www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
ПОЛНЕТ КЛЕН ,,А ЛА ОКИ,, http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=56&t=2147 |
Страна 1 oд 3 |
АвторCOLON | okiribar [Вто Jун 05, 2012 7:29 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | ПОЛНЕТ КЛЕН ,,А ЛА ОКИ,, |
ПОЛНЕТ КЛЕН ,,А ЛА ОКИ,, Мислам дека секоја добро подготвена риба е вкусна но еве еден рецепт и за клен. Секако рибата е добро исчистена, ја засекуваме на неколку места по должина на телото за да може поубаво да ја прими солта и зачините. Рибата добро ја посолуваме од надвор и истото го правиме и од внатрешната страна, додаваме вегета, и малку бибер. Претходно во помал сад ситно рендаме морков, сецкаме и лук неколку чешниња (по вкус) ситно сецкан магданос, додаваме печурки, сланина и шекерец од лименка. Подготвената смеса ја запржуваме неколку минути додека да зарумени . Потоа го земаме кленот и со лажица го полниме, за да остане смесата на место го затвораме стомачниот дел со чачкалици и го поставуваме во тепсија на стомак каде ке помогнат и чачкалиците да остане во таа положба. Во тепсијата ставаме масло за јадење долеваме бело вино и покрај самата риба ставаме лимон сецкан на парчиња. Рибата ја печеме околу еден час на температура од 220 степени, повремено ја преливаме со самиот сос. Се разбира ја служиме на парче, а со нејзе се разбира бунарче ЛАДНОООО!!!!!! ДОБАР АПЕТИТ. |
АвторCOLON | Филип [Вто Jун 05, 2012 7:43 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ПОЛНЕТ КЛЕН ,,А ЛА ОКИ,, |
Вака поубаво изгледа, со слика Јас би го пробал, ама без лук и магдонос |
АвторCOLON | okiribar [Вто Jун 05, 2012 7:49 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ПОЛНЕТ КЛЕН ,,А ЛА ОКИ,, |
Смо кажи ФИЛИП и желбата ти е исполнета ,ке го спремиме како за тебе. |
АвторCOLON | ТафТабиТ [Вто Jун 05, 2012 8:00 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ПОЛНЕТ КЛЕН ,,А ЛА ОКИ,, |
Убаво спремено и одлично декорирано Ова пие доста бунар Честитки од мене Оки |
АвторCOLON | okiribar [Вто Jун 05, 2012 8:21 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ПОЛНЕТ КЛЕН ,,А ЛА ОКИ,, |
За овој коментар имаш едно добро парче од 1 кг, па да видиме колку Бунар ке испиеш додека мезиш !!! ПС.ТафТабиТ... ПАЗИ ДА НЕ ТИ СЕ ВРТАТ ОЧИЊАТА ОД БУНАРЧЕТО |
АвторCOLON | Stole [Вто Jун 05, 2012 8:28 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ПОЛНЕТ КЛЕН ,,А ЛА ОКИ,, |
Одлично Оки, особено кејф ми прави убавата слика. |
АвторCOLON | ТафТабиТ [Вто Jун 05, 2012 8:30 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ПОЛНЕТ КЛЕН ,,А ЛА ОКИ,, | |
За овој коментар имаш едно добро парче од 1 кг, па да видиме колку Бунар ке испиеш додека мезиш !!!
ПС. ПАЗИ ДА НЕ ТИ СЕ ВРТАТ ОЧИЊАТА многу бунар треба за да ми се свртат очите али не е проблем ке пробаме па ке се увериш шала на страна , рецептов ке мора да го пробам |
АвторCOLON | okiribar [Вто Jун 05, 2012 8:37 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ПОЛНЕТ КЛЕН ,,А ЛА ОКИ,, |
Ако вака продолжите со коментарите се плашам ке ми снема и Клен а и бунарот може да пресуши. СЕ ШАЛАМ ВО ФРИЖИДЕРОТ ИМА ДОВОЛНО ЗА СИТЕ А ВО СЕКОЈА ШАЛА ИМА ПОЛА И ВИСТИНА |
АвторCOLON | ilija [Вто Jун 05, 2012 8:46 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ПОЛНЕТ КЛЕН ,,А ЛА ОКИ,, |
Bravo Oki. Klen u princip nesakam zatoa sto ima mnogu koski za vadenje,pa jadenjeto se pretvara vo vezenje .Ama vaka spremen mi izgleda baajgi vkusen. Inace pred da pises kako se sprema ,ubavo bi bilo da kazas kako da fatis klen |
АвторCOLON | okiribar [Вто Jун 05, 2012 8:51 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ПОЛНЕТ КЛЕН ,,А ЛА ОКИ,, |
ИЛИЈА .ПОГЛЕДАЈ ЈА РЕПОРТАЖАТА ,ДЕНЕШНА ДЕСТИНАЦИЈА МАВРОВСКО ЕЗЕРО, И СЕ ЌЕ ТИ Е ЈАСНО ИЛИ ОДИ ВО ТЕМАТА ,,КЛЕН 2012. |
Страна 1 oд 3 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |