Скоро имав прилика да спремам крап за ручек, па си го отворив форумов, ги прочитав рецептите од колегите рибари, направив најпроста комбинација од “крап на преспански начин“ со некои додатоци од другите рецепти (благодарност до Кирца) и на крај резултатот беше многу вкусен крап
Потребни продукти, покрај крапот
Сол и бибер
Малку вегета
Маслиново масло
1/2 литар бело вино
Сецкан морков
Сланина
Сецкан кромид
Сенф
Свежо набран магдонос
Крапот го ставаме во тава за печење, премачкана со маслиново масло, а самиот крап претходно го премачкуваме со мас. масло и сенф и го оставаме да отстои неколку часа.
Во меѓувреме, на тивок оган во маслиново масло ги пропржуваме кромидот, морковот и на крај ја додаваме ситно сецканата сланина, со додавање на сол, црн пипер и вегета.
Откако крапот ќе отстои, го полниме во внатрешноста со миксот од кромид, морков и сланина, преостанатиот дел од ставаме наоколу, и го шпикуваме крапот во засеците на телото со парчиња сланина. Околу насипуваме 150-200 мл бело вино.
Го дополнуваме со гранчиња свеж магдонос, а остатокот го редиме наоколу.
Го печеме во претходно загреана рерна на 200 степени, малку подолго од вообичаеното, односно околу 2,5 часа (крапот беше околу 5 кг)
Во текот на печењето неколку пати го прелеваме со сосот и додаваме по малку вино. Со крапот ви препорачувам бело или розе вино
Касно се сетив да го сликам, веќе ставив неколку парчиња во чинија
Добар апетит