрскате со бело вино, јас користев смедеревка. Нека отстои 2 часа сето тоа убаво да упие во месото. Печурките, кромидот и морковите исецкајте ги измешајте ги и потоа наполнете го стомакот на зајакот со овие намирници , може да се стави и магдонос за укус.
[ img ]
By kircas at 2012-08-09
[ img ]
By kircas at 2012-08-09
[ img ]
By kircas at 2012-08-09
Стомакот може да го затворите со игла и готварски конец а може и со чепкалици да го прошиете, врз зајакот почнувате да ја редите сланината од двете страни на телото и потоа со готварскиот конец го преврзувате зајакот.
Во тавата може да има компир гарнир со печурки. Го ставате да се пече на 200ц и во тавата ставате зејтин да не се залепат компирите . На секои 20 мин зајакот го попрскувате со белото вино и тој на тивок оган се крчка едно добри 3 часа. Кој не пробал нека проба повкусно нешто немате јадено :lol: :lol: :lol: .
[ img ]
By kircas at 2012-08-09
[ img ]
By kircas at 2012-08-09
[ img ]
By kircas at 2012-08-09
Да не дојде до забуна овде се 2 зајци припремени на мој начин Бистооо колеги....

АвторCOLON  Филип [Пет Aвг 10, 2012 7:52 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Печен Зајак облечен во сланина

Ау, многу вкусно изгледа, поубаво од оној на Даре :D

АвторCOLON  kire [Пет Aвг 10, 2012 8:06 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Печен Зајак облечен во сланина

Јако имењак,многу убаво изгледа,сигурно е и многу вкусно,а богами и многу течност пие :D

АвторCOLON  kompir99 [Пет Aвг 10, 2012 8:45 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Печен Зајак облечен во сланина

Ve pozdravi mojot petel... :D

[ img ]

АвторCOLON  Баџо [Пет Aвг 10, 2012 9:41 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Печен Зајак облечен во сланина

Глави од зајаци летаат на сите страни :lol:
Наздравје да ви биде!

АвторCOLON  saso [Пет Aвг 10, 2012 9:44 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Печен Зајак облечен во сланина

mene na macka mi lici.

АвторCOLON  kircask [Пет Aвг 10, 2012 9:49 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Печен Зајак облечен во сланина

Precedatele da imame stuja vo Podles pred tebe ke gi kolam zajcite i ke gi pecam za da te uveram deka e petel :lol: :lol: :lol:

АвторCOLON  martinMK [Пет Aвг 10, 2012 9:55 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Печен Зајак облечен во сланина

мхх мхх мхх.. одлично :)

АвторCOLON  ТафТабиТ [Пет Aвг 10, 2012 10:00 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Печен Зајак облечен во сланина

не е убаво вака од сабајле , недоручкувани , да постирате вакви специјалитети :lol: :lol: :lol:
за малце ке го гризнев мониторот :lol: :lol: :lol:

АвторCOLON  Филип [Пет Aвг 10, 2012 10:10 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Печен Зајак облечен во сланина

Кој ти е крив што не си ловџија наместо мрежар :D

Јас скоро уловив еден ваков, ми удри на тролинг на браник плиткоронец :D Чекам на Столе да каже кога ќе го јадеме ;)

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/