-Ајде да почнам со објаснување на мојот специјалитет кој го приготвив во Охрид во Елешец, просто прсти да излижеш.
Потребни намирници:
-Зајак, печурки 300грама шампињони, 2 главици кромид, 2 шаргарепи, (пола литро бело вино или пиво по желба) мојот е со бело вино, 300гр тенко сечена сланина, сенф , вегета, компир, магданос, ловоров лист, бибер готварски конец.
Опис на припрема:
-Зајакот убаво ке го измиете ке го посолите по желба , ке го легнете во тавче ке го премачкате со сенф и попрскате со бело вино, јас користев смедеревка. Нека отстои 2 часа сето тоа убаво да упие во месото. Печурките, кромидот и морковите исецкајте ги измешајте ги и потоа наполнете го стомакот на зајакот со овие намирници , може да се стави и магдонос за укус.
By
kircas at 2012-08-09
By
kircas at 2012-08-09
By
kircas at 2012-08-09
Стомакот може да го затворите со игла и готварски конец а може и со чепкалици да го прошиете, врз зајакот почнувате да ја редите сланината од двете страни на телото и потоа со готварскиот конец го преврзувате зајакот.
Во тавата може да има компир гарнир со печурки. Го ставате да се пече на 200ц и во тавата ставате зејтин да не се залепат компирите . На секои 20 мин зајакот го попрскувате со белото вино и тој на тивок оган се крчка едно добри 3 часа. Кој не пробал нека проба повкусно нешто немате јадено
.
By
kircas at 2012-08-09
By
kircas at 2012-08-09
By
kircas at 2012-08-09
Да не дојде до забуна овде се 2 зајци припремени на мој начин Бистооо колеги....